Култура

Фестивал во Швајцарија ќе го носи името на Реџепова: Странците уште еднаш докажаа дека многу повеќе ја почитуваат Есма!

Симеон Атанасов, едно од децата кои ги одгледа легендарната Есма Реџепова, и кој до крајот на нејзиниот живот и беше менаџер, заедно со ,,Есмас бенд” настапи на фестивал во Цирих, Швајцарија. Вели дека по кој знае кој пат, повторно се докажало дека кралицата на Ромската песна, Есма, е многу повеќе ценета и почитувана надвор од нашата земја. Во нејзина чест, фестивалот на Ромски песни на кој што настапиле, во иднина ќе го носел нејзиното име.
-На 13 – от Џипси Фестивал кој се одржа во Цирих, настапи и ,,Есмас бенд”. Традицијата продолжува. На манифестацијата каде Есма беше честа гостинка, сега продолжуваме со учество ние, нејзините музички наследници. Нашиот пријател Кристијан Фоцх не покани да настапиме со неколку песни и така да ги потсетиме сите обожаватели на музиката на нашата Мајка Есма. Публиката беше воодушевена, не пречекаа и испратија со овации. Очигледно е дека песните на Есма оставија траг кој не може да се избрише, таа живее во срцата на нејзините почитувачи низ целиот свет – раскажува Симеон за ,,Фокус”.
Тој додава дека со бендот се подготвуваат за турнеја низ Европа. Вокалистка во „Есмас бенд” е младата Елеонора Мустафова, единственото девојче кое го одгледа Есма.
-Оваа соработка не завршува тука, во план е да се организира цела турнеја на овој фестивал низ цела Европа. Настапуваат музички групи од Шпанија, Индија, Бугарија, Швајцарија, а она што е многу важно е тоа што фестивалот ќе се преименува во ,,Есма фест”. Ова е уште еден доказ дека странците ја почитуваат многу повеќе нашата мајка – изјави Атанасов.
Есма Реџепова почина во декември 2016 година, по кратко боледување. За време на својот живот одгледала 47 деца и им го пренела музичкиот занает. Беше голема хуманитарка и дури два пати номинирана за Нобелова награда за мир. Еднаш во 1987 година, како кандидат на Црвениот крст на Југославија, а подоцна како адут на Светската организација на Ромите, со поддршка на 76 невладини организации и лајонс-клубовите во земјава.

Link: https://fokus.mk/festival-vo-shvajtsarija-ke-go-nosi-imeto-na-redhepova-strantsite-ushte-ednash-dokazhaa-deka-mnogu-poveke-ja-pochituvaat-esma/?fbclid=IwAR2mUx5g6Uh1C9nj0gBcN77Ri3W_3CXAP3_5jdB_BikciXNorspZ0lLvYV4

Гранд при на Златно Тркало 2019 за „Страница на мојата книга„ во режија на Гајља Стојанева од Р.Бугарија

Во свечена атмосфера и пред присутните гости во Кинотека на Македонија во Скопје, се одржа церемонијалот на доделување на наградите за најуспешните на овогодишниот 17-ти по ред Интернационален Ромски Филмски Фестивал „Златно Тркало 2019„.
Целиот фестивал беше во организација на СП БТР Продукција.

Фестивалското жири оваа година се одлучи во конкуренција од селектираните 18 филмови кои беа во дводневната програма на прикажување како севкупен победник и наградата Гранд при ја додели на филмот „ Страница на мојата книга„ во режија на Гајља Стојанева од Бугарија.

Исто така фестивалското жири додели и други награди и плакети. Овогодишни добитници се: Придонес во ромската стратегија - „ Моето образование денес - за подобро утре„ за Roma Resource Center - RRC - Скопје, Најдобра музика за „Ние сме промената„ за НРЦ - Куманово, за најдобро сценарио „Деца и сиромаштијата„ за „ Продукција - 3 PIX Media - Скопје, за најдобра режија за филмот „Надвор од кругот - невидливи во општеството„ за Иницијатива за социјална промена – InSoK, Скопје, како најдобар документарен филм е прогласен „ Са е Рома„ во режија на Даниел Петровски и како специјална награда од стручното жири за документарецот „Весел е ромскиот живот по сценарио и режија на Људмила Живкова од Бугарија.

Во рамките на фестивалот беа доделени и повеќе плакети и благодарници за повеќе правни фактори кои придонесоа за успешна реализација на овој фестивал, како и три дипломи награди за децата кои изработија едноминутни видеа.

При самиот крај организаторот на фестивалот Зоран Димов пред присутните гости ги потсети во врска со последниот минатогодишен продукт „Локални херои„ учествуваше на над 20 филмски фестивали надвор од државата и беше награден со повеќе награди, и воедно го најави следниот проект кој треба да се реализира а тоа е документарецот за историјата на Ромите „Небо - Точак- Земја„

Да се напомене дека и овогодинешното издание на Златно тркало финасиски беше подржан од Филмскиот Фонд на Р.Северна Македониа.

Денеска свечено затварање и доделување на наградите за најуспешните од „Златно Тркало 2019„

Во рамките на реализација на овогодишниот 17-ти по ред Интернационален ромски филмски фестивал „Златно Тркало„ во Кинотека на Македонија денеска 4 Април со почеток од 19 часот ќе биде спуштена фестивалската завеса и ќе бидат прогласени најуспешните во ова најново издание на фестивалот.

Ќе се доделат наградите за најмладите кои го реализираа делот насловен - Едноминутно видео, како и наградите за најуспешните во неколку категории како што се режија, сценарио, музика, најдобар документарен филм, Ромска стратегија, специјална награда од жирито и главната награда Гранд при.

Воедно ќе се доделат и плакети и благодарници на сите оние кои придонесуваат за поуспешна реализација на овој фестивал.

Главен организатор како и претходните години е СП БТР Продукција, додека финасиски фестивалот е подржан од Филмскиот Фонд на Република Северна Македонија.

 

Ромскиот Салвадор Дали - Дурмиш Ќазим со уште една изложба во Белгија!

Најактивниот ромски уметник Дурмиш Ќазим кој живее и работи во Белгија уште еднаш ќе ја презентира сета своја уметничка креативност и талент.

Тој од 5 до 7 Април оваа година во Брисел - Rue Brogniez 96-100 Anderlecht ќе изложи свои најнови дваесетина уметнички дела во разни техники како што се сув пастел на хартија, масло на платно, скулптури и најновото дело масло на дрво.

Тој на оваа изложба овозможено му е да учествува од страна на група уметници во нивната галерија која носи име '' Le Laboratoire '', каде учествуваат и други тројца познати белгиски уметници, а му е овозможена од г-дин Марсело кој претгходно бил воодушевен од опусот на Дурмиш Ќазим како ромски сликар.

Инаку оваа изложба е насловена како „Изгубени во боја„ - „Lost in Colours". Според најавите веќе во јуни на ромскиот Салвадор Дали веќе го очекува следан изложба

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 158 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот