Политика

Политички мудрости - За да се стане господар , политичарот мора на почеток да ви се преставува како слуга!

Во тој контекст еве неколку познати цитати од познати личности а поврзани со политиката. Па во иднина одлучете се за кого и како го давате својот глас!

Секое политичко пријателство си има своја цел. Кога ќе ја постигне , тоа се распаѓа!

За да се стане господар , политичарот мора на почеток да ви се преставува како слуга!

Политичарите насекаде се исти: Ветуваат дека ќе изградат мост - и таму каде нема ниту река.

Ако сте на некоја висока позициа, и ве фали - или ве излажал, или планира да ве излаже

Уметноста на војувањето е уметност на уништување на луѓе, а политиката уметност на лажење

Демократиа е кога мнозинство на неспособни ќе избере неколку лица лесно поткупливи

Нели е политиката само вештина на лажење во вистински момент?

Идниот политичар никогаш не верува во тоа што го зборува, и секогаш ќе се изненади кога другите му веруваат во кажаното.

Салија Љатиф Петрушевска разрешена од функцијата ВД Директор на ЈЗУ Геронтолошки завод “13 Ноември“

Премиерот Зоран Заев на седница на Владата ќе предложи разрешување на голем број директори и членови на управни и надзорни одбори на јавни претпријатија.

Меѓу разрешените раководители беше соопштено и името на актуелниот ВД Директор на ЈЗУ Геронтолошки завод “13 Ноември“ и Салија Љатиф Петрушевска една од ретките раководители кои доаѓаат од Ромската заедница. Таа на оваја функција беше од 2017 година

Причините за нивно разрешување, како што рече Заев, се различни, нереализација на капитални инвестиции, недоволна транспарентност, непочитување на препораки, слаб менаџмент.

На некои ќе им бидат понудени нови функции. Дали во тој распоред ќе биде опфатена и Салија Љатиф Петрушевска ќе се дознае во периодот кој доаѓа.

Урсула фон дер Лајен е новата шефица на Европската комисија

Европските пратеници гласаа за Германката Урсула фон дер Лајен за нова шефица на Европската комисија.

За неа гласаа 383 од 733 присутни членови на Европскиот парламент.
Европскиот парламент вкупно има 751 пратеник.

Фон дер Лајен во својата политичка програма ја потврди европската перспектива на Западен Балкан.

Идната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во своите политички цели, документ доставен до европските пратеници пред гласањето, наведе дека сака да ја потврди европската перспектива за Западен Балкан и ја истакна важноста од продолжувањето на реформскиот процес за целиот регион.

Салвини го објави пописот на Синтите и Ромите

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салдини, сака да ги изброи Синтите и Ромите што живеат во Италија. Вицепремиерот и шефот на Лега најавија писмо до префектите за да добијат слика за бројот на нелегални населби кои треба да се затворат. Целта е "враќање на законитоста", изјави во петокот Салвини.

Околу 180.000 Роми и Синти живеат во Италија, од кои 26.000 се наоѓаат во сиромашните квартови. Кратко по преземањето на функцијата минатата година, десноориентираниот популистички италијански министер за внатрешни работи беше критизиран поради овој попис на ромското малцинство.

Исто така лидерот на ксенофобичната Лега, исто така, зборуваше за протерување на странци без валиден статус на престој.

Салвини објави дека ќе ги затвори сите нелегални ромски населби до крајот на петгодишниот законодавен период.

Во јули 2018 година, во Рим беше евакуиран камп со неколку стотици припадници на ромското малцинство. 8000 Роми живеат во главниот град Рим.

Со години, градот е посветен на намалување овој вид на домување и да им понуди на ромските семејства други можности за домување

Link: https://www.wienerzeitung.at/nachrichten/panorama/welt/2018201-Salvini-kuendigt-Zaehlung-der-Sinti-und-Roma-an.html

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 161 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот