Политика

Предвремените избори го одложуваат пописот

Одлуката на 12 април 2020 година да се одржат предвремени парламентарни избори, најверојатно ќе го одложи повторно одржувањето на пописот во земјата.

Како што е познато, оваа значајна статистичка операција требаше да се одржи во април следната година.

Според најавите од лидерската средба што се одржа вчера кај претседателот Стево Пендаровски, најреално е пописот да биде одложен за 2021 година.

Исто така изборите ќе го одложат и процесот на договарање на нов изборен модел, за што веројатно ќе се разговара после предвремените избори во април.

Заев: Одиме на брзи предвремени избори

Организирање вонредни парламентарни избори е одлуката на премиерот Зоран Заев по неуспехот да се добие почеток на пристапни преговори со ЕУ. Премиерот тврди дека ќе продолжи по европскиот пат.

Предвремени избори чиј датум на одржување ќе зависи од договор меѓу водечките партии нуди премиерот Зоран Заев по исходот на самитот на ЕУ во Брисел.

„Немаме време за губење. Мојот предлог е организирање брзи предвремени избори, најбзро што може. Избори на кои вие граѓаните ќе донесете одлука и потврда за патот по кој треба да продолжи земјата.

Тоа ќе биде мојот предлог на утрешната лидерска средба“, изјави денеска Заев на прес-конференција во владата. Тој призна дека размислувал и за оставка на функцијата. 

„Сите опции беа во мојата глава, го почуствував гневот и фрустрацијата, но реков дека немам право да престанам да се борам“. 

Хан: Одговорноста за овој неуспех не е на Северна Македонија, туку на ЕУ

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, вели дека одговорноста за одлуката да не им се додели датум за преговори на Северна Македонија и на Албанија не е на овие две држави, туку на Европската Унија.

„И само да биде јасно: одговорноста за овој неуспех не е на Северна Македонија и Албанија кои се надеваа со право на позитивна одлука.

Тие испорачаа! Одговорноста е на ЕУ која не успеа да испорача заради внатрешни проблеми.

Ова му наштетува на кредибилитетот на Унијата не само во регионот на Западен Балкан, туку и пошироко“, напиша Хан на „Твитер“.

Јавен повик од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија за Ромски надворешен соработник

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија спроведувајќи ги доследно заложбите за давање на еднакви можности на сите граѓани за нивно вклучување во процесите на креирање на политики значајни за развојот на нашата држава, го објавува овој повик за изразување интерес за ангажирање лице ‒ надворешен соработник за прашања од областа на мултикултурализам, политики, стратегии и програми за инклузија на Ромите во Република Северна Македонија.

За пријавување на јавниот повик потребно е да се достави писмо за интерес во кое ќе ги објасните вашиот мотив како и CV.
Лицата треба да ги исполнуваат следните критериуми:
– да се државјани на Република Северна Македонија;
– да се полнолетни;
– со правосилна судска пресуда да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;
– да имаат завршено најмалку високо образование VII/1 степен или студии со стекнати 240 ЕКТС од областа на општествените науки;
– да имаат искуство во работата на законодавната, извршната или судската власт;
– да има најмалку 5 години работно искуство во работа и соработка со невладини организации од земјата и странство, од областа на мултикултурализам, политики, стратегии и програми за инклузија на Ромите во Република Северна Македонија и евроатлантски интеграции.
– да имаат познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски). Познавањето и на други јазици ќе се смета за предност;
– да ги исполнуваат условите за добивање на безбедносен сертификат.
Писмата за изразување интерес со документацијата треба да се достават во писмена форма до архивата на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, на ул.„Ацо Караманов“ бр.33А, Скопје, со назнака „Јавен повик за изразување интерес за ангажирање на надворешен соработник“, во рок од 5 (пет) работни дена од денот на објавата на овој повик до 18.10.2019.

Link: http://pretsedatel.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%be%d0%b4-%d0%ba%d0%b0%d0%b1%d0%b8%d0%bd%d0%b5%d1%82%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%82%d1%81%d0%b5%d0%b4%d0%b0%d1%82/?fbclid=IwAR3om2nkd29FwsZWbXQBzgWj5TYzi1HwCWE3a0wrihOB1rox_X29642Mph4

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 130 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот