Политика

На парламентарните избори на Косово. едно место и за Ромите. Пратеник стана Обединетата партија на Ромите на Косово - Алебрт Киноли

На последните Парламентарни избори на Косово во Парламентот на Косово од 120 места едно пратеничко место добија и Ромите.

На тоа место ќе седна Алберт Киноли од Призрен од ОПРК.

За малцинствата беа обезбедени 20 места, од кои 10 мандати ги земаа Србите а останатите десет ги поделиа останатите заедмици.

Покрај едно место за Ромите, има и два мандата за Ашкалиите и два за Еѓипќаните од Косово.

Вклучувањето на Ромите во ЕУ, „приоритет“ за новата Европска комисија

Меѓу новите комесари, Хелена Дали од Малта е обвинета за предизвикувачко портфолио наречено Еднаквост. На расправата минатата недела во Европскиот парламент таа беше распрашана за визијата за еднаквост и улогата на Комесар.

Дали (57) има доктор по политички социологија и носи огромно искуство од матичната земја, каде е член на парламентот на Малта од 1996 година.

Таа беше парламентарна секретарка за правата на жените во Кабинетот на Премиерот.

Таа служеше како министер за социјален дијалог, потрошувачи и граѓански слободи, како и министер за европски прашања и еднаквост.

„Блумберг“ го видел интерното писмо на ЕУ министрите: Македонија ќе добие датум

ЕУ најверојатно ќе го одобри започнувањето на официјалните преговори за пристапување со Албанија и Северна Македонија следниот месец, сметајќи дека со тоа ќе се стабилизира проблематичниот дел од Балканот, објави денеска „Блумберг“.

„Имајќи го предвид напредокот постигнат во реформите“, на состанокот на министрите на ЕУ во Луксембург на 15 октомври ќе биде решено да стартуваат преговори за пристапување со владите во Тирана и во Скопје“, стои во интерниот нацрт-извештај што во петокот бил поделен меѓу министрите, а до кој дошол и „Блумберг“.

Иако оваа формулација може да се смени, објавува „Блумбег“, минатиот таков извештај не содржеше препорака за старт на преговори.
Сличен притисок за отворање на преговори за пристап се случи во јуни, кога земјите како Франција, Холандија, Германија и Данска се спротивставија на тоа да се почнат пристапни преговори.

Link: https://www.slobodnaevropa.mk/a/30191078.html?fbclid=IwAR2CI8AyyA5zAf7t_H_iCGvXcpYGrbBBiugGTEPJNg34JYbsGYvPdCco4tA

Владата организира, Самка „диригира„ а Владата не присуствува на настан поврзан со Ромите

Во Клубот на Пратениците беше организирана 8- ма работна средба за социјално вклучување на Ромите во Македонија. И покрај тоа што во Агендата на настанот беа најавени и претсавници од Владата , премиерот и др, како и странски амбасадаи, преставници од НВО о др.

Настанот организиран од Владата, а владини преставници нема.
Дали ова покажува колкав е капацитетот на работата на Кабинетот на Министерот без Ресор и министерот Музафер Бајрам, или уште поконкретно колкаво е влијанието на ромскиот преставник во власта Самка Ибраимовски кај неговиот колаиционен партнер од Власта?

Во меѓуредови кажано и господата од ЕУ, Никола Бертолини и Марта Гарсија Фидалго.
Г-н Бертолини видоа колку се „ценети Ромите„ на чело со „лидерот„ Самка од самата негова држава, а ќе бараме да не ценат и во ЕУ.

Едно е јасно дека овој настан ја отслика вистинската слика и политичка сила на Самка во наѓата држава и неговото место во агендата на државата.
Нема интеграција, нема социјално вклучување на Ромите, но нема да има ни интеграција во Европската унија , со вакви „ ромски лидери„

Во целата оваа состојба покрај Ромите колатерална штета испаѓа дека е и министерот Музафер Бајрам - нит крив нит должен. Толку му се ингеренциите!

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 139 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот