Политика

Европски суд за човекови права: Владата ќе обезбеди дом за 16 Роми во Војводиново во кој живеат во крајна мизерни услови

Европскиот суд за човекови права во Стразбур наложи привремени мерки од страна на бугарската влада за 16 Роми од селото Војводиново од Пловдив, повеќето од нив деца. Тие беа истерани од своите домови откако браќата Пакетови го заклаа војникот Валентин Димов на 6 јануари оваа година. Шеснаесетмина се дел од вкупно 55 жители на Војводиново, тужители во случајот Пакетови и други против Бугарија, пренесува БНР.

Судот нареди на бугарската влада да го преземе потребното алтернативно сместување за апликантите, обезбедувајќи дека децата не се изложени на услови што се нечовечки и понижувачки.

Кабинетот треба да преземе мерки за да ги разгледа нивните апликации за општинско домување, кои беа доставени во средината на февруари до градоначалникот на општина Марица, но не доби одговор, иако нивното барање беше упатено и од регионалниот гувернер на Пловдив и министерот за труд и социјална политика. Судот бара преземената акција да биде веднаш известена.

Во однос на другите 39 апликанти, Европскиот суд не прецизира никакви привремени мерки, но му дава приоритет на жалбата, што значи дека наскоро ќе биде доставено до бугарската влада. Апликантите во случајот добиле правна помош од бугарскиот Хелсиншки комитет.

 

Link: https://www.marginalia.bg/novini/evropejskiyat-sad-po-pravata-na-choveka-pravitelstvoto-da-osiguri-dom-za-16-romi-ot-vojvodinovo-namirashti-se-v-krajno-mizerni-usloviya/

Виена - пример на социјално домување

Во Виена владата на Австрија вложи средства во секторот на социјалното домување и го направи како еден од главните приорите, пред скоро стотина години . Во 1923 година австриската влада направи свој програм за борба против сиромаштијата и воспостави активен состав кој овозможува Виена да биде убаво место за живеење.

Овој програм продолжува и денеска поради кои сега 25% од становите во Виена и понатаму се во сопственост на градот. Тоа резултира со помали кирии за граѓаните на Виена поради фактот дека градската управа се чувствува одговорна во случај ако има пораст на цената на кирија за изнајмување на станови.

Просечен трошок за стан од 50 м2 кој е одалечен само седум минути возење со метро од центарот на градот кој државата го субвенционира изнесува 400 евра месечно.

Инаку нема секој право на социјално домување. Домувањето во државните станови е резервиран за луѓе со потреби , со мали приходи или без приходи.
Покрај тоа подносителот на тоа барање треба да имаат одредена минимална старосна возраст и да имаат одредено време на престој на нивниот главен престој во некоја општина.

Исто така во насока на државјанство барателите имаат и одредени сулови кои треба да бидат исполнети. Покрај австриските државјнаи , сите граѓани на ЕУ ,, како и државјани на Швајцарија , странци со дозвола за валиден престој , и бегалци имаат право да поднесат барање.

Се додека не се пречекори вкупниот износ на плата од 44.210 евра годишно за едно лице, односно 66.180 евра за две лица , а подносителот на барањето доаѓа од една од наведените реони во Виена.


Link: http://romi.hr/vijesti-rnv/hrvatska/bec-primjer-socijalnog-stanovanja

Дали и Ромите се ставаат на иста вага во кривичните постапки во државата?

Во анализата направена за положбата на Ромите како обвинети во кривична постапка во Република Македонија во рамки на проектот „ Еднакви пред судот безбедни во животот„ направен пред две години има повеќе индикатори каде Ромската заедница во РМ , нагласено е дека Дискриминацијата врз основа на етничката припадност е особено нагласена во Република Македонија, кога станува збор за ромската популација.

Пристапот до правда и пристапот до правото на фер и правично судење се поставуваат како есенцијални прашања за ромската заедница имајќи го предвид целокупниот социо-економски контекст во кој се наоѓаат Ромите во Р Македонија.

Заштитата на основните човекови права во рамките на судските постапки, а пред сè положбата на Ромите како обвинети во кривичната постапка во контекст на целокупниот момент на стигматизација и стереотипизација кон Ромите, е значајна да се истражи за да се утврдат ефикасни механизми на заштита.

Посебно внимание заслужува положбата на Ромите во правосудниот систем, во најширока смисла на зборот. Многубројни се согледувањата за дискриминацијата на Ромите во постапувањето на полицијата, примена на несоодветна сила, заплашување, репресија и нехуман третман, но и манифестирана недоверба во тврдењата на граѓаните од ромската националност дека определени права им се загрозени односно повредени.

 

Срѓан Шајн: Кој и зошто не сакаат да разговараат со Ромите

Претседателот на Ромската партија Срѓан Шајн изрази незадоволство поради тоа што Ромите се изоставени од дијалогот на власта и опозицијата , и смета дека тоа е дискриминација.

Во соопштението доставено до медиумите Шајн вели дека очекувал повик во сите три досегашни разговори, и затоа испратија и барање до самите организатори на тие средби, но до ден денешен ниту еден не им се обратил , ниту со објаснување која е причината што Ромската партија не е повикана.

Шајн рече дека незнае што е причината за оваа груба дискриминација и оценува дека ова е обид да се стави во еден нерамноправен третман на Ромите и побара од политичките партии кои се учесници на овие средби да дадат свое објаснување за причината?

„Бараме отворено да ни кажат кои се тие и зошто не сакаат да седнат заедно на преговарачја маса заедно со Ромите?„

Link: https://www.b92.net/info/vesti/index.php?yyyy=2019&mm=08&dd=19&nav_category=11&nav_id=1579764

 

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 78 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот