Политика

За претседател на Првиот Светски конгрес на Ромите од 1971, Слободан Берберски и неговата поезија

Слободан Берберски е роден во Зрењанин каде завршил основно школо и гимназија. Започнал да студира право во Белград но окупаторите како член на СКОЈ во 1941 година веднаш беше уапсен . Беше ангажиран во работничкото движење од 1936 и беше учесник во НОБ од 1941.
Тој е познат ромски активист и беше еден од иницијаторите на акцијата на тогашните југословенски Роми под името „Ромот бара место под сонцето„ која започна во 1967 година. Беше избран за прв претседател на Светската Организација на Ромите на првиот конгрес одржан во 1971 година во Лондон. Почина во 1989 година. И денес една улица во белградската населбаз Звездара го носи неговото име.
Инаку тој пишуваше поезија каде во текстовите највеќе беше застапена социјални и револуционерни теми. Подоцна инспириран од ромските симболи од преданиата и секојдневниот живот започна да пишува поезија која не беше на ромски, туку вметнуваше ромски зборови пишани на српски јазик.
Берберски пишуваше за воените страдања, сиромаштијата и дискриминацијата на Ромите со љубовни мотиви. Ги објавил следните збирки меѓу кои и првата во 1950 „ За дождливото виножито„, потоа „ Пролет во очите„, „ Зема„, „Невреме”, „Воениот дневник”, „Благ ден”, „Коти”, „Заминувањето на братото Јакала”, „Како бескожни елени”, „Меѓи”, „Секојдневие”, „Нечекани води”, и последната „Дуб” од 1986. године. Неговата поезија е преведена на француски, руски, унгарски, романски, албански и словенски јазик.

Во поезијата со воена тематиа песните на Слободан Берберски ја искажува свеста дека војанта со себе донесува страдање и смрти затоа поетските слики се темни и крвави, пресликувајќи го целиот тој ужас од војната кој и самиот го доживеал. Веќе во збирката од 1976 година се насочува кон ромските мотиви како што се патот, чергата..

Инаку Берберски спаѓа во самиот врв на ромската поезија покрај Рајко Ѓуриќ, Јован Николиќ и Трифун Димиќ.

На автобуската станица во Белград - Забрането за амали или за Роми?

Откако е поместен перонот за пристигање на белградската автобуска станица, таму ги нема више амалите -носачите на багаж. Овие луѓе беа уредно регистрирани и сите беа - Роми.
Тие велат токму дека се Роми нивната работа не е дозволена. Станицата ги негира овие тврдења.

„Не постои пишана наредба каде им е забрането да пристапат на пероните, но им се врши притисок преку службата за обезбедување и полицијата„ велат Ромите.

Сите носачи - амали на багаж на автобуската станица во Белград се Роми. Помеѓу нив и станицата не постои договор за таа работа, но како што велат носачите имаат устен договор со кои го плаќаат пристапот до пероните со месечен билет во висина од околу 12 евра . Но со поместување на перонот од пред два месеца, веќе не им е дозволено да купуваат такви билети.

Носачите напоменуваат дека на барање од полицијата пред неколку години сите беа регистрирани како претприемачи во Агенцијата за стопанска регистрација.

Инаку Белградската автобуска станица вели дека не се работи за дискриминација , и дека прашањето за носење на багажник наскоро ќе биде решено.

Link: https://www.dw.com/sr/zabranjeno-za-nosa%C4%8De-prtljaga-ili-za-cigane/a-49737230

 

Претседателот на Словачка: Омразата кон малцинство повторно стана политички инструмент

Претседателот на Словачка Зузана Чапутова напомена дека страдањето на Ромите за време на Втората светска војна не смее да се заборави, туку да биде запаметено затоа што сега е времето кога омразата преставува политички инструмент.

– Холокасутот врз Ромите не смее да се заборави. Осторијата на луѓето мо покажа дека омразата секогаш придонесува за зло и човечки маки -напомена Чапутова.

Во Словачка имаше илјадници жртви, напомена претседателот на државата поповод Денот на сеќавање на Ромскиот Холокауст кој беше одбележан на почетокот на месец август.

Link: https://www.portal-udar.net/predsjednica-slovacke-mrznja-prema-manjinama-ponovo-postaje-politicki-instrument/

Дискриминација : Понижени и навредувани од околината и со загрозени права и достоинство, Ромите од ЛГБТИ-заедницата секојдневно се соочуваат со пекол

„Немавме право да пиеме кафе во кафуле зашто сме Роми и геј. Не ни дозволија да седнеме“.
Ова е само еден од многуте примери што ги посочуваат ромските припадници на ЛГБТИ-заедницата кога тема се нивните права, односот на околината кон нив, но и односот во институциите, па и на целото општество кон нивната сексуална определба.
- Ни рекоа дека за цигански педери таму немало место и дека треба да одиме во гасна комора - велат тие.

- ЛГБТИ-луѓето од ромската заедница се соочуваат со предрасуди во ромската заедница поради сексуалната ориентација и родовиот идентитет, а во ЛГБТИ-заедницата ќе се соочат со предрасуди поради припадноста на ромската етничка заедница.
Се плашат да си ги бараат правата Затоа, голем дел од ЛГБТИ Ромите во Македонија се иселуваат или, пак, прават планови за да се иселат од државата. 


Link: https://www.fakulteti.mk/news/09082019/lgbti-romite-se-zhrtvi-na-intersekciska-diskriminacija-ovie-gragjani-se-istovremeno-zhrtvi-na-rasizam-homofobija-i-transfobija

 

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 477 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот