Политика

Кој е Стево Пендаровски - Новиот претседател избран вчера

Стево Пендаровски на вториот круг од претседателските избори освои победа со 436.212 гласа или 51,66 отсто од гласовите на граѓаните кои излегоа на гласање, наспроти противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Гордана Силјановска Давкова, која освои 377.713 гласови или 44,73 отсто од вкупниот број.

Стево Пендаровски е роден на 3 април 1963 во Скопје. Тој е дипломиран правник на Правниот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Магистрирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) при истиот универзитет на тема „Новата геополитика на Република Македонија: Контрадикциите на комунистичките и транзициони матрици“, а потоа докторирал на тема „Надворешната и безбедносна политика на ЕУ и малите држави: Рамката на националниот дискурс“.

Тој е професор по  меѓународната безбедност, глобализацијата, светската политика и САД, меѓународните организации и институции, надворешната политика и тероризмот, бил раководител на одделот аналитика во Министерството за внатрешни работи  и портпарол на МВР, а познат е и по тоа што бил главен советник за надворешна политика во кабинетите на претседателите Борис Трајковски и Бранко Црвенковски. Во 2004 и 2005 година е шеф на Државната изборната комисија.

Во 2014 тој беше кандидатот на СДСМ за претседател на државата, но на изборите загуби од Ѓорге Иванов со 398 илјади гласа.
Тој има сопруга и син.

Во недела на 5 мај втор круг од гласањето за претседател на Република Северна Македонија. Колку се богати кандидатите за Претседател на државата?

Во недела на 5 мај во државата ќе се одржи вториот криг на претседателските избори за функцијата шеф на државата. Тој ќе се избира помеѓу двајцата кандидати Гордана Силјановска- Давкова поддржана од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата и Стево Пендаровски подржана од СДСМ и коалицијата. Но исто интересно за грашаните е и прашањето колку се богати кандидатите за оваа функција? Со каков имот влегоа Силјановска и Пендаровски во претседателската трка и што ќе остави зад себе идниот претседател на државата, кога на 12 мај ќе се всели во претседателската палата на Водно. И двајцата кандидати имаат прилично скромен личен имот. Претседателскиот кандидат поддржан од СДСМ Стево Пендаровски живее во скопската населба Автокоманда, во стан од 62 метри квадратни. Народски кажано, тој е домазет, зашто станот е во сопственост на таткото на неговата сопруга и затоа не е наведен во анкетниот лист кај антикорупционерите. На име на Пенадаровски е запишано Југо од 1999 година и заштеда во банка од 12 илјади евра, што ги наследил. Неговата сопруга вози Рено Меган и има заштеда во банка од 3 илјади евра. Гордана Силјановска Давкова, пак, нема недвижен имот на нејзино име. Таа живее во центарот на Скопје, на улица Орце Николов во семејна куќа, сопственост на нејзиниот сопруг. Куќата е од 114 метри квадратни и прилично стара. Силјановска нема автомобил. Нема возачка дозвола, ниту пак сака да вози автомобил. Нејзиниот сопруг, пензиониран правник, има Хонда Шатл од 1996 година. Бидејќи Силјановска не е носител на јавна функција, нема обврска да го пријави имотот кај Антикорупциска. Затоа и немаме детален приказ на незините банкарски сметки. Но од нејзиното семејството велат дека немаат значителни заштети во банка. Но, од друга страна немаат ниту кредити или други долгови.

Ромски Демократски Сојуз - РДС анализа (втор дел) - Не се бараат трошки, тие многу лесно се метат

Согледувајќи го фактот децении наназад и положбата на Ромите како унитарен народ во нашата држава, а воопшто и нивните позиции како во државните апарати од секој аспект (политички, социјален, општествен и др), т.н. „ромски лидери„ самите сегрегирајќи се и самоиницијативно ставајќи се во подредена улога, се стекнува впечаток, дека „однапред„ веќе се одлучени дека со нив треба да раководи некој „поголем„ фактор, отколку самите да се изборат за тоа.

Без разлика кој е во таа позиција од Ромите, веднаш самоиницијативно се ставаат на второ, трето или пак незнам кое друго подолно место, отколку јасно и гласно да покажат дека се еднакви како и сите останати во државата.

Досегашните ромски политички лидери по некоја инерција таа „епидемиа„ ја пренесуваат од генерација на генерација на новите лица кои сакаат да бидат (или покажат и се промовираат) како идни лидери.

Наместо проценти и специјални барања до власта за исполнување на некои предуслови (социајлен, економски, инфраструктурен или сличен проблем) со некои дадени рокови, треба јасно и гласно да се укаже на аномалијата и нејзино елиминирање, а не да се гради стратегија нешто како „Сакаме ова и ова и негова реализација до тогаш и тогаш„, потребно е јасно и отворено да се каже и на секој начин негово решавање.

Како што се решаваат барањата на неРомското население, исто така е потребно решавање и на оваа за државата „периферна нација„ - Ромите.
Затоа е потребно овие "New Wave" или „ Babe face" ромски лидери што поради лична сатисфакција, што поради сеопшта почит кон целата Ромска нација, потребно е да покажат поголема толеранција и конструктивност, а не настап на „своја глава„.

Мора да сме на јасно и да знаеме дека - Граѓанските и политичките права се сметаат како човекови права. А под „човекови права подразбираме еднакви и исти основни права а не барање на некои трошки!
Треба да знаеме дека не треба да се бараат трошки, затоа што тие најлесно се метат.
Да не се правиме најпаметни дека се знаеме, и да испаден како во оној виц кога еден Ром кој се занимавал со „Старо купувам„ и во меѓувреме полагал за возачка и за време на полагање еден од инструкторите го прашал:
-„Господине што мислиш каков е оној знак што го гледаш на 40 метри од тебе до семафорот?„
Тогаш Ромот брзоботезно со мало размислување му одговорил:-„Мислам дека е ... Алуминиум!„
Но анализата на РДС ќе продолжи... (продолжува)

Ставот на текстот преставува личен став на РДС и е надвор од уредувачката политика на Веб порталот Рома Тајмс

Романија изгуби случај пред Европскиот суд за човекови права: Одштета за едно ромско семејство поради полициска бруталност

Европскиот Суд за човекови права им наложи на Романија да исплати отштета на семејството Лингурара, чии членови беа повредени за време на една брутална полицијска интервенција од страна на нејзините службеници. Инцидентот се случил во утринските часови на 15 декември 2011 година во градот Валчеле во западна Романија.

Семејството ќе добие вкупно 49.000 евра одштета. Според информациите за оваа пресуда која што ја објави судот , полицајците ја скршиле влезната врата од куќата на Лингурар додека семесјтвото спиело.

Полицијата турна 4 лица од креве на под и почна да ги удира. Дел од полицајците беа под фантомски и беа од специјалните сили.
Потоа полицајците однесоа двајца машки во дворот и продолжија да ги тепаат. Потоа беа одведени на испитување и беа пуштени следниот ден кога беа и казнети поради наводно незаконско собирање на дрвја.

Семејството тогаш беше сместено во локалната болница поради повредите и според медицинските извештаи , нивните повреди се настанати од тврди и тешки предмети (најверојатно од пендреци). За време на инцидентот семејството беше невооружен. и ниту еден челн од семејството никогаш не бил претходно осудуван или под некоја судска истрага.

Според судот немаше причина полицијата да постапи на таков брутален начин. Семејството во 2012 година поднесе пријава вклучувајќи ги и полицајците , но судовите во Романија одбија да ја разгледаат повеќе пати со напомена дека наводно немало доволно докази.

Промена во целиот случај немаше се до 2014 кога овој случај стигна и до Европскиот Суд за човекови права. Судот утврди дека предметот е прифатлив и пресуди дека нападот бил брутален и неприфатлив во држава која ја усвоила Европската конвенција за човекови права.

Судот исто така ја отфрлило полицијската верзија за случувањата каде тврдеа дека против нив интервенирале Ромите и се спротивставувале за време на акцијата. Истовремено се покажа дека за време на бруталниот напад беше истакната и расната нетрпеливост затоа што полицијата претпоставувала дека семејството имало криминално досие само според етничката припадност.

Според мислењето на судот тоа кое е наименувано како „институционален расизам„ или расизам сторен од страна на државни институции, кое често се случува во Романија а овој случај е еден од тие примери. Постапката предЕвропскиот суд за човекови права траеѓе скоро 5 години и семејството победи.

Судот и наложи на државата на секој повреден член од семесјтвото да им исплати по 11 700 евра како нематеријална штета, и уште по 2 251 евро за покривање на трошоците кои произлегоа поврзани со поденсување на тужбата. Вкупно беа распоредено 85 полицајци за време на бруталниот напад на ромската заедница во градот Валчеа каде покрај нападот врз семејството Лингурар нападнаа и други луѓе Роме од ромската заедница.

Link: http://www.romskiportal.com/2019/05/02/rumunjska-izgubila-na-europskom-sudu-za-ljudska-prava-mora-nadoknaditi-stetu-romskoj-obitelji-zbog-brutalnosti-policije

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 257 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот