Политика

РДС анализа (Шести дел ): Зошто Самка мисли дека СДСМ го „цени„ највеќе па треба да му даде да води уште едно минситерство - Социјала?

По најавата на премиерот Зоран Заев за таа фамозна „Метла„, веднаш се отвори фронт за евентуална чистка во некои од Министерствата во Владата на РСМ. Mеѓу првите од ромскиот политички блок како желба изреагира актуелниот пратеник од ПЦЕР Самка Ибраимовски дека го „пикираат„ Министерството за труд и социјала.

Таа информација веднаш излезе во јавност по вториот круг од Претседателските избори. Според Ибраимовски капацитетите на ПЦЕР биле „најкопактибилни„ за да го превземе овој ресор и да го водат од редовите на ПЦЕР или поинаку кажано можеби и самиот актуелен пратеник Ибраимовски.

Дали во тој момент Ибраимовски се „преценил„ и помислил дека СДСМ „не може да диши„ без ПЦЕР и дека СДСМ веднаш ќе го послуша и ќе му додели таков ресор на Самка. Дали мисли дека тој е единствениот од ромскиот политички блок кој е најзаслужен да води уште еден ресор покрај оној кој сега е под негова капа.
Каде се другите коалициони партнери од ромскиот блок? Дали тие се неспосбни за таков потфат и водење на министерство во дадениот случај -Социјала?

Втор забележителен момент е дека веднаш после објавата за барање од страна на Ибраимовски за водење на Министерството за социјала, се прашуваме дали СДСМ му испрати „аларм„ дека не е потребно во овој момент да го „задева„ нивниот кадар -Мила Царовска и дека не е Ибраимовски задолжен да оценува кое министерство добро или лошо работи. Можеби од власта беше предупреден дека и веќе доделеното министерство без Ресор кој е под негова капа, ги исполнил своите зададени цели и задачи за кој е задолжен . Кои се тие резултати? Дали ги смета за успех само организирање на настаните 8 Април, 2 Август или 5 Ноември. Каде се резултатите од областа обарзование, домување, здравство, култура и сл. И дали е битно само да се патува некаде под закрила во име на Владата, без некои видливи резултати. Дали помислил дека можеби Владата сака да го „заниша„ и нему доделеното Министерство без ресор?

И веднаш Ибраимовски на својот ФБ профил објави статус со „отрезнување„
На таа објава веќе забележително е дека Ибраимовски „ја спушта топката„ и без еуфорија излегува на некој начин дека и се извинува на Царовска и забележително е дека самиот „си ги голта зборовите„ кои веќе беа исфрлени!

Дали самиот се освестил, или пак некој од погоре го потсетил да не „скока„ многу, ќе покаже времето.

Потребно е да се знае дека „преценувањето„ е многу негативен тренд, и дека е потребно во некои моменти треба да е човек, реален , присебен како и свесен за моменталните сосотојбе!

Се молат политичките лидери да ги врзат безбедносните појаси и без високо летање зошто турбуленцијата се појавува ненадејно и може да ве однесе во непосакувана насока! Тогаш цената скапо се плаќа!

РДС анализата продолжува...

Ставот на текстот преставува личен став на РДС и е надвор од уредувачката политика на Веб порталот Рома Тајмс

РДС анализа: (Петти дел) Дали е време за „Метла„ и во истрошениот и излитен ромски политички кадар?

Секој почеток има и крај! Тоа е општо позната фраза , за работите кога одат во надолна линија. Кога е во прашање пак ромската политичка гарнитура евидентно е дека во изминативе 3 децении по формирањ на првата ромска партија ПЦЕР на чело со првиот ромски пратеник во македонското собрание г-дин Фаик Абди, кој веќе не е меѓу живите од таа партија па до ден -денешен излегоа неколку имиња наметнувајќи се како ромски политички преставници кои и до ден денешен функционираат но во свои формирани политички гнезда.

Меѓу нив се Амди Бајрам, Неждет Мустафа, Шабан Салиу, Самка Ибраимовски, Бајрам Берат и др.Тие во изминативе ја имаа таа „привилегија„ како коалициони партнери да влегуваат во политичките пазарувања со двете поголеми македонски партии СДСМ и ВМРО -ДПМНЕ.

И секогаш „пазарењето„ беше интересно само во свое име, за да се позиционираат на повисоко место на избирачките листи и слични ситни бенефити. Тоа време веќе заминува. Затоа и доаѓа времето на прашањето: „ Дали е време за „Метла„ и во истрошениот и излитен ромски политички кадар?„ Зошто? Затоа што се гледаат резултзатите на старта гарнитура! Време е за свежа политичка инфузија. Потребно е нови современи и авангардни идеи и стратегии.

Тој капацитет го има и меѓу постарата гарнитура на искусни луѓе без политичка дамка а со огромно политичко искуство. Луѓе кои сиот свој капацитет го граделе во меѓународни институции , а исто го има и во некои млади луѓе кои „гризаат„за вакви активности.

Се на се потребни се луѓе кои знаат да работат, а воедно се и на цена меѓу Ромите. Без занесување дека „сам /и можеме да направиме се„ тоа најдобро ќе функционира со фузија на искуство и младост. Тоа е единствената формула за шанси за успех и нов бран на македонско ромската политичка сцена.
Една порака до оние млади со „голем апетит„ за политички функции, за кој старите велат: „Не се јаде се што лета„

Суетите не смеат да проработат. За добробит на Ромите потребно е суетите да ги оставиме во гепек. Само искрено, отворено и директно во очи да се погледнеме! Квалитетот сам ќе исплива на површина. Едно е да седиш во канцеларија и „солиш„ памет, а друго е во секојдневна активност што на терен што во практична работа да созрееш и да ги знаеш фактите и потребите. Најфер е да го работиш за она што си учел и за што имаш диплома. Тестирања или проби не поминуваат. Инаку повторно ќе биде како што беше досега со гарнитурата кој ја очекува „метла„.

Да не биде потоа како оној вицот: Добив понуда и прифатив улога да глумам во порно филм! На крај испадна мојата улога во порно филмот е да бидам мажот на главната порно старлета кој оди на службен пат, а таа останува сама дома! Крајот се знае!

 

РДС анализата продолжува...

Ставот на текстот преставува личен став на РДС и е надвор од уредувачката политика на Веб порталот Рома Тајмс

РДС анализа: (Четврти дел) Претседателски избори 2019 - Ромските лидери за ромски гласови со силно УРА , а ефектот „тивка бура„ !

Претседателските избори финишираа победник е Стево Пендаровски! Но да направиме еден осврт од поинаков аспект во врска со ромските гласови например во најголемата и единствена ромска општина во државата - Ш.Оризари.
Таму по првиот круг на 21 април резултатите беа поразителни од аспект на излезеност, каде од вкупно 23.765 гласачи излезеноста беше 21.8% - 5181 гласови од кои 2369 за С.Пендаровски, 45.7% Силјановска 1774 или 34,2%, Б.Река 835 или 16.1%.
Факт е дека сите поважни ромски фактори во Шутка за време на предизборните кампањи беа многи „јаки„ на социјалните мрежи но на денот на гласањето ефектот беше многу поинаков!
Од тој аспект, и согледувајќи ги бројките, како да беше вклучен алармот за узбуна помеѓу партиите, и веќе по првиот круг очигледно дека вториот круг им беше „поправен„ да се покажат пред своите ментори од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.

И во вториот круг почнаа гласно со повици и мотивација надевајќи се на нивниот кредибилитет. Исто и вклучувајќи покрај СРМ, ПЦЕР, ОПЕР, градоначалникот од редовите на СДСМ, како и од другата страна како што се РОМ, ДСР, вклучувајќи ги тука за мотивација за излезност и од Аваја и други ромски НВО, се мислеше дека во вториот круг излезеноста ќе биде двојно поголема.
Значи буквално започнаа со силно УРА, но ефектот сепак не беше на потребно ниво! за разлика од првиот круг овој пат излезеноста беше малку повисока и тоа за околу 1700 гласачи повеќе или низ бројки од 23.765, гласале 6899 или излезеноста 29%.
Разликата во гласови беше во корист на Пендаровски за 1583 гласа!
Или во превод „Се тресеше гората се роди глувче„.
Поентата е следна: Ромските лидери гласни, ромските аналитичари (Аваја), мотивациски гласни , но ефектот беше - 7% поголема излезеност за разлика од првиот круг!
Да се запрашаме дали со овие резултат има место за презентирање за тоа колкава моќ и кредибилитет имаат овие фактори да делуваат врз ромскиот напатен народ?
Мора да е едно јасно за да се мотивира ромскиот народ потребно е прво да видат позитивни ефекто и направени дела, затоа што тие веќе „на жими мајка„ несакаат да веруваат! Гласни мотивациски говори и фрази од типот„ќе биде„, „ќе направиме„, „ќе оствариме„ и слично немаат веќе ефект! Со народот е потребно да се биде отворен, искрен и директен во сите 365 дена во годината, а не само во 20-тина дена за време на кампањи, а после: „Извини а кој беше ти?„

РДС анализата продолжува...

Ставот на текстот преставува личен став на РДС и е надвор од уредувачката политика на Веб порталот Рома Тајмс

И Македонците и Албанците си го фалат електоратот! Бидете јунаци и излезете самостојно на гласање без нас помалите заедници!

Завршија и претседателските избори исходот е познат, нов претседател е Стево Пендаровски! Вкупно гласале 844.365 гласачи или излезноста беше 46,70%, значи постигнат е цензусот.

Тој освои 436.212 гласови или 51,66% од гласовите додека Гордана Силјановска Давкова 377.713 или 44,73% додека 30.442 или 3,61% беа неважечки.

И веднаш се започнаа со калкулации кој е заслужен за тој постигнат резултат. Македонците се фалат со својот електорат а исто и Албанците со својот електорат дека без нив ќе немаше ниту победник ниту цензус! Сите некако ги заборавија „малите„заедници! Со акцент покрај српската, бошњачката, влашката и останатите тука е и Ромската заедница.

Излегува дека од излезените вкупно околу 850.000 гласачи како што тврди ДУИ нивни се нешто над 100.000 , тогаш рестото 750.000 се на останатите. Гледајќи ги дебатите помеѓу двете најголеми македонски партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ потпирајќи се на својот македонски електорат, но и според нивните капацитети и бројки не се повеќе од по 250 илјади гласови и од двете страни. Тоа значи дека и двете страни да излезат заедно ќе соберат нешто повеќе од пола милион гласови. Каде се останатите 200 и повеќе илјади гласови?

Дали се свесни Македонците и Албанците дека доколку ги немаат помалите заедници тие ќе немаат ниту цензус за некои избори!? Дали се свесни дека Ромите како заедница на избори им носат секогаш над 30-40 илјада гласови? Инаку кога би биле сите заедно тие гласови на еден куп би донесел повеќе од 4-5 ромски пратеници и неколку министерски места и високи позиции во јавни институции кое влече и поголемо вработување на ромската заедница!
А овака? Максимум двајца пратеници , едно „фигуративно„ незначајно министерско место и толку! И После ќе се „удираат во гради„ и Македонците и Албанците со својот електорат заборавјќи ги над 200 илјади гласови од помалите заедници кои и понатаму остануваат надвор од маргините без значајни позиции и неми посматрачи на дневната политика!
Ај бидете јунаци и излезете самостојно на гласање без нас помалите заедници да ве видиме и да се преброиме - ќе знаете навистина колку навистина вредите Македонци и Албанци!

 

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 523 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот