Политика

Во пресрет на изборите во Европскиот Парламент: Ромите се залагаат за Европа, а дали и европските кандидати за нив?

Затоа што помеѓу Ромите и ЕУ има блиска врска , зошто тогаш проевропски ориентираните кандидати јавно не воспостават контакт со ромскиот гласачки електорат неколку недели пред изборите во Европскиот парламент? На крајот на краевите во Франција и Шпанија има по половина милион Роми. Во Словачка , Унгарија и Бугарија Ромите се помеѓу 5 и 10% од севкупното население во тие држави. Партиите потребно е да ја најдат инспирцијата по примерот во Словачка.

Таму на претседателските избори минатиот период победи младата, либерална и проевропски ориентирана кандидатка Зузана Чапутова. Со привлекување на ромските гласови беше дел од нејзината стратегија. По секоја победа во изборниот циклус се заблагодари и на ромскиот електорат и тоа обрачајчи се на ромски јазик. Тоа беше навистина смел и храбар чекор во моментитте кога кандидатите ретко се обидуваат да дадат подршка на Ромите од страв да не ги изгубат гласовите кај мнозинството од гласачите.

Уште поважно е дека Чапутова препозна дека ромскиот гласачки електорат и кандидатите одиграа важна улога во нејзината изборна победа. На локалните избори во Словачка во 2018 година беа избрани околу 40 ромски градоначалници и повеќе од 400 општински советници. Нивниот сојуз против есктремно десно ориентираните партии придонесе во поразот на Маријан Котлеба , политички лидер кој е познат по промовирање на насилство врз Ромите во првиот круг на претседателските избори во Словачка како што беше случај и на регионалните избори пред две години.

Во некои европски држави расте заинтересираноста за изборниот потенцијал на Ромите. Во Шпанија например, четри големи политички партии од левичарската Подемос до конезервативната Ѓудаданос , на своите листи ставија ромски кандидати како одговор на изборниот успех на екстремно десничарската партија Вокс.

Манифест на АВАЈА

АВАЈА претставува граѓанска иницијатива која ги артикулира и промовира интересите на граѓаните Роми до засегнатите страни. Оваа кампања поврзува 10.000 граѓани Роми од 14 градови од државата со цел да го обединат гласот за интересите на заедницата.
Ромите се граѓани во оваа држава и бараат активно да учествуваат во демократските процеси и носењето одлуки. Во изминатиот период, Ромите беа “влечени“, “купувани“ и “манипулирани“ да го дадат својот глас за интересите на другите. Многу политичари доаѓаа и ветуваа дека животот на Ромите ќе се подобри меѓутоа сеуште не го гледаме резултатот во заедницата. Од истражувањата поврзани со избори и излезеноста на Ромите, може да се забележи дека 60% од испитаниците учествувале на претходните претседателски избори и имаат доверба во институцијата претседател на државата.
Со тоа, оваа иницијатива за претстојните претседателски избори има за цел да ги поттикне гласачите Роми да учествуваат на изборите и да бидат дел од одлучувачите. Со учеството на изборите Ромите имаат можност да ги пренесат своите колективни интереси кои ќе бидат дел од барањата до кандидатите за претседатели на државата.
Ние Ромите водени од аргументите на несоодветна правична застапеност во државната и јавната администрација како и недостатокот на системски решенија за проблемите на Ромите забележани од страна на националните и меѓународните организации, сметаме дека државата треба да вложи поголемо внимание и напори за решавање на проблемите кои ги засегаат Ромите и вклучување на ромската заедница во општествените текови.
По консултација со граѓаните Роми, со цел за поголема вклученост на Ромите во општествените текови а воедно и гаранција за успех на иднината на државата, АВАЈА, како граѓанска иницијатива која има за цел да го артикулира гласот на ромската заедница бара

  • Ромите да бидат минимум 2% застапени во државната и јавната администрација до 2020 година со цел да се запази правичната застапеност по институции особено министерствата
  • Двојна буџетска алокација за решавање на проблемите на Ромите до 2020 година
  • Двојно поголема реализација на капиталните инвестиции во ромските населби до 2020 година

 

Скриената изборна единица: Дали ромските гласачи ќе одлучуваат за европските избори следниот месец?

Одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите овој месец се одржа во особено мрачни околности. Пред две недели во Франција групи тинејџери ги нападнаа ромските заедници по гласините што се шират на социјалните медиуми дека ги киднапираат децата.

Неодамна, во Италија, неофашистичката група Каса Паунд и екстремната десница Форца Нуова одржаа насилни протести против стационирање на Ромите, вклучувајќи 33 деца, во приемниот центар во едно предградие на Рим.

И покрај сите обиди за истребување во европската историја, ние Ромите го чуваме нашиот јазик, традиции и култура. Ова е духот на четириесет и седум години овој месец - 8 април 1971 година - кога решивме на состанокот во Лондон дека ние повеќе нема да толерираме да бидеме опишани како "цигани".

Бевме Роми: еден народ низ Европа, кој преку нашите права во демократска и отворена Европа може слободно да се патува меѓу земјите да се сретнеме со други кои ја споделуваа истата култура и идентитет. Симболично, го обележавме нашето новоосновано единство со усвојување на ромското знаме и химната на Ромите.

Оттогаш, Ромите континуирано го поддржуваат европскиот проект, а во изминатава деценија, Европската унија пак привлече внимание за маките на Ромите и ги повика владите да сторат повеќе за да го вклучат најголемото и најнеповолно етничко малцинство во Европа.

Link: https://www.prospectmagazine.co.uk/world/roma-eu-elections-european-parliament-france-italy-bulgaria-hungary?fbclid=IwAR0pdMAYLSZlpMytIh-_k91clp319g8_nhYu7_kZC2Mhb6xnEXz7zZohGMU

Премиерот Ципрас се состана со грчките Роми, и напомена дека нема граѓани од втор ред

Напорите за подигнување на свеста на граѓаните за прашања поврзани со ромските заедници во Грција треба да бидат постојани, изјави премиерот Алексис Ципрас за време на неговиот состанок во понеделникот со претставниците на грчките Роми во замокот Максимос, по повод Меѓународниот ден на Ромите.

Ципрас изрази задоволство од средбата, истакнувајќи дека нема граѓани од втор ред и додаде дека во Грција се преземени значајни чекори од страна на актуелната влада за поддршка на ромските граѓани во период на фискални тешкотии.

"Продолживме со значителна програма за мобилизирање заедници и за нивна интеграција во економскиот живот", рече Ципрас, додавајќи дека владата изготвила мапи за да види како живеат 371 заедница, 110.000 грчки граѓани - Роми.

Тој, сепак, истакна дека некои од тие 371 заедници "не им се заблагодаруваат на земјата ... која сака да ги брани човековите права и затоа започнавме стратешки план за да им се помогне на Ромите„

Ципрас појасни дека предуслов за социјална интеграција на ромските заедници е дека нивните деца треба да одат на училиште, бидејќи "образованието е основно право, но исто така е услов овие заедници да стекнат права во иднина".

Паралелно, премиерот се осврна на поддршката на училиштата и обезбедувањето на училишни оброци за да се осигура дека сите деца се соодветно третирании, како и програмите за образование на возрасните за поддршка во вработувањето и борбата против невработеноста што владата ги спроведе во последниве години.

Главното прашање беше и пристапот на ромските заедници до здравствената заштита, вклучувајќи го и влијанието на владината одлука за отстранување на бариерите за јавното здравје за голем дел од ромската заедница што е неосигурана.

"Нема граѓани од прва, втора или трета класа. Ние сме сите деца на истиот Бог ", рече Ципрас.

 

Link: https://www.thenationalherald.com/238657/pm-tsipras-meets-with-greek-roma-says-there-a

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 393 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот