Политика

Како граѓаните на Ријека им одржаа час на хрватските политичари

Почнувајќи од 1 фебруари 2020 чест е да се биде жител на Ријека. Не само поради тоа што овој хрватски град стана Европска престолнина на културата, туку поради духот на градот кој децениски е со бунтовен карактер, борба за еднаквост ,, солидарен и ја подржува различноста како и антифашистички определен.

 

А што може и поинаку да се очекува од град кој по менталитет не одговара на државата во која припаѓа, ниту со тие кои се во неговото опкружување. Градот во кој и понатаму заедно  живеат Хрвати, Срби, Италијанци, Албанци, Бошњаци, Чеси, Унгарци, Црногорци, Словаци, Роми, Македонци и Словенци. Во мир и слога под паролата на тактовите од песната „Бела чао„

 

Поради тие причини на хрватските политичари кој пропагираа говор на омраза , кој го вадеа од нафталин во текот на 90-тите , Ријечаните им одржаа лекција која никогаш нема да ја заборават , иако не беа присутни на часот.

 

На крајот што да се каже сем браво Ријечани. Им покажавте дека може и поинаку, човечки и против омразат која повторно се заканува да не заслепува.

Колку биле активни на Парламентарната сцена двајцата Ромски пратеници Амди Бајрам и Самка Ибраимовски ?

Пратеникот има право и должност да присуствува на седниците на Собранието и да учествува во работата и во одлучувањето. 

 

За овој ангажман, даден на непосредни избори од страна на граѓаните, пратеникот добива нето плата, исто така од граѓаните, во износ од околу 1200 евра, или околу 60 илјади евра во текот на еден мандат. Но, колку од нив ги почитуваат овие обврски?

 

Затоа пак сите, дури и оние кои ретко се појавуваат во Собранието, секој први во месецот редовно си ги подигнуваат пратеничките плати, обезбедени од парите на граѓаните.

 

 

Според „Мојот пратеник извештајот бр 22 за периодот јули - декември 2019, ромските пратеници еве колку биле присатни на Парламентарните седници двајцата ромски пратеници, Амди Бајрам и Самка Ибраимовски .

 

Пратеникот Амди Бајрам во периодот Јули –декември 2019 бил присутен 37 пати, оправдано отсутен 12, додека неоправдано 6 пати. Инаку 6 пати излегол и поставил пратенички прашања

 

Пратеникот Самка Ибраимовски во истиот период бил присатен на 55 седници без отсуство. Инаку во врска со пратенички прашања излегол 2 пати.

Ромите во Сирија

Заедницата што зборува Домарски дијалект во Сирија, вообичаено идентификувана е како Дом и Навар или едноставно  попознати како Роми,  и се проценува дека брои 100–250,000 или 250–300 000 Роми.

 

Огромното мнозинство не се номади. Постојат полу-номадски групи, некои се движат надвор од земјата. Во Алепо, заедницата Дом е веројатно најголемата, а исто во голем број ги има и во Дамаск, Хомс и Латакех.

 

Заедницата е високо маргинализирана во општеството и тие се нарекуваат Курба (ʾərbāṭ во Алепо) и Караш во северниот дел и Навар (широко користен во Левант) на друго место.

 

Овие поими се користат за различни групи кои главно делат социо-економски профил. Заедницата е поделена на кланови.

 

Се верува дека Домарите мигрирале од Индија преку Персија. Се чини дека тие биле индиска номадска каста која се занимавала со ковачкиот занает или пак биле забавувачи – музиканти. Јазикот е индо-ариевски, тесно поврзан со Централна и Северозападна Индија.

 

Домскиот јазик (Домари) на Блискиот исток е познат како Навари. Домари го покажува турското, курдското и арапското влијание. Имаше промена на јазикот на арапски јазик.

 

Егзонимот „Навар“ може да се користи понекогаш навредливо, означувајќи презир и неморален животен стил, асоцирајќи ги со питачи, номади и крадци.

Сорос доделува милијарди долари за мрежата на универзитети , и средства за ромските студенти

Унгарско –американскиот инвеститор и филантроп Џорџ Сорос планира да донира милијарда долари во универзитетите да ја зајакнат демократијата и да се образуваат маргинализираните заедници.

Сорос тоа го вети на маргините на Светскиот економски форум во Швајцарија, со желба тие средства да се искористат кој се поврзани со постоечката мрежа на иниверзитетите низ светот , и реакција на глобалното затоплување , политиќките трендови и протестните активности.

“Минатат година најмоќните сили, САД, Кина и Русија останаа во рацете на потенцијални и актуелни доктатори, а бројот на авторитативни владари расте„ рече овој 89 годишен милијардер.

Средствата исто така ќе бидат искористени за студенти од маргинализираните заедници меѓу кои и спаѓа голеата европска заедница на Ромите, напомена Сорос.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 160 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот