Политика

Унгарците протестираат против Орбановата антиромска кампања

Националистичкиот премиер на Унгарија, каде ЕУ го критикува поради нарушување на владеење на правото, предложи државата да биде „глува„ на судската одлука за исплата на оштета кон ромските деца во селото Ѓонѓоншпати, каде наместо исплата обезбедил обука.

 

Повеќе од две илјади Унгарци заедно со ромските семејства и НВО излегоа викендов на протести против антиромската кампања на премиерот Виктор Орбан , носејќи транпсаренти „Иднината не се гради со омраза„ и „ Никој не е над законот„

 

Орбан напомена дека „судската одлука за сегрегација, ја возбуди јавноста со тоа шро пропишала големи суми на исплата за некои Роми„ .

Адвокатите одговорија дека Орбан ги крши човековите права.

До неделата скоро 500 психолози се потишаа на петицијата против владината кампања кој мотивира омраза кон Ромите и другите граѓани.

Инаку Ромите во Унгарија се од 5 до 7 % од севкупното унгарско населеније.

 

Link: http://www.portal-udar.net/madjari-protestuju-protiv-orbanove-antiromske-kampanje/

Народна Партија на Ромите НПР – новиот политички субјект на македонската политичка сцена

Пред неколку дена на социјалната мрежа Фб од својот профил Геге Демировски едитираше фотографија на која се гледа дека до Граѓанскиот Основен суд во Скопје е поднесено барање за регистрирање на партија под име Народна Партија на Ромите  .

Тоа значи дека Народната Партија на Ромите всушност е нов политички субјект на македонската политичка сцена. Доколку се заврши тој упис најверојатно е дека НПР на следните избори кои прелиминарно се закажани за 12 април ќе земе свое учество.

Според Геге Демировски НПР е нова Партија која ке ја осветли вашата иднина , Дали НПР навистина ќе биде нов ветувачки ромски политички фактор  ќе покаже времето.

Исто така и меѓу симпатизерите Роми на НПР владее тој оптимизам дека оваа партија ќе донесе една нова позитивна насока.

Инаку според информациите блиски на НПР , нејзин претседател е Геге Демировски, додкеа во претседателството се вклучени и добро познати и искусни имиња. Меѓу нив засега фигурираат Агуш Демировски, Дилсен Алијевски, Исмаил Расим, Шерафедин Сефер.

Наскоро се очекува и официјализирање на овој нов политички субјет за кој во брзо време ќе дознае и македонската јавност. Освен во Скопје каде ќе биде и седиштето, планираат свои ограноци да формираат и во Велес, Куманово, Битола и Прилеп

Нека биде само за арно и позитивни моменти.

Како граѓаните на Ријека им одржаа час на хрватските политичари

Почнувајќи од 1 фебруари 2020 чест е да се биде жител на Ријека. Не само поради тоа што овој хрватски град стана Европска престолнина на културата, туку поради духот на градот кој децениски е со бунтовен карактер, борба за еднаквост ,, солидарен и ја подржува различноста како и антифашистички определен.

 

А што може и поинаку да се очекува од град кој по менталитет не одговара на државата во која припаѓа, ниту со тие кои се во неговото опкружување. Градот во кој и понатаму заедно  живеат Хрвати, Срби, Италијанци, Албанци, Бошњаци, Чеси, Унгарци, Црногорци, Словаци, Роми, Македонци и Словенци. Во мир и слога под паролата на тактовите од песната „Бела чао„

 

Поради тие причини на хрватските политичари кој пропагираа говор на омраза , кој го вадеа од нафталин во текот на 90-тите , Ријечаните им одржаа лекција која никогаш нема да ја заборават , иако не беа присутни на часот.

 

На крајот што да се каже сем браво Ријечани. Им покажавте дека може и поинаку, човечки и против омразат која повторно се заканува да не заслепува.

Колку биле активни на Парламентарната сцена двајцата Ромски пратеници Амди Бајрам и Самка Ибраимовски ?

Пратеникот има право и должност да присуствува на седниците на Собранието и да учествува во работата и во одлучувањето. 

 

За овој ангажман, даден на непосредни избори од страна на граѓаните, пратеникот добива нето плата, исто така од граѓаните, во износ од околу 1200 евра, или околу 60 илјади евра во текот на еден мандат. Но, колку од нив ги почитуваат овие обврски?

 

Затоа пак сите, дури и оние кои ретко се појавуваат во Собранието, секој први во месецот редовно си ги подигнуваат пратеничките плати, обезбедени од парите на граѓаните.

 

 

Според „Мојот пратеник извештајот бр 22 за периодот јули - декември 2019, ромските пратеници еве колку биле присатни на Парламентарните седници двајцата ромски пратеници, Амди Бајрам и Самка Ибраимовски .

 

Пратеникот Амди Бајрам во периодот Јули –декември 2019 бил присутен 37 пати, оправдано отсутен 12, додека неоправдано 6 пати. Инаку 6 пати излегол и поставил пратенички прашања

 

Пратеникот Самка Ибраимовски во истиот период бил присатен на 55 седници без отсуство. Инаку во врска со пратенички прашања излегол 2 пати.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 310 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот