Политика

Владата на Р.С. Македонија со ребаланс на буџетот ги намали средствата наменети за Ромите за 34%

Во текот на седницата одржана на 15 мај 2020, Владата на Република Северна Македонија донесе уредба за изменување и дополнување на буџетот за 2020 со цел да одговори на потребите на новонастанатата криза со Ковид вирусот. Со новиот ребаланс на Буџетот средствата наменети за Поддршка на декадата и стратегијата за Роми e намален за  34%, односно од 73 милиони денари (1,2 милиони евра) на 48 милиони денари (околу 800.000 евра) (основен буџет)

Во рамките на  буџетските корисници од приоритетните области од Стратегијата за Роми 2014-2020, направени се следните промени:

Министерство за транспорт и врски - Од вкупниот планиран буџет од 40,000,000 денари, (650 илјади евра) со ребаланс на буџетот истиот е скратен за 50%, новиот буџет изнесува 20,000,000 денари (325 илјади евра)

Министерство за труд и социјална политика - од 8,330,000 денари (околу 130 илјади евра), е скратен за 26%  и истиот изнесува 6,141,000 денари (100 илјади евра)

Министерството за образование и наука - Oд вкупниот планиран буџет од 21,982,000 денари, (350 илијади евра) со ребалансот на буџетот истиот е скратен за 15% и истиот изнесува 18,782,000 денари (околу 300 илјади евра)

Во услови кога Ковид19 вирусот предизвика сериозни економски и здравствени последици врз сите, а особено врз Ромската заедница, намалувањето на Буџетот за поддршка на имплементацијата и стратегијата на Ромите уште повеќе ја загрозува позицијата и придонесува за проширување на сиромаштијата кај Ромската заедница.

Кратењето на Буџетот за поддршка на имплементација на стратегијата за Роми е во спротивност со препораките на Европската Комисија, каде што во Извештајот за напредокот во 2019 се нотира дека “останува уште многу да се направи во имплементацијата на стратегијата се со цел поголема интеграција на ромската заедница“.

Наскоро судење и во Идризово: Во затворот изградена најголемата судница во државата

Со поддршка на Европската Унија во рамките на ИПА акциската програма “Поддршка на Секторот Правда“, изградена е најголемата судница во државата во склоп на Затворот „Идризово“. Целиот овој дел од затворот се простира на 1000 м2 и има капацитет за вкупно околу 120 лица.

Имајќи ја во предвид сериозноста на тешките кривични дела и безбедносните причини, оваа судница со капацитет од околу 120 лица, ќе овозможи судењата на притворените лица за овие случаи да се одвиваат во казнено поправниот дом „Идризово“.

Целта за изградбата на овој комплекс со судница во затворот „Идризово“ е во неа да им се суди на притворени, како и на осудени лица  за тешки кривични дела против кои се водат и други кривични постапки, а чиј транспорт до судовите е безбедносно ризичен.

Со тоа, значително ќе се намали ризикот од бегства на притворени и осудени лица за време на транспорт до судовите. Дополнително, со користењето на оваа судница, ќе бидат заштедени значителни средства за транспорт на притворени и осудени лица во судовите, а воедно ќе се растерети и затворската служба и полицијата која учествува во спроводите на овие лица.

Реакција од Претседателот на НПР г-дин Геге Демировски.

Отворено им поставувам прашање на институциите во државата, дали ние Ромите, како докажано лојални граѓани на оваа држава, сме рамноправни и еднакви со другите? И ние сме од крв и месо!

 

Дали ние треба да живееме како и и сите останати во државата, Или пак, треба да се прехрануваме себе си и нашите деца (иднината на Македонија) по канти и ѓубриња?

 

Сите пазари во градот Скопје се отворени и работат под нормални услови, а пазарот во шутка е затворен (самоволната методологија сеуште во магла) и тоа за само 30 минути од донесување на одлуката од страна на некој (не)стручњак.

 

Новонастанатата пандемска криза е новина на целиот свет, не само на Македонија, но немојте веднаш да експериментирате со недолжни граѓани – правдата ќе ве стигне.

Ги повикувам надлежните во државата како и претседателот Пендаровски конечно да биде татко на сите граѓани а не само на поединци, затоа што и утре има ден…

 

Со почит кон сите!
Преседател на Народната Партија на Ромите
Геге Демировски

Дали на овие избори ќе има Роми кандидати за пратеници меѓу првите 10 места на листата?

Иако е голем интересот за кадровските адути со кои партиите ќе ја побараат довербата на граѓаните, партиите тие податоци ги најавуваат за следната недела.

 

Во штабовите на најголемите партии се прават последните консултации околу изборот на најсоодветни кандидати за пратеници на листите во шесте изборни единици, за изборите кои ќе се одржат на 12-ти април.

 

Она што е интересно за Ромската политичка сцена е листата на кандидати Роми кој ќе се најдат за време на изборите без разлика на кој политички табор ќе им припаѓа.

Според неофицијални информации од штабовите сите Роми кандидати не фигурираат на позиции со кој се гарантира влез во идниот законодавен дом.

 

Амди Бајрам од СРМ, Самка Ибраимосвски од ПЦЕР, Асан Ферат од СДСМ, Фата Османовска од СДСМ, Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ, Ерџан Селими од РОМ, Љатифа Шиковска СДСМ, Аксел Ахмедовски ПДПР, Орхан Јашаревски ДПР, Мерџан Демирали од СДСМ – Куманово, Геге Демировски од неговата нова партија НПР и можеби уште некои кандидати.

Сите овие кандидати кај својот коалиционен партнер ниту еден не фигурира на некоја висока позиција на тие листи, туку се повеќето во вториот дел на листата помеѓу 10-тот и 20-тот место на таа листа

Ова индиректно го отсликува фактот дека ќе биде огромана теренска работа доколку некој од ромските кандидати сака да се пробие до местото кое ќе гарантира и пратенички мандат.

За тоа ќе бидат потребни тешки Сизифовски напори да се анимира ромската јавност и да излезат масовно за да може тоа директно и да влиае на прогресијата на гласачите.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 283 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот