Политика

АРМ врши прием на 125 нови професионални војници

Министерството за Одбрана на Р.С.Македонија на својата страница објави Јавен оглас за прием на 125 професионални војници во слуба на АРМ со договор за определено време од 3 години, со можност за негово продолжување.
Покрај условите да се државјани на Р.С.Македонија и да се полнолетни но пред да наполнат 25 години, ССС и исто така да имаат посебна здравствена и физичка способност.

Висината на личниот доход ќе изнесува од 22.059,00 денари до 25.574,00 денари.

Огласот трае 15 дена од неговата објава (13.11.2019). При вработувањето ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници со почитување на критериумите на стручност и компетентност

За сите останати услови може да се види на следниот линк на Министерството за Одбрана на Република Северна Македонија.

Link: http://www.mod.gov.mk/?objavuvanje=%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%be%d0%b3%d0%bb%d0%b0%d1%81-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d0%b5%d0%bc-%d0%bd%d0%b0-125-%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%84%d0%b5%d1%81%d0%b8%d0%be%d0%bd%d0%b0%d0%bb%d0%bd-5&lang=mk

Некогашниот Титоизам и сегашниот Претседателизам

Титоизам е комунистичка идеологија наречена според jугословенскиот лидер, Јосип Броз Тито, употребувана да се опише специфичната политичка идеологија што се градела во СФР Југославија по расколот што настанал помеѓу Советскиот Сојуз и СФР Југославија по отфрлањето на Резолуцијата на Информбирото од страна на Комунистичката Партија на Југославија.

Елементите на титоизмот се базирани на принципот: во секоја држава средствата потребни да се достигнат целите на комунизмот мора да бидат диктирани од самата држава, а не од некоја друга.

Југославија останала еднинствена комунистичка држава на Балканот која го издржала притисокот од Москва да се приклучи кон Варшавскиот Пакт и останала „социјалистичка, но независна“

Од друг аспект без разлика колку звучи „Титоизмот„ како едноумие,и култ на „една личност„ кој се богател во име на нардот, во направена паралела, Јосип Броз Тито буквално по неговата смрт не оставил ништо „баснословно„ за неговите блиски поколенија, туку напротив се за државата, додека неговите блиски наследници и денес живеат како „средна класа„

А денес претходните државни раководители (Туѓман, Милошевиќ и останати) , како и сега со овие државни раководители од некогашната СФРЈ со превземање на високите позиции колку свои најблиски наследници и идни генерации од најблиското семејство финансиски и материјално се обезбедени. Од бројките боли глава!

Заменикот Народен правобранител Васка Бајрамовска – Мустафа: „Доктор Менгеле во затворот за малолетници, аларм од Омбдусманот"

“По 22 часот просториите во кои се сместени штитениците се заклучуваат и за евентуална физиолошка и друга потреба тие користат ѕвоно, кое е поврзано со просторијата на дежурниот.

Меѓутоа, децата изјавија дека многу често дежурниот навреме не се одзива на повикот, поради што се принудени да уринираат во пластични шишиња кај што спијат и да ги чуваат до утредента“, рече заменикот Народен правобранител Васка Бајрамовска – Мустафа.

Истовремено тие се пожалиле и дека зимно време смееле да се бањаат само еднаш неделно, а лете, иако објектот има сончеви колектори, дозволено им е двапати да се избањаат.

Во установата немаат постојан лекар, а кога се болни, обезбедувањето им ја дели терапијата препишана од лекар од Здравствениот дом во Охрид.


“Највознемирувачко при посетата беше тоа што при увидот во здравствените картони на децата, Народниот правобранител констатира дека дури на 15 деца им е препишана терапија со “дијазепам“, со дневна доза од 0,5 до 20 милиграми“, тврди Бајрамовска.
Во образложението за дозата “дијазепам“ како за животно тешко над 300 килограми, што им ја препишувале лекарите на овие деца стои:“растројство на личноста со низок праг на толеранција“, “нагла импулсивност и фрустрации“ и “низок социјален и едукативен статус“.

Link: https://sdk.mk/index.php/glasno-za-ombudsmanot/ombudsmanot-alarmira-doktor-mengele-vo-zatvorot-za-maloletnitsi/

Ромска партија: Нападнато девојче од ромска националност во Торњош, Војводина

Ромската партија соопштува дека во населбата Торњош покрај Сента, Војводина претепнао било дванаесетгодишно девојче од ромска националност која отишла да купи леб.

Партијата предупреди дека нема поголема општествена опасност од напад врз деца на улица.

Портпаролот на Ромската партија Сања Шајн вели дека сторителот на ова дело е познат.

"Бараме од државните органи да постапат според законот , да ја задржат 32 годишната жена кое го сторила ова дело и да се казни според законот„ напомена Шајн.

Таа вели дека вакви инциденти предизвикуваат нездрав општествен амбијент на подолго време и дека Србија треба да обезбеди сигурност за сите деца , и дека секое дете треба да е заштитено од сите форми на насилство.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 449 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот