Социјала

Оливера Катарина позната актерка од „Скупљачи перја„, живее сама, без никого, нема пари ни за леб

Српската актерка и пејачка , во март наполни 80 години. Оливера живее како кираџика иако зад себе има големи успеси во целиот регион, но и во светот а популарноста ја стекна со познатиот филм со ромска тематика „Скупљачи перја„
Таа раскажала дека е заборавена од колегите и пријателите, но дека си го зачувала достоинството и дека нема никого да моли. Таа пред неколку години јавно зборуваше дека тешко живее, но и дека имало период кога немала ниту леб.
„Имаше моменти во мојот живот кога немав ни за леб. Имаше многу тешки моменти. Кога немав ништо. Ниту сега немам ништо посебно. Живеам во изнајмен стан, што, ќе се согласите, е чудно што во текот на мојата кариера не стекнав ниту стан ниту нешто друго. Да бев во Холивуд, веројатно, ќе живеев во најлуксузната населба. Американците ги ценат своите уметници, а тука можете да бидете не знам каков талент и да немате ништо од тоа. Извинете, ве молам, ама тука разноразни пејачки се многу богати и живеат во некои замоци. Живеат на висока нога. Дали знаете како живеат уметниците? Тие живеат премногу тешко. Поети, сликари и скулптори – како живеат, тие си знаат, тоа е страшно“, вели некогашната актерка, која зад себе има многубројни актерски улоги, како и албуми и песни.

Симеон Атанасов: Пишувам книга за мојот живот со Стево и Есма

Симеон Атанасов (44), посвоениот син на Есма и Стево Теодосиевски, чии две деца го носат нивното име, од својата седма година живеел со своите музички ментори во Белград, најпрво свирејќи на тарабука, а потоа станал ученик во естрадното училиште на Стево Теодосиевски и член на „Есма – ансамбл Теодосиевски“. Подоцна почнал да свири на хармоника и станал врвен музичар, но и композитор. Тој е автор на голем број песни што Есма ги снимила, а по смртта на Стево станал лидер на „Есма – ансамбл Теодосиевски“, подоцна „Есма бенд“, и настапил на повеќе од 3.000 концерти, на сите континенти.
Тој ни откри дека веќе подолг период пишува книга, чиј работен наслов е „Професор Стево и ние“, во која ќе открие многу непознати работи поврзани со неговиот и животот на сите деца што ги посвоија сопружниците Теодосиевски.
– Книгата почнав даја пишувам уште пред да почине Есма. Ќе биде многу искрена, ќе кажам многу работи, едноставно ќе си го отворам срцето. Знам дека многумина ќе бидат изненадени. Ќе стане збор и за нашето одење на „Евровизија“ и замената на песната „Империја“, чии автори бевме јас и Борче Нечовски, за недавањето дозвола за градење куќа на Водно, за големите успеси, концерти, турнеи, средби, но и разочарувања. Соработувам со писателот Александар Кујунџиски од издавачката куќа „Антолог“, кој ми помага во пишувањето – ни откри Атанасов.

Судот во Стразбур наложи Македонија да им исплати отштета на тинејџери Роми

Како што соопшти ЕЦПР, судот пресудил врз основа на недостатоци во истрагата, но не судел за нечовечкиот и деградирачки третман, со кој се соочиле тужителите (член 3 од Конвенцијата), ниту поради дејствијата на јавниот обвинител или на полициските службеници кои биле дискриминирачки (член 14 од Конвенцијата).
-Судот ѝ наложи на македонската Влада на Ромите, кои се сега на возраст од дваесет и три и деветнаесет години, да им исплати износ од по 7.500 евра, соопшти ЕЦПР.
Од ЕЦПР информираат дека инцидентот се случил на 19 мај 2014 година, кога тужителите Роми биле на возраст од шестнаесет и тринаесет години.
-Полициските службеници, припадници на Скопската единица „Алфи”, барале двајца силеџии, кои биле пријавени дека нападнале и ограбиле дваесет годишна жена во близината, кои биле опишани како мажи со темен тен, на возраст помеѓу шестнаесет и осумнаесет години. Полициска патрола ги воочила двајцата малолетници, веднаш ги нападнала на улица, а потоа шеснаесет годишникот го однеле во полициски притвор, каде наводно било тепано неколку часови. Кога во полициската станица Центар дошол неговиот татко, на момчето му било кажано „најди ја чантата или ќе те убијам пред татко ти.” Под закана момчето потпишало признание за кражба на чанта од дваесетгодишна девојка. Тринаесет годишното момче изјавило дека полициските службеници му удирале шлаканици и викале по улицата „вие Циганите лажете и крадете!”, се наведува во соопштението од ЕЦПР.
По инцидентот, полицискиот инспекторат негирал било каков наводен престап сторен од страна на службениците, изјавувајќи дека полициските службеници не ги пречекориле своите овластувања.

Кој е Џо Бајден, 46-от претседател на САД ? 48 години во политика преживеал семејни трагедии.

После семејните трагедии, два неуспешни обида за освојување на Белата куќа и изборната кампања што ја наруши пандемијата, политичкиот ветеран Џо Бајден (77) ги убеди Американците дека тој е личноста што ќе ги обедини по Доналд Трамп.
До самиот крај, Бајден останува верен на пораката што ја потенцираше при објавувањето на својата кандидатура во април минатата година - „Ние водиме битка за душата на Америка“.
Во ноември 1972 година го прослави својот избор за американски сенатор, како петти најмлад во историјата, опкружен со среќно семејство. Еден месец подоцна, неговата сопруга и ќерката загинаа во сообраќајна несреќа, додека неговите двајца синови беа повредени. Неговата политичка кариера е долга, полна со контроверзни епизоди, но и успеси со кои со задоволство се фали. Харис ќе биде првата афро-американска потпретседателка во историјата на Соединетите држави. Таа има индиско потекло по мајка. „Татко ми секогаш велеше - шампиони, големината на човекот не се мери со тоа колку пати паднал на земја, туку со тоа колку време му требаше да застане на нозе“, често се сеќава тој.
Водејќи кампања за него низ целата земја, неговата сопруга Џил Бајден (69) е дискретна во врска со тоа. Динамична професорка, таа е една од неговите најголеми адути. Двојката се венча во 1977 година и ја имаат ќерката Ешли. Бајден е многу приврзан за своето семејство. Во 2015 година, неговиот најстар син Бо Бајден почина од рак на мозок. Тој често зборува за тоа со тага. Затоа тој не се кандидираше на претседателските избори во 2016 година. Католик кој е горд на своите ирски корени, Бајден ја посетува малата црква Св. Јосиф во Вилмингтон. Во јануари, за својот покоен син, тој рече: - „Се будам секое утро и ... се прашувам дали е горд на мене?“.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 130 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот