Социјала

Ниш: Деветочлено семесјтво Азировиќ останаа на улица

Рушењето на објектот на деветчленото семејство од семејството Азировиќ , градежната инспекција го најави за понеделник на 02.11.2020.
На 23.10.2020. година градежната инспекција на семејството Азировиќ и остава решеније за рушенње на објект од 100м2,а следниот ден го корегира решението за рушење на објект од 41м2. По сите документи кој ова семејство ги има тоа е документација за 21м2 за користење уште од 1956 година. До ова сигурно не би дошло доколку со законот за денационализација не му беше вратено на стариот сопственик на кого му беше одземено.
Дали ова деветчлено семејство ќе остане на улица , и прашањето е дали се знае што се руши?

Youtube:

IN MEMORIAM: Почина Проф. Д.р Рајко Ѓуриќ

После долга и тешка болест на 02.11.2020 година во 73 година од својто живот почина еден од најголемите активисти и борец за ромски права Проф. Д.р Рајко Ѓуриќ .

Проф. Д.р Рајко Ѓуриќ е роден на 3 октомври 1947 година во местото Мало Орашје, Србија. Тој во 1971 година на белградскиот универзитет (Филозовски факултет)  дипломираше филозофија. Во 1985 докторираше социјологија. Беше соработниик во Српската академија на науки –САНУ , кој и му ја издаде книгата „Непознаници за Ромите„ . Во самиот зборник на САНУ објавени се повеќе негови текстови за културата и Холокаустот на Ромите. Инаку Ѓуриќ е автор на голем број книги, научни дела и публикации кој се објавени во Ех Југолавија, Србија, Австрија, Франција, Хрватска, Италија, Јапонија, Унгарија, Македонија. Германија, Полска, Романија, САД, Словенија, Шпанија, Шведска и Велика Британија. Меѓу научните дела посебно место завземаат „Истроја на Ромите„ „Историја на ромската литература„ и „Историја на Ромскиот холокауст„. Тој исто така ја напишал и „Граматика на ромскиот јазик„ и студијата „Ромски глаголи, нивното потекло и значење„, кој всушност преставува и прво научно –истражувачка работа на овој вид во светот. Беше стручен соработник и преведувач во филмот на Саша Петровиќ „Скупљачи перја„, како и соработник и косценарист во филмот на Емир Кустурица „Дом за бесење„ каде исто така беше стручен соработник и преведувач.

Беше предавач на многу европски универзитети. Добитник е на повеќе домашни и странски признанија. На четвртиот конгрес на ИРУ во 1990 во Полска беше избран и за нејзин претседател. Беше и пратеник во Српското собрание. Инаку Проф. Д.р Рајко Ѓуриќ минатат година беше и дел од документарецот на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ каде во својот дел ги подели своите познавања во врска со Ромската историја.

Во Македонија секој петти жител е сиромашен

Стапката на сиромашни лица во 2019-та година била 21.9 отсто, објави денеска Државниот Завод за статистика. Сиромашни се семејствата со 4 члена. Домаќинства каде живеат двајца возрасни и две деца е 19.5 проценти, односно секое 4-то семејство во оваа категорија е сиромашно. Највисока стапка на сиромаштија има во семејствата со три и повеќе деца,  во оваа категорија 45,3 отсто или скоро половина повеќедетни семејства се сиромашни. Критично ниво на сиромаштија имаат и самохраните родители со деца каде 42.8  отсто се сиромашни. Најмала стапка на сиромаштија има во категоријата самечки домаќинства (еден возрасен член на возраст од 65 години и повеќе) и таа изнесува 3.2 отсто, а стапка на сиромаштија под 10 отсто имаат и самците. Стапката на сиромашни вработени лица е 8.8 отсто, додека стапката на сиромашни пензионери е 7.8 отсто.  Според податоците, во 2018 година, стапката на сиромашни лица во Македонија изнесуваше исто така 21.9. отсто.  Во 2017 година, стапката на сиромашни лица беше 22.2 отсто. 

Шахпаска: Ќе го решиме проблемот со неевидентираните Роми во Матичната книга на родените

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска учествуваше на министерскиот состанок „Интеграција на Ромите” во Тирана, Република Албанија , преку видео обраќање преку кое ги пренесе главните пораки поврзани со темата на министерскиот состанок.
Таа истакна дека Владата на Република Северна Македонија преку ресорните министерства имплементира Проекти и подготви Законски решенија во решавањето на проблемите и постигнувањето на одредени цели како што се: образованието, вработувањето, усвојувањето на Законот за лица неевидентирани во Матична книга на родени, пилот проектот за Интеграција на Ромите 2020 којшто во моментов се имплементира во Република Северна Македонија, а предвидена е подготовка на Методологија за воспоставување на соодветен механизам за следење и известување за политиките за интеграција на Ромите, преку политики за следење на достигнувањата дефинирани во Декларацијата, со вклучување на Државниот завод за статистика.
Дополнително, оваа методологија ќе биде во согласност со Истражувањето за Роми кое го спроведува Европската агенција за основни права во земји членки на ЕУ, но и во Северна Македонија и Србијa- рече министерката Шахпаска.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 177 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот