Социјала

До сега решено е прашањето за 1.770 апатриди во БиХ

Во Босна и Херцеговина релативно има малку апатриди во однос на состојбата во светот. Според проценките на УНХЦР моментално околу 100-тиина луѓе се со ризик на апатриди во БиХ, кој ги вклучува и тие кој не се регистрирани. Ромите се најголем процент без државјанство или нерегистрирани лица и тоа само поради недостаток на документација.
Од 2014 година кога УНХЦР ја подигна кампањата #IBelong, БиХ направи значаен исчекор во решавање на прашањата за апатриди односно намалување на бројот на лица кои немаат државјанство.
Инаку апартридноста има изразито негативно влијание во живото на поединци. Државјанството е документ за полноправно учество во општеството и преставува предуслов за иставруб=вање на низа човекови права како шшто е здравството, образованието и др.
Денес апартирдноста преставува значаен проблем кој има влијание врз околу 10 милиони луѓе низ светот кои немаат државјанство и поради тоа се наоѓаат во правните лавиринти.

Link: http://www.portal-udar.net/do-sada-rijeseno-pitanje-apatridije-za-1-770-osoba-u-bih/

Бугарија: Адвокатката Миглена Михаилова: Ромите треба да бидат вклучени како попишувачи

Ромското граѓанско здружение исто така ги поканува Ромите да се приклучат како попишувачи. Продолжениот рок за регрутирање попишувачи истекува на 16 ноември.
Во 2011 година, реалниот број Роми во Бугарија не беше соодветно рефлектиран во пописот, објасни во програмата „Пред сите“ Миглена Михајлова од движењето „Постојана конференција за Ромите“. Меѓу причините, таа го потенцираше стравот од слободно изјавување на етничко потекло. „Ова е т.н. стигматизација во нашето општество кон ромската заедница “. Собраните податоци влијаат на планирањето и финансирањето на разни јавни услуги, како што се здравството и образованието. На државата и се потребни за правилно распределување на јавните ресурси, тврди Михајлова.
Според адвокатот, ромската заедница како дел од бугарското општество треба да учествува и да се вклучи „во овој тежок процес за државата“. Се собираат податоци што можат да ја подобрат состојбата во ромската заедница и во целото општество во наредните години, изјави Миглена Михајлова за БНР. Според Михајлова, финансискиот аргумент не води во оние што изразија желба да вклучат претставници на ромската заедница.

Платите се високи, талентот се чува: Топ 10 земји во Европа, кои најмногу ги ценат работниците

Швајцарија е прогласена за најдобро место во светот за привлекување и грижа за квалификувани работници четврта година по ред. Земјата од Централна Европа ги остави Данска, Луксембург, Исланд и Шведска на светската листа за таленти на ИМД, објавена во четвртокот. Швајцарија е пофалена за нејзиниот висококвалитетен образовен систем и фокусот на талент, како и за можноста да привлече професионалци од странство со висок животен стандард и силни плати. Данска се претстави добро во однос на еднаквите можности низ целото општество, а Луксембург се истакна во однос на континуираното инвестирање во својата работна сила во последните неколку години. Еве ги првите 10 земји на списокот со 63 пазари, главно водени од Западна Европа:
Швајцарија
Данска
Луксембург
Исланд
Шведска
Австрија
Норвешка
Канада
Сингапур
Холандија
САД го зазедоа 15-то место, рангирајќи се зад Германија (11), Австралија (13) и Хонг Конг (14). Ирска е на 18-то место, Тајван на 20-то, а Велика Британија на 23-то место.
На дното на листата се наоѓаат Русија, Бугарија, Мексико, Романија, Колумбија, Бразил, Венецуела, Словачка, додека Индија и Монголија се последни на списокот. Србија не е опфатена со истражувањето.

Ромите на Косово живеат на маргините на општеството м вложување во образованието е непоходно

Во време на пандемијата и борбата против корона вирусот положбата на Ромите од Косово дополнително е отежнат, а нивната економска состојба е незавидно ниво, смета преставникот од ромската заедница од Косово Газмен Салијевиќ.
“Свесни сме сите за пандемијата, но треба да мислиме и на слабите група на граѓани конкретно за Ромите. Голем број на Роми живеат од социјални примања, собираат секундарни суровини или физичка работа. Со пандемијата семејствата не се во можност за заработка, да ги нахранат своите деца„ вели Салијевиќ.
Тој напомена дека оние Роми кој останаа да живеат на Косово и да се борат за опстанок , за еднаквост и против предрасуди.
“Ниту една институција , било политичка, социјална или културна , не се занимаваа сериозно со решавање на проблемите кој ги имаат Ромите на Косово„ наведува Салијевиќ.
Тој потсетува дека Ромите се на маргините на општеството, но не по своја волја туку по желба на системот кој континуирано ги дискриминира.
“ и покрај добрата волја за интеграција , за соживот, ниту политичкиот нити општествениот систем не се подготвени да ни помогнат и не се искрени со заеднички сили да ги пребродиме стереотипите и се останато кеде мнозинското население сака да не етикетира„ оценува тој.
Инаку Салијевиќ дека на Ромите од Косово им недостига програмско инвестирање во образованието, затоа што без едукација не може да се очекува здрава нација со иднина.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 348 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата