Социјала

„Од Роми до Џерси“

Веројатно не постои такво нешто како типична приказна за посвојување, но ако требаше да има една, таа сигурно не би била на Џаел Шустерман Адлер.
Џаел, која порасна во Форт Ли и сега живее во Рандолф, секогаш знаеше дека е посвоена. Нејзините родители, Марси и Херб Шустерман, никогаш не ја чуваа таа вистина од неа. Но, никој од нив не зборуваше многу за тоа и Џаел не беше многу заинтересиран за тоа. Израсна како среќно единствено дете, блиско до семејството, негувано од родителите и сигурно во нивната љубов. Таа не изгледаше особено како нејзините родители, но не сите деца, и не се истакнуваше како не е нивна според ДНК. Но, пред само околу две години, откако почина нејзиниот татко, и помагаше на нејзината мајка да го расчисти нивниот стан кога наиде на документи за нејзиното посвојување. „Тоа беше ризница“, рече Џаел. „Тоа беше злато. Тоа беа работи што никогаш порано не сум ги видел; беше возбудливо и интригантно. И јас само што наполнив 30 години - голема роденденска пресвртница. Така, тоа ме натера да размислувам - сега ги имам сите овие информации пред мене. Што да правам? Дали го игнорирам? Да продолжам со мојот живот? Или, да обрнувам внимание на тоа “.

Link: https://jewishstandard.timesofisrael.com/from-gypsy-to-jersey/?fbclid=IwAR0HCmLglFQRQuJOHnfCNNHFsLnOofmANgT12wClCd6wfKSP8iy4ZBROWDI

Срѓан Шајн: На Косово страдаа и Роми , зошто во јавноста во Србија не се споменуваат како жртви?

Претседателот на Ромската партија Срѓан Шајн, на министерката за човекови права и права на малцинствата Гордана Чомиќ побара јавноста во Србија да се зборува и за Ромите како жртви на злосторствата направени од страна на ОВК каде и започна судењето во Хаг. Шајн во пишана форма наведе дека „неспомнувањето на Ромите од страна на дел од јавноста која зборува за жртвите на лосторствата е најгрозна навреда на човечкото достоинство„ „Ние го разбираме ставот на судот и обвинителството кој во одреден момент зборува само за жртвите , но не ги разбирам другите кој за ова говорат селективно„ напомена Шајн. Тој напомена дека „почитувањето кон сите жртви и борба против екстремизмот се основен предуслов за воспоставување на дијалог„, и затоа ја повика министерката да реагира и јавно да ги повика сите за жртвите да се изјаснуваат коректно. „Верувам дека ќе реагирате и дека ќе најдете начин да покажете подготвеност да се борите дека и Ромите , а исто така и други етнички заедници не бидат само „колатерална штета„ за големите интереси„, напомена Шајн. Тој надополни дека „ Во Косово без своја волја ја напуштиле околу 100.000 Роми , и дека голем број од нив се исчезнати или убиени„

Link: https://www.danas.rs/drustvo/sajn-na-kosovu-su-stradali-i-romi-zasto-se-u-srpskoj-javnosti-ne-spominju-medju-zrtvama/?fbclid=IwAR1cwN5y2Q1zVn8W5XtasPX92x3O4NX7llSp7duq2qaEN8BaavchAayHdEQ

 

Дел од ромските политички лидери во стилот: „Дај што ќе дадеш шефе, подобро нешто – отколку ништо„

Владата му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонијапат“ – Скопје да го избере Самка Ибраимовски за в.д. заменик-директор.
И веднаш Самка се пофалим дека го предложиле на таа „многу битна„ позиција!. Според него многу е важно да си в.д. заменик-директор!
Бившиот пратеник, министер и заменик министер сега тој си се обезбеди со „фотелја„, а неговите сопартици од ПЦЕР нека „висат„.
Ете „шефот„ ја покажа целата своја заложба и борба за народот кој тој го застапува, а тоа е битно - заменик директорско место за него.
Е шефе, шефе, вријат социјалните мрежи од стилот од „коњ на магаре„ и слично. Луѓето плукаат по тебе, а ти мислиш роси. Како ќе излезеш пред тој твој ромски народ, утре или задутре да бараш глас? Врз база на што? Дали веруваш дека подобро ќе беше да останеше „Министер за афоризми на ФБ„, него вака. Ама нејсе нека ти е со среќа в.д заменик директор на „Македонија пат„ и нека ти е отворен патот – надвор од политиката!

Групирањето надвор забрането, ама затоа во „кластер ЈСП“ е дозволено и во најцрните денови

Македонија се соочува со нови црни денови на пандемијата, но со стари проблеми кога е во прашање заштитата на здравјето на граѓаните. Автобусите на ЈСП и натаму продолжуваат да бидат кластери на корона вирусот.
Застрашувачки слики се појавија на социјалните мрежи на кои се може да се види толку преполн автобус на ЈСП што ни врата не може да се затвори. Иако проблемот постои уште од првиот ден на пандемијата, власта и Град Скопје го игнорираат дури и сега кога заразата е рекордна, а Македонија е во друштво на земјите со највисока стапка на смртност од корона вирусот, на милион жители.
Завчера беше еден од најцрниите денови, во земјава имаше 1.321 заразен и 26 починати од корона вирусот, а само во Скопје високи 583 заразени и 7 починати.
И додека власта штеди на здравјето и животите на граѓаните и на очиглед ги прави сите будали, автобусите на јавниот превоз остануваат да бидат едно од најопасните места како извор на зараза среде пандемија.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 355 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата