Социјала

Тузла: Мехмедалија Суљиќ – Приказна за лавот

Мехмедалија Суљиќ (20) е од Тузла, Босна , и живее во една од многубројните ромски населби. Поради сплет на околности мораше да се откаже од школувањето во средно. Тој многу млад тргна во борба со животните предизвици за да им помогне на родителите. Беше добар ученик но живото го насочи на друга страна. Моментално се занимава со боречки вештини , и пред се е скромно момче кој е воедно и идол меѓу ромската заедница.
Мајката на Мехмедалија е болна од тумор и е парализирана. Татко му е болен од срцеви болести. Единстевни примања му се околу 80 евра месечно што едвај стигнуваат за лекарства.
За останатиот дел Мехмедалија лавовски се бори во рингот и надвор од него.
Тој за време на школувањето започна активно да се занимава со кик –бокс каде потоа заплови и во професонионални води. , каде бележи добри успеси. Во 2018 го прекина школувањето, и воедно престана да тренираПотоа најде работа во Бинго но поради пандемијата сега е и без таа работа. Сега работи за мали дневници, и се надева дека еден ден повторно ќе може да тренира, натпреварува и така да им помогне на родителите. Инаку за чеќење на неговата мајка Ремзија отворена е и хуманитарна телефонска линија за помош на бројот со префикс за Босна и 090 292 006 каде донираат по 3 KM (1.5 евро) за нејзино лечење.

Link: http://www.portal-udar.net/mehmedalija-suljic-prica-lava/

Викендов се одржа Фестивалот „Ден на граѓанските организации 2020“

мобилитас „Ден на граѓанските организации“ во Градскиот парк на Школка, Скопје. Настанот траеше од 10 до 16 часот. На Фестивалот учествуваа над стотина Невладини организации, Асоцијации, Здруженија од државава. Тие таму земаа учество со креативна акција, презентација на штанд или двете.
Преку вакво неформално дружење, граѓаните имаа можност подобро да се информираат за работата на граѓанските организации, и воедно и самите НВО да го зголемат нивниот ангажман.
Поради моменталната ситуација, бројот на учесници на настанот беше ограничен

Здружението “Есма Реџепова и Стево Теодосиевски ” бара средба со премиерот Заев: Државата веќе четири години не се грижи за “Музејот на Есма и Стево Теодосиевски“.

Здружението “Есма Реџепова и Стево Теодосиевски ” здружение кое го негува и промовира ликот и делото на овие наши славни уметници, како и сите членови на ансамблот Теодосиевски, деновиве донесоа одлука за собирање на граѓански потписи со што ќе бараат состанок кај Премиерот Зоран Заев, за да го искажат своето незадоволство поради тоа што куќата е ограбена и запуштена.
Здружението воедно и ќе побара одговорност затоа што Државата веќе четири години не се грижи за како што велат “Музејот на Есма и Стево Теодосиевски“. Министерство за култура според нив е единствен тестаментален наследник должен да даде образложение. – Бидејки спорот се уште не е решен ќе бараме одговор од премиерот на Република Македонија. Ги известуваме сите почитувачи на ликот и делото на Есма и Стево Теодосиевски дека дополнително ќе бидат известени за кој ден ќе поставиме штанд во центарот на градот на кој ќе можат сите да ја дадат својата подршка, со својот потпис.
-Од смртта на Есма помина веќе 4 години, а државата не покажа никаков интерес за куќата на моите ментори и родители Есма и Стево, - напоменува Симеон Атанасов.
Ни еден уметник како Есма и Стево не го оставил својот имот на државата кој го стекнал за време на својата кариера. Затоа надлежните не смеат да дозволат тој објект да се урива, додава Симеон Атанасов

Денешниот свет: Мажи и жени лево и десно, меѓу етнички поделби... Ние и вие... Верба против науката.

Ако соберете 100 црни мравки и 100 црвени мравки и ги ставите во голема стаклена тегла, ништо нема да се случи. Но, ако ја земете теглата и ја тресете насилно, а потоа ја оставите на маса, мравките ќе почнат да се убиваат меѓусебно. Црвените веруваат дека црните се непријател, додека црните мислат дека црвените се нивниот непријател.
Сепак, вистинскиот непријател е оној кој го ′′ потресе ′′ својот свет - е личноста која ја потресе теглата. Истото се случува и важи за повеќето спорови во едно општество.
Мажи и жени лево и десно.
Меѓу етнички поделби... Ние и вие...
Верба против науката.
Меѓурелигиски судири и многу други поделби кои водат кон социјален раздор.
Пред да се скараме едни со други, треба да се запрашаме: Кој-и зошто-ја тресе теглата?

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 105 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата