Социјала

Четрите важни цитати на познатата филмска ѕвезда Чарли Чаплин

Чарли Чаплин живеел 88 години
Тој ни остави 4 изјави:
(1) Ништо не е вечно на овој свет, дури ни нашите проблеми.
(2) Сакам да шетам на дожд затоа што никој не може да ги види моите солзи.
(3) Најмногу изгубен ден во животот е денот кога не се смееме.
(4) Шест најдобри доктори во светот.
1. Сонцето,
2. Одмор,
3. Вежбање,
4. Диета,
5. Самопочитување
6. Пријатели.
Држете се до нив во сите фази од вашиот живот и уживајте во здрав живот.
Ако ја видите месечината, ќе ја видите убавината на Бога.
Ако го видите сонцето, ќе ја видите Божјата сила.
Ако видите огледало, ќе ја видите најдобрата креација на Бога. Затоа верувајте.
Сите сме туристи, Бог е наш туристички агент кој веќе ги идентификувал нашите патишта, резервации и дестинации... верувајте му и уживајте во животот.
Животот е само патување! Затоа, живејте денес!
Утре може да не биде.

Ахмет Јашаревски еден од главните креатори на подршка на локалниот економски развој во општина Куманово

Ахмет Јашаревски е долги години познат Ромски активист од Куманово, воедно познат и во национални и интернационални рамки. Тој е и Директор РЦЦ ДРОМ од Куманово. Тој и неговиот тим имаат реализирано многу програми и проекти тесно повзани со Ромската заедница.
Во ја врши функцијата Соработник за подршка на локален економски развој во општина Куманово.
Со својот ненаметлив и професионален пристап може да се каже дека е еден од главните креатори на Годишната програма на ооделението за локален и економски развој на оштината Куманово за 2020 година.
Јашаровски меѓудругото е креатор на:
Изработка на Стратегија за –Локален економски развој на општина Куманново 2019-2024.
Изработка на Стратегија за Туризам на општина Куманово
Локален Еконокски Социјален Совет-Куманово со преставници од Локална самоуправа ,
Здружение на работодавачи , Синдикат , Меѓу општински центар за социјални работи ,агенција за вработување подрачна Куманово и Невладина организација .
Реконструкција на патна и канализациона мрежа во населба Средорек , со одобрени 3,200,000 средства од Министерство за транспорт и врски –Министер без ресор Аксел Ахмедовски и учество на Општина Куманово со дополнителни 3,000,000 денари .
Изработка на проектни документаци четири елаборати во ромски населби во висина од 180,000 денари финансирани од Министерство за Локална самоуправа .
ReLOaD Програма на УНДП во партнерство со Општина Куманово и Ц.Р.З-ДРОМ изградено Детско игралиште во ромска населба Бараке во висина од 1,045,000 денари.
Општинско корисна работа,Проект: “Креирање можности за работа за сите “ програма на УНДП вкучени 18 образовни асистенти и 2 теренски работници за помагање на ромските ученици во четири основни училишта во општина куманово .
Во тек е изработка на нова петгодишна Стратегија за роми 2021-2025 година .
Поставување на канализациона мрежа во должина од 700 метри во населба Стари Лозија
Секоја година општина Куманово одвојува 500,000 денари за имплементација на Стратегија на Ромите .

Помош за социјално загрозените Роми од Гостивар, Кичево и Дебар

Социјално загрозените семејства, занаетчии и сопственици на мали претпријатија во Гостивар ќе добијат финансиска и материјална помош преку проектот што го спроведува Care International со финансиска подршка од германското министерство за надворешни работи. Петнаесет бизниси ќе бидат подржани со ваучери, повеќе семејства ќе добијат пакети со лекарства, прехрамбени пакети и хигиенски продукти.
Преставниците на проектот имаа средба со локалната самоуправа која го презентираше проектот, и плановите за негова реализација.
Љуарза Мухади координатор на проектот рече дека освен во Гостивар проектот ќе се проведе и во Кичево и Дебар. Како што напомена со овој проект треба да се олесни тешката економска состојбакоја дојде како резултат од пандемијата. Проектот ќе трае до крајот на годината и е во вредност од 40.000 евра.
Мухамед Точи од Хуманитарното здруженије „Месечина„ од Гостивар посочи дека проектот има четри групи, односно пакети. Со нив ќе бидат опфатени семејства и 15 локални бизниси . Акцентот ќе биде ставен на ромското население и други маргинализирани групи.Помошта е поделена во четри групи, односно пакети. Првиот пакет се состои од хигиенски артикли во вредност од 20 евра, и ќе бидат опфатени 250 семејства од Гостивар, Кичево и Дебар. Вториот пакет е составен од прехрамбени пакети и ќе опфати 45 семејства. Третиот пакет е со лекови и ќе опфаќа 40 семејства. Четвртиот пакет се однесува на 15 локални бизниси и компании кој соджи ваулер во вредност од по 500 евра. Во вој проект ќе бидат ангажирани околу 50 волонтери.

Европскиот комесар за еднаквост Хелена Дали со писмо до претседателот на ИРУ Зоран Димов: „ Ја цениме работата на ИРУ„

Деновиве до Кабионетот на ИРУ адресирано до Претседателот на ИРУ Зоран Димов пристигна писмо од страна на Европскиот комесар за еднаквост Хелена Дали каде меѓудругото се вели:
„Почитуван г-дин Димов, ви благодарам за писмото во име на Интернационалната Ромска Унија - ИРУ. Ние како Европска комисија го цени дијалогот и соработката со граѓанското општество. Ја цениме работата на ИРУ и нејзиното активно вклучување во прашањата што се однесуваат на Ромите. Сакам да ве уверам дека Комисијата го промовира учеството на Ромите во креирањето политики на локално, национално и ниво на ЕУ и исто така ја истакна нејзината важност во новата стратешка рамка на Ромите на ЕУ. Граѓанските организации предводени од Ромите, вклучително и ИРУ, се особено важни актери во нашата работа во однос на еднаквоста, вклученоста и учеството на Ромите. Европската комисија обезбедува простор и вистински платформи за дијалог и конструктивни дискусии за вклучување на Ромите со членовите на граѓанските општества кои градат сојузи и доверливи партнерства. За да се направат долготрајни позитивни промени за Ромите, ЕУ и меѓународните организации, земјите-членки, граѓанските организации, академските институции, Ромите и општеството во целина мора да работат заедно, учејќи се и поддржувајќи се едни со други. Се радувам на нашата постојана соработка со вас и другите ромски и про-ромски граѓански организации за изградба на здраво и одржливо социјално опкружување и за промовирање на еднаквоста, вклученоста и учеството на Ромите низ цела Европа. Со почит, Хелена Дали„ се вели во писмото на Европскиот комесар за еднаквост Хелена Дали.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 121 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата