Социјала

Србија: Меѓу Ромите има и заразени и починати од КОВИД 19, но нив не ги интересира

Вирусот е присутен и во ромската заедница , има и заразени и починати, но за тоа не се зборува многи, изјавија за пткаст „Реагирај„ преставниците од ромската национална заедница во Србија.Тие потсетија дека повеќето Роми во Србија живеат во нехигиенски услови каде многу често нема ниту вода, ниту електрична енергија, и за време на пандемијата вовглавном се препуштени сами на себе.Се додава дека младата почппулација на Роми има потешкотии и со следење на онлајн настава затоа што немаат услови за тоа и потребните алатки (интернет, таблети смарт телефони..)
Истовремено и голем е бројот на Роми кои поради пандемијата останаа без работа и основна егзистенција.Инаку според некој неофицијални бројки во Србија има над 590 неформални населби каде официјално живеат околу 150.000 Роми, додека неофицијалните бројки се три пати повеќе.

Пoпис најдоцна во април!

Европската унија како услов го поставува пописот пред отпочнување на преговорите

Владата повторно го испраќа предлог Законот за попис во собраниска процедура, со надеж дека Македонија по 18 години конечно ќе се преброи. Очекувањата се дека статистичката операција би се извела најдоцна во април наредната година, а токму ова прашање било и дел од коалицискиот договор на владејачките партии.

Првиот човек на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски вели дека институцијата е веќе одамна подготвена да го спроведе пописот, бидејќи, како што вели, тој претставува обврска, како кон граѓаните, така и кон државата.

– Пописот е прв приоритет и од страна на Брисел и се надевам дека законот што поскоро ќе добие зелено светло во Собранието. Спроведувањето на пописот е бенчмарк, односно де јуре и де факто услов за отворање на кластерот посветен на правдата во преговорите со ЕУ, бидејќи во него, како поглавје 18 е токму статистиката, како и делот за правосудството, т.е. поглавјето 23 со кое ќе стартува преговорачкиот процес, изјави директорот на Заводот за статистика, Симовски.

Кој бил Јозеф Менгеле, попознат како „Ангел на смртта„

Јозеф Менгеле (германскиJosef Mengele16 март 1911 - 7 февруари 1979) — германски лекар кој го добил пракарот „Ангел на Смртта“ поради неговите дејства во Аушвиц и другите концентрациони логори. Вршел експерименти врз луѓе, а бил задолжен и за организацијата во логорите: во гасните комори пратил околу 400.000 луѓе, како и Адолф Ајхман. Роден е во ГинцбургБаварија.

Се борел како член на V Дивизија на СС-овците и добил Железен крст во првиот и вториот ред. Во Аушвиц правел разни неетички експерименти. Тој е во некои области заслужен за напредокот на медицината денес но не сите експерименти на Менгеле биле од научна вредност, вклучувајќи ги и обидите да ја промени бојата на очите со што вбризгувал со инекција хемикалии во очите на децата, ампутации на екстремитетите, тој вршел и операции (експерименти) врз мозокот на луѓето без анестезија и многу други брутални операции.

 

Менгеле бил најстариот син во семејството. Татко му Карл бил индустријалец кој го основал основал претпријатието „Карл Менгеле и синови“. Имал два брата. Се женел двапати и имал син Ралф.

 

Субјекитите на истражувањето на Менгеле беа подобро исхранувани и чувани за разлика од обичните затвореници, и во тоа време ,беа безбедни од гасните комори. Кога ги посетувал децата- субјекти, тој се претставувал себеси како "чичко Менгеле" и им нудел слатки. Некои од преживеаните, се сеќаваат дека и покрај неговите ужасни акти, тој исто така бил нарекуван "Заштитникот Менгеле". Во книгата Деца од пламен, има белешки за медицинските експериментални активности на Менгеле врз околу 3.000 близнаци кои минале низ кампот на смртта Аушвиц за време на Втората светска војна до неговото ослободување на крајот на војната. Само околу 26 парови близнаци преживеале; 60 години подоцна, како деца кои ги преживеале неговите медицински експерименти и инјекции,тие се изјасниле за посебните привилегии кои ги уживале во Аушвиц благодарение на интересот на Менгеле за близнаците, како и за нивното страдање кое било резултат на тоа.

 

Link: https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%88%D0%BE%D0%B7%D0%B5%D1%84_%D0%9C%D0%B5%D0%BD%D0%B3%D0%B5%D0%BB%D0%B5

 

Во собраниските комисии ромската пратеничка Љатифа Шиковска член во Комисиите за систем и односи меќу заедниците, и Труд и социјална политика

На парламентарната сединца одржана во петокот на 11 септември Собраниските работни тела неопходни за парламентот да биде во целосна функција конечно формирани. По долгите договарања меѓу политичките партии, пратениците од 98 гласа „за“ избраа претседатели и членови на 20 комисии. Во тие комисии како член влезе и едниствениот ромски пратенник Љатифа Шиковска. Таа беше избрана за член во Комисијата за систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за труд и социјална политика. Исто така Љатифа Шиковска беше предложена и изгласана и за заменик член во Комисијата за култура.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 87 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот