Социјала

Зачудувачки расистички обид за иселување на украинската ромска заедница од селото во областа Карков

Добрата вест за антиромскиот конфликт во Андријевка (област Карков) на 29 август е дека органите за спроведување на законот се однесуваа исклучително добро, многу веројатно спречувајќи крвопролевање. Лошата вест е, се разбира, дека инцидент со членови на единствено ромско семејство бил искористен за да се разгори огромна толпа и да се испровоцираат барања да се исели целата ромска заедница во Андријевка. Едно семејство скоро сигурно останува во скривалиштето обезбедено од полицијата, а други имаат сите причини да се чувствуваат уплашени во своите домови.

Она што се случи неколку дена подоцна беше многу вознемирувачко. Постојат околу 300 Роми во Андријвка, село каде живеат близу девет илјади луѓе. Виталиј Степаненко, свика јавен состанок за 31 август (сабота наутро) на централниот плоштад, на кој присуствуваа околу 500 луѓе. Степаненко го одржа првиот, потпалувачки говор во кој тој тврди дека Ромите вршеле дела на беззаконие, хулиганство и злосторства и дека локалната полиција и властите замижувале на ова. Судејќи според некои од говорите, луѓето имаа намера да изразат општо незадоволство од властите, меѓутоа имаше изразена антиромска порака, која, особено, Степаненко ја разгоруваше. Тој конкретно ги обвини припадниците на ромската заедница за вмешаност во трговија со дрога и ја повика полицијата да организира патрола по селото и соседните региони во Доњетск.

 

Link: http://khpg.org/en/index.php?id=1599172168

РДС: Со новата позиција Директориум за ромски прашања, може да се постигнат резултати, но само со вистинска работа и висок ангажман

Денес кога се одбележуваат 29 години независност од нашата држава, едно од прашањата кои се наметнуваат е : Каде е тука Ромската заедница?. Изборите завршија, Владата се формираше, се рестриктираа дел од министерствата и меѓу нив и едно кое со децении беше наменето за Ромите –Министерството без ресор за имплементација на стратегијата за Ромите.

Во новата Владина шема сега тоа место е заменето со-Директориум. Кој ќе го води тој оддел, е сеуште непознато, но факт е дека повеќето Ромски партии и организаци, здруженија и сл. буквално се „тепаат„ кој ќе ја завземе таа позиција.

РДС од аспект на долгогодишен познавач на состојбите со ромската заедница во државата заедно со Мрежата за трајни и системски решенија составена од ромски невладини организации и здруженија, во повеќе наврати реагираше и понудуваше планови и стратегии до државните институции (Влада, министерства, парламент). Тие стратегии во суштина беа сеопфатни, и направени добри анализи, план и програма за нивна реализација и имплементација.

Но што е тука е. Сега со новиот Директориум се дава една поинаква шанса за реализација на дел од тие планови. Мислење на РДС е дека за да се решаваат тие прашања кој се поврзани со Ромската заедница во државата потребно е да се постави вистински човек како и тим кој ќе работи во следниот период. Истовремено потребен е вистински ангажман и искрени намери, без импровизации. Потребна е и конекција со сите релевантни фактори кој се прашуваат за прашања важни за ромската заедница. Фокусот на работа е потребно да биде ставен во приоритетните области кој ќе бидат предложени од страна на организации и здруженија, а не да преставува некоја форма на партиска агенда.

Според РДС тоа се во полето од социјалата, здравството, вработувањето, домувањето и воедно фокусот да биде и кон престојниот попис на население кој е закажан за 2021 година, за да се знае точната демографска слика во државата и да нема веќе простор за манипулации и фаворизирање на една а минимизирање на друга заедница.

Потребно е идниот раководител со тој директориум да бидем достапен, транспарентен , и воедно флексибилен и подготвен за соработка со сите страни. Затоа што само на тој начин ќе моѓе да се постигнат резултати од кои ќе има фајде и ромската заедница како многу важен елемент.

Тука е РДС и Мрежата за системски решенија со широки раце за соработка со сите страни.  И на крај РДС напоменува во конкретниот случај сите се еднакви и ниту еден не заслува да биде потценет, дискредитиран и никој не смее да биде ниту фаворизиран. Се работи за нацијата а не за индивидуи или една група луѓе.

СЗО издаде предупредување за Балканот: Од утре можни се нови мерки!

СЗО изјави дека Балканот е жариште на вирусот коpoна, а една од последиците ќе биде тоа што Хрватска би можела да биде вклучена во англискиот карантински список, почнувајќи од денес.

Претставниците на СЗО рекоа дека биле „загрижени за Балканот од почетокот на јуни“, поради големиот прилив на туристи во овие области и големото зголемување на заразените случаи.

Се стравува дека туристите кои се собрале на Балканот ќе ја шират инфекцијата и понатаму, па затоа е можно Хрватска да биде прва од регионот на ризик што ќе заврши на „црвените списоци“, што значи дека на британските граѓани ќе им се советува да не патуваат таму освен во итни случаи, и дека дводневната карантин ќе ги чека при нивното враќање.

Состојбата на Балканот нè загрижува уште од почетокот на јуни, кога видовме дека расте бројот на случаи. Ќе мора да преземеме соодветни чекори за да се обидеме да спречиме појава на инфекција – рече д-р Кетрин Смалвуд од СЗО, додавајќи дека строго се следат сите бројки.

Во Хрватска тие цела недела се борат со зголемувањето на бројот на заразени лица, а вчера имаа најголем број новозаразени лица во текот на целиот месец. Ова ќе предизвика вистинска хистерија кај Британците кои веќе се во Хрватска или планираат одмор таму, затоа што при враќањето не сметаа на задолжителен карантин.

И, слична судбина, се чини, ја чека и Грција. Бројките растат и кај нив, но сè уште не се драматични, велат од СЗО.

Европски парламент: Барање за борба притив социјалната исклученост на Ромите, сиромаштија и антиромско расположение

Одоборот за граѓански слободи во четврток ја усвоија резолуцијата каде се осудува антиромското расположеније, кој Ромите во Европа се најподложни како и во сиромаштија и социјална инклузија.
ЕУ и нејзините членки се борат против структурниот антициганизам и донесување закони каде Ромите ќе имаат еднаков пристап во домувањето, образованието, здравство и вработување , соопштено е од Европскиот Парламент.
Текстот за кој ќе се најде на пленарната седница и ќе се гласа во октомври е усвоен со 52 гласа –За. 9 – против и 5 воздржани.
Предлогот би требало да содржи план за елиминација на нееднаквост во домувањето , здравството, вработувањето и обазованието , и посебна обврзувачка цел за подобро вклучување . Напорите е потребно да бидат убрзани во сите држави членки на ЕУ, посебно со оние Роми каде има голем број на Роми, велат членовите во Европскиот Парламент.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 435 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата