Социјала

Институт за општествени науки: Потешко до вработување ако сте Ром/ка?

Дали е точно тврдењето дека ако сте Ром/ка потешко е да се најде вработување во Србија и дали е тоа предрасуди или вистина?
Тоа е едно од прашањата на кој се бара одговор во новот истражување на Институтот за општествени науки во Србија.
Организаторите на ова истражување се акцентира дека Ромите се соочуваат со бројни предрасуди кој беа основа за дискриминација и со тоа и бариера за остварување на правата за работа на ромската националност.
„Анкетата која се спроведе би требало да потврди или ја негира таа состојба со сегрегацијата и дека е силна бариера за остварување на тие права„ валеат организаторите.
Последните податоци велат дека нивниот борој е околу 29 илјади припадници од ромската националност.
Праксата покажува дека Ромите ретко се вработуваат во администрација, а најчести вработувања се со ниска квалификација и физички работници.

БиХ: Ромите без здравствено осигурување во времето на пандемијата

“Се што работиме , работиме под голем ризик. Немаме ниту ракавици ниту маски. Не смееме ниту да допираме, а со години собираме секундарни суровини и на тој начин заработуваме за да го прехраниме семејството„ напоменува Мишо Узеировиќ од Бања Лука.
Според неговите зборови , ромската популација во БиХ е заборавена, нарочито во време на пандемијата со коронавирусот.
“ Нормално дека се плашиме и имаме страв, но тоа никому не ми е грижа„ вели Мишо. Голем број на Роми за време на пандемијата останаа без работа.
Според ромските владини преставници повеќето ромски семејства живеат во сиромаштија , и вовглавном се занимаваат со собирање на секундарни суровини.
“Тоа беше невозможно за време на пандемијата и превземените рестриктивни мерки. Истовремено и Ромите кој беа вработени во јавниот сектор, околу 30% од нив за време на оваа криза, завршија на улица. Тоа е огромен хендикеп и дискриминациа„ велат од таму.
“Најголемиот проблем е можеби што многу Роми немаат ниту здравствено осигурување м и многумина од нив се препуштени сами на себе. Ромските маала каде живеат тие вовглавном се изолирани од остатокот од популацијата живеат на периферија од градовите и немаат поголем контакт со останатото население„ велат изворите.
Сојузот на Ромите во БиХ кон крајот на март оваа година испрати барање до Министерството за иницијатива во Владата на БиХ од фондовите и грантовите за здравствена заштита на Ромите одвојат средства во висина од 150.000 евра и да се изврши најхитна интервенција во набавка на дезинфекциони и хигиенски средства. Меѓутоа ниту по пет месеци , помошта сеуште не е пристигната.

Животни приказни на Ромите во БиХ: Секојдневието на Ромите кој останаа без работа поради короната

Живото на голем број на Роми во БиХ и пред пандемијата со коронавирусот , беше борба за опстанок. Соочување со сиромаштијата , диксриминацијата, вработување и обарзование на децата во овие неколку месеци беше уште потешко поради пандемијата.

Луѓето се на работ на егзистенција и препуштени на милост и немилост од оние кои се на власт. Најчестото прашање е како да се прехрани семејството. Храна на масата има се помалку секој ден, а работа нема. Пакетите со хуманитарна помош се добредојдени но се решение за неколку дена или седмици. Како понатаму?  Сабит Муратовиќ е еден од многумината Роми во Босна. Тој има 32 години и татко е на шест деца и заеднио со сопругата живее кај родителите.  За многумина е незамисливо да се спие во една соба  со повеќе членови, но за Сабит и семејството тоа е реалност.

Струја немаат моментално затоа што немаат пари да го платат долгот. За нив изминативе месеци беше само борба за преживување.

Семејството Муратовиќ повеќе пати се пријавило на јавни повици за доделување на станови за ромската популација, но како што вели Сабит секогаш е одбиен со напомена дека не ги исполнувал условите.

„Ние десетина спиеме во една соба. Во куќата има уште една соба но немам никаков мебел за неа. Децата растат и бараат свои соби, а јас не можам тоа да им го дозволам. Тако ми е болен  е многу е тешко„ вели Сабит.

 

Link: http://www.portal-udar.net/zivotne-price-svakodnevnica-roma-koji-su-zbog-korone-ostali-bez-posla/

Во регионот Карков имало конфликт меѓу локалното население и Ромите

Околу 500 мештани се судрија со Ромите во областа Балаклеја во регионот на Харков во Украина. Ова беше објавено во саботата од прес-службата на Националната полиција на регионот.

"Жителите на селото Андреевка, област Балаклеја, назначија мирна акција за изразување незадоволство од постапувањето на ромските семејства што живеат во оваа област. Околу 500 локални жители се собраа во ромските домови. Мирната акција се претвори во судири", се вели во соопштението.

По инцидентот, локалната полиција ги евакуирани Роми од местото на конфликтот. "Полицијата направи се да не дојде до инцидент. Јавниот ред го чуваат околу 80 полицајци и специјалните полициски единици", додаде прес-службата. Сега територијата на селото е опкружена со полиција. „Службениците за спроведување на законот ја следат ситуацијата и нема да дозволат насилен развој на настаните“, нагласи полицијата.

Според украинските медиуми, мештаните веруваат дека криминалот се зголемил во селото заради Ромите. Според нив, Ромите се вклучени и во тепањето на 19 август на еден млад човек кој живее таму.

 

Link: https://tass.ru/proisshestviya/9321619

 

Youtube:

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 138 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата