Социјала

Животот на Ромите во село: Неизвесност, тешка работа и полна надеж

Нихад Фафуловиќ е еден од многубројните луѓе кој води живот кој најчесто се зема за пример  кога се опишува живото на Ромите – преживување од ден за ден.

Нихад е татко на десет деца. Тие живеат во селото Горњи Папартници покрај Какањ во Босна. Исклучиво со својата работа каде учествува целото семејствоод најмалата Ајдина која има 6 години до таткото Нихад сите се ангажирани за да можат да обезбедат основно и единствено храна за живот.

–Ја работам оваа селска работа Никогаш не сум работел во ниту една фирма. Бев пријавен и во агенцијата за вработување и секогаш велеа „ ќе ви се јавиме, чекајте„ – вели Нихад. Во ова село тие се едно од двете ромски семејства кој живеат во многу нехумани услови. Нихад и семејството живеат во куќата од неговиот дедо која започна да се гради во 90 -тите и сеуште не е довршена.

-Јас работам со коњ на примитивен начин. Луѓето имаат трактори, машини, а јас сето тоа ги работам со коњ. Понекогаш некој од селаните ќе ме повикаат и со коњот да ископаме редови за насад на компири и тоа го работам кога морам.

 Инаку Нихад одлежа и 6 месеци затворска казна  во Бусовача поради нелегална сеча на шума, а тоа го стори за да го прехрани семејството.

  Мајката и неговите малолетни деца со неговото заминување во затвор  останаа без хранител, а скормниот детскидодаток ниту најмалку не ги задоволуваше потребите на ова сиромашно семејство. Храната која ја добиваше во затворот ја чуваше и во викендите кога доаѓаше дома ја носеше за да си ги прехрани децата.

 

Link: http://www.portal-udar.net/zivot-roma-na-selu-neizvjesnost-ocekivanja-tezak-rad-i-puno-nade/

Почина Проф. Др Трајко Петровски, врвен Ромски етнолог

На 6 август оваа година по кратко и тешко боледување на своја 68 годишна возраст почиина Проф. Др Трајко Петровски.

Трајко Петровски е роден на 18 Мај 1952 година. Докторирал во 1997 годинана катедрата по етнологија во Универзитетот во Загреб. Преку својата научно истражувачка дејност остави длабок впечаток во ромската антропологија, фолклористика, историја и јазик на Ромите како научник при Институт за фолклор “Марко Цепенков“ во Скопје. Во историјата останува како првиот доктор на науки од ромска припадност а неговите дела како важни историски ракописи. Кога во Македонија, ромскиот јазик беше во почетнички развој, Петровски го напишал првиот ромско македонски и македонско ромски речник во 1998 година. Автор е на Ромската Граматика во издание на асоцијацијата Романо Ило. Исто така, од неговиот ракопис сега засега, учат ученици Роми во основното образование. Автор е на учебниците по предметот Јазик и култура на Ромите за трето, четврто и петто одделение. Од научно истражувачката дејност, значајни дела се каландераските обичаи на Ромите и етничките карактеристики на ромското население во Македонија. Во 2017 годинаја издал и Историјата на Ромите во Македонија и Балканот. Инаку Трајко Петровски беше и дел од Интернационалната Ромска Унија - ИРУ каде даде свој голем придонеса преку Комсијата за јазик и култура и воедно имаше свои презентации за време на одржувањата на Научните симпозиујми организирани од ИРУ во полето на културата, јазикот и детали од Ромскиот Холокауст. Тој со своите научни истражувања и анализи остави длабок белег како и документи за понатамошни истражувања на тие полиња.

Како Ромите од Ниш ги надмудриле нацистите: Прејдоа во Ислам, а потоа им јавија на Србите и Евреите за гробовите

Во чест на околу 1.200.000 Роми, каде е проценето дека ширум Европа страдаа од нацистите. Инаку денот на Ромскиот холокауст 2 Август беше одбележан во спомен на 2.897 Роми кој на тој ден во 1944 година беа ликвидирани во конц логорот Аушвиц –Биркенау.

Според искажувањата на еден од познатите ромски активисти во Србија Осман Балиќ благодарениие на пријателството на неговиот прадедо и претседателот на владата на тогашна Југославија Драгиша Цветковиќ кој му даде итар совет , и спасени беа многумина нишки Роми.

- Мојот прадедо Осман Балиќ беше пријател со Цветковиќ кој ни беше и сосед затоа што моите имаа куќа на улицата Јован Ристиќ а тој живееше на улицата Козара. Исто така во Владата на Драгиша Цветковиќ двајца Роми беа пратеници , а мојот прадедо му беше лобист.  Кога виде што им се подготвува мојот прадедо отиде кај него и го замоли да се обиде да ги заштити Ромите од Германците.

Цветковиќ го посоветива да се обрати до Џематската заедница и нишките Роми да прејдат во Ислам , затоа што Германците беа пријателски расположени кон припадниците на оваа религија. Тоа и го сторија,разговараше со Германците  и им објасни дека нишките Роми се муслимани и така ги спаси , и во Ниш немаше голем прогон на Ромите. – раскажа Балиќ.

Како што истакна тоа не значеше дека Ромите пројдоа без жртви , туку спротивно , многумина од нив завршија во логорот а потоа егезекутирани на локацијата Бубањ.

- Атентатот врз германските официри во хотелот „Парк„ на 2 Август 1941 кога Александар Војиновиќ фрлил бомба врз германските официри , придонесе до голема одмазда. По принципот 100 за еден уапсени беа Срби и Роми и доведени во Специјалната полиција а потоа во логор и потоа стрелани- вели Балиќ,

Тој вели дека Србите се обидоа да ги спасат своите соседи и еден од лекарите направи итрина каде едно време Германците ги држеше едно време понастрана од ромското маало.

- Ток лекар на влезот во населбата Сточем пазар нашишал „Тифуз„ Германците се плашеа од заразата и долго време не и проѓаа на оваа ромска населба.

- Голем број на Роми се придружија на партизаните, дел во припадниците на југословенската војска и се бореа против Германците.

Колку Роми страдаа во озогласениот логор ниту ден денеска не се знае точната бројка затоа што германците за време на повлекувањето ја запалија архивата, што го практикуваа насекаде за да ги сокријат своите злодела.

Врз основа на реконструкција на документите и настаните Нардониот музеј дојде до податоци дека за време на окупацијата околу 500 Роми пројдоа низ капијата на тој логор а стрелани и убиени беа околуѕ 160 а уште 30 страдаа во интернација.

 

Link: https://www.telegraf.rs/vesti/srbija/3220925-kako-su-romi-u-nisu-nadmudrili-naciste-presli-u-islam-pa-javili-za-grobove-srbima-i-jevrejima?fbclid=IwAR2knuvlPXWDdZ08hu3x1H9yh3idlIBvjbjMHQGOLM4WLcclagg6FKLFFgI

Берлин: Немири на протестите против рестриктивните мерки во Берлин

Вкупно 18 полицајци беа повредени за време на растерување на демонстрантите во Берлин за време на собирот против воведенти мерки за сузбивање на коронавирусот, кој се одржи и покрај зголемениот број на новозаразени , информираше полицијата.

Тројца од повредентие полицајци се хоспитализирани.

На самите протесто според информациите присуствуваа над 20.000 луѓе.

Немирите настанаа кога полицијата од бината сакаше да ги тргне дел од гопворниците, каде потоа групата почна да се движи неконтролирано. Од полиоцијата велат дека организаторот не ги превзел сите мерки на безбедност.

Инаку организаторот вели дека на протестоте просуствувале околу 1.3 милиони луѓе.

 

Link: http://rs.n1info.com/Svet/a625724/Protest-protiv-restriktivnih-mera-u-Berlinu.html?fbclid=IwAR0b-c9iChd27l1G5h71UIsLcQlMCcwlHaWvEWW3YQpHyUVS5lYAfSfJPyU

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 178 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата