Социјала

По 80 години, 23 земји ќе загубат повеќе од половина од населението, Кина од 1,4 милијарди ќе „падне“ на само 732 илјади

Во светот во моментот живеат околу 7,8 милијарди луѓе. Се очекува тој број да порасне во следните неколку децении и во 2064 година да достигне 9,7 милијарди, пред да падне на 8,8 милијарди во 2100 година.

Тоа се новите податоци од последните истражувања објавени во списанието „The Lancet“, а пренесува сараевски „Дневни аваз“.

„Последен пат кога дојде до намалување на глобалата популација беше во средината на 14 век поради чума. Ако нашата прогноза е точна, ова сега ќе биде првпат да се намали светското население поради опаѓање на плодноста, за разлика од некогашните кога причини биле епидемиите или гладта.

Во дури 23 светски земји до 2100 година се очекува пад на населението за повеќе од 50 отсто. Во Кина дотогаш, според истражувањето, популацијата треба да опадне од 1,4 милијарди на само 732 илјади. Зголемување на жителите треба да има во Северна Африка, на Блискиот исток и најмногу во субсахарска Африка, која во која во следните 80 години за трипати ќе го зглеми населението.

Ромите од Ресен на улица- власта им ветила дека нема да им ја исклучат струјата, па сега се соочија со спротивното

Револтирани Роми излегоа на протест против тоа што им било ветено од страна на власта за време на партиските митинзи дека нема да им биде исклучена струјата, но сепак останале извисени.

Имено Ромите од Ресен видно разочарани од власта започнаа да протестираат со оган среде улица бидејќи како што велат биле изманипулирани од неа.

На нив им било ветено дека доколку гласаат на изборите нема да им биде исклучена струјата, а сега се соочиле со прекин на истата.

Донесена пресуда во корист на сопружници Роми , кој беа малтретирани од српската полиција

Високиот суд во Белград донесе пресуда со која се утврдува дека Министерството за внатрешни работи на Србија извршило дискриминација врз сопружниците Роми, кои биле малтретирани во полициските простории во 2017 година, откако пријавиле дека е украден нивниот автомобил, објави Европскиот центар за права на Ромите.

Во соопштението се наведува дека сопружниците биле приведени во полициската станица во Белград во 13 часот, дека полицајците го малтретирале сопругот и ја малтретирале сопругата од расни основи и се заканувале дека ќе ги одведат новните деца од центарот за социјална работа.

Во првостепената одлука судот одлучи на сопругот надомест во висина од 4.675 евра, а сопругата во висина од 1.700 евра заради дискриминација, нанесувајќи физичка болка и страдање.

Во соопштението се наведува дека сопругот морал да клекне во просторијата каде што бил опкружен од осум полицајци, дека еден од нив го удрил шлаканица и го принудил да признае дека сам го украл автомобилот и дека полицајците го пукале во стомак. Се додава дека едниот од полицајците ставил торба на главата и го задавил, додека другиот му се заканувал со пиштол.

Кога човекот побарал да се јави на адвокат, полицијата се заканила дека ќе ги одземе неговите деца. Неговата сопруга се наоѓала во соседната соба, а полицаецот ја навредувал врз основа на нејзината религија и етничката припадност на мажот, додека полицајците пиеле додека ја навредувале.

Не било дозволено да го користи тоалетот, а потоа и дозволиле да оди во тоалетот придружена од полицаец (маж), а потоа нејзиното барање да се види адвокат е одбиено, изјави ЕРЦЦ.

 

Link: http://rs.n1info.com/Vesti/a622224/Evropski-centar-MUP-Srbije-diskriminisao-supruznike-romske-nacionalnosti.html?fbclid=IwAR1deyTREs5UwGJhEWc5z_wGls9gcI-Z-nulGeo5NCkMTSiqhFOaVk2VOw4

Пандемијата со Корона вирусот го покажа вистинскиот однос на општеството кон Ромите

Со години наназад Ромите се соочуваат со разни форми на дискриминација и социјална исклученист ширум Европа. Тие се најбројно малцинство во Европа и бројат околу 12 милиони каде половината од нив живеат во земјите од ЕУ.

Дискриминацијата и изолираноста на Ромите од општеството дојде до израз токму за време на Пандемијата со коронавирусот.

Ромските активисти ширум Европа потврдуваат дека ромската заедница на големо беше изолирана во Европа за време на коронавирусот. Еден од еклантантните примери доаѓа од Бугарија , каде 7 ромски населби беа изолирани и покрај фактот дека немаше заразени.

Стереотипите кон Ромите во некој од населбите предизвикаа страв во обидите да се избегнат контакти , а температурата на Ромите се мереше со дронови.

Факт за нееднаквиот пристап е околу 15 случаеви на полициска бруталност над Ромите во Романија, Словачка, Србија, С. Македонија и Холандија.

Овој третман врз Ромите ги ибедини активистите ширум Европаи повикавуаат на креирање на одредени цели и мерки во следниот седумгодишен период од ЕУ како помош во решавање на проблемите на Ромите.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 111 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата