Социјала

Курбан Бајрам

Курбан Бајрам (ar. عيد الأضحى Eid ul-Adha)— голем исламски празник кој трае 4 дена (10-13 зулхиџет, односно дванаесеттиот месец според арапскиот календар) и се вика таканаречениот празник на жртвата затоа што тогаш се принесува жртва - курбан, обично овни и им се делат на сиромасите.

На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам - Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва - курбан која има симболика на приближување кон Бога. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност за тоа. Оние кои принеле жртва, потоа раздаваат од месото на сиромашните, соседите и роднините. На овој ден се крунисува аџилакот на аџиите кои отишле да се поклонат на Светата Ќаба во Мека.

Курбан Бајрам секогаш паѓа во ист ден според исламскиот календар, но според грегоријанскиот календар датумот е различен од година во година бидејќи исламскиот каледнар е месечев календар а грегоријанскиот каледнар е сончев календар. Месечевиот календар е приближно 11 дена пократок од сончевиот календар. Секоја година, Курбан Бајрам (како и другите исламски празници) се празнува на една од две различни грегоријански дати во различни делови од светот.

Инаку оваа 2020 година Курбан Бајрам е на 31 јули според Грегоријанскиот календар инаку Хиџретска 1441 година.

Секое домаќинство најмногу троши за храна и сметки

Податоците што ги објави Државниот завод за статистика во публикацијата „Северна Македонија низ бројки“ покажуваат дека во 2019 година најмногу граѓаните трошеле пари за храна и безалкохолни пијалоци (43.1) и за комуналии (10.8). Не заостануваат ниту трошоците за отплата на кредити и инвестирањето во недвижности. (8.0)

Околу шест проценти од вкупната потрошувачка отпаѓаат на трошоците за превоз, пет проценти се трошат на облека и обувки, четири ипол проценти за купување мебел и одржување на покуќнината и четири проценти за одење по ресторани и хотели. Најмалку пари граѓаните трошат за образование и културни активности.

Зголемени трошоци се забележани кај алкохолните пијалоци, тутунот, храната и безалкохолните пијалоци, а намалување кај трошоците за облека и обувки, превоз и домување.

Ромите од Тузла повторно поплавени

Меѓу напоплавените места е и МЗ Кисељак во Ромското маало.

Таму живета 128 ромски семејства во трите ромски маала. Стара Махала, Језерска и Ново насеље – Пољана (Банкерово).

. Таму семејствта претпреа огромни материјални штети. Врнежливото време кое за време на викендот ја погоди Тузла  уништуваше покриви на куќи како и дрвја. Исто така со години наназад овие семејства се соочуваат со излив на вода од канализациите која влегува во нивните домови.

Според информациите за 40-тина минути во Тузла заврна 70 литри дожд на метар квадратен , и оштети поголем број на семејни куќи , дворови и бавчи.

 

Link: http://www.portal-udar.net/ponovo-unisteni-domovi-rome-iz-mz-kiseljak-kod-tuzle-ni-ove-godine-nije-zaobisla-poplava/

Колку ќе чини вакцината против коронавирус?

Координаторите на глобалниот сојуз за вакцина против корона вирус поставија широк опсег на цени кога станува збор за индивидуални вакцини против КОВИД-19, при што нивото од 40 долари за доза е највисока цена, дознава Ројтерс.

Сет Беркли, извршен директор на алијансата за вакцинира ГАВИ, вели дека тие немаат целна цена за вакцината и дека се подготвени да преговараат за различни ценовни опсези за побогатите и посиромашните држави.

Некои земји, вклучително и Велика Британија, Франција, Германија и САД, веќе нарачале стотици милиони дози пред да се докаже дека вакцините делуваат.

Критичарите велат дека со ваквиот сојуз за вакцина на богатите земји им нуди шанса да купат уште повеќе вакцини и во основа им дозволува да издвојат на страна одредена количина вакцини без последици.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 205 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата