Социјала

Конференција за пристапот до здравствена заштита на жените, мајките и децата Роми

Предизвици со кои се соочуваат жените, мајките и децата Роми во пристапот до превентивната здравствена заштита е темата на денешната конференција што ќе ја одржат здруженијата ЕСЕ, Романо Чачипе, ИЗИР и невладината организација КХАМ.

Според истражувањата на овие граѓански организации, Ромите во земјава се соочуваат со понеповолна здравствена состојба од останатото население. Како што наведуваат здруженијата, новороденечката смртност меѓу Ромите е за 1,5 пати повисока за разлика од македонското население во 2017 година. Во истата година речиси 50 отсто од смртните случаи кај Ромите се случиле пред 65-та година од животот, за разлика од 23 отсто кај останатото население.

Наодите од спроведеното истражување во ромските заедници ги детектираа и клучните проблеми со кои се соочуваат жените Ромки во пристапот до услугите за женското репродуктивно здравје.

-Половина од жените Ромки немаат избрано матичен гинеколог, пред се поради тоа што немаат матичен гинеколог во својата општина, како и поради наплаќањето на услугите од страна на матичните гинеколози. Само 2 отсто од жените Ромки од Шуто Оризари се опфатени со Програмата за скрининг на ракот на грлото на матката на Министерството за здравство, иако овој скрининг е од исклучителна важност за навремено откривање и лекување на овој вид на карцином, соопшти здружението ЕСЕ.

Појаснуваат и дека жените Ромки речиси воопшто не се опфатени со Програмата за скрининг и рано откривање на ракот на дојката, кој претставува најчесто малигно заболување кај женската популација.

-По однос на здравјето на мајките и децата повеќе од половина од жените Ромки не се посетени од страна на патронажна сестра за време на последната бременост. Додека ниту 20% од новородените не се посетени од страна на патронажна сестра во првата година од животот. Сето ова може да има значително влијание врз раниот развој на децата, што дополнително се одразува и на здравјето и на понатамошниот развој на поединците, информира ЕСЕ.

Како што е најавено, по конференцијата ќе следува и јавна дебата на оваа тема на која покрај претставници од граѓански организации, ќе говорат и претставници од Полкилиниката од Шуто Оризари и од Здравствен дом Делчево.

 

Балканците и понатаму можат да работат во Германија од сите струки

“Германско правило“ за Западен Балкан за вработување треба да остане на сила до 2023 година, пишува Дојче веле и наведува дека граѓаните од Србија, БиХ, Македонија, Црна Гора и Косово ќе можат да одат во Германија независно од стручна подготвеност.

“Олеснувања кога станува збор на правила за одење во Германија на граѓани од Западен Балкан се продолжени“, пришува Frankfurter Algemajne Cajtung (FAZ).

Во нацрт уредбата во која листот имал увид наведено е работната сила од Западен Балкан во наредните три години треба да има олеснет пристап на германскиот пазарен труд.

После долгите преговори во владеачката коалиција, министерот за труд предложил Нацрт уредба со која тоа се регулира и ја испратил на гласање кај останатите министри.

Нацртот предвидува за т.н. Правило за Западен Балкан од 2016 година која истекува во декември ова година, да биде продолжен до 2023 година. Но, предвидена е нова горна граница: годишно во земјата на тој олеснителен начин од регионот смеат да влезат најмногу 25.000 луѓе.

Во позадина на таа одлука се дилемите на домашните политичари во ЦДУ кои на почетокот одбивале секое продолжување на тие правила.

Минатата година германските претставништа во странство врз база на тоа правило издале вкупно 27.000 работни визи стои во нацрт уредбата, наведува листот.

Од истражување на институтот за пазар на труд и истражување на занимања, покажале дека лицата од Западен Балкан во просек имаат 12 евра и дека само еден отсто од нив во Германија се невработени или им е потребна помош.

Ромски синдром: Домашно формирани „Ромски институти„ доделуваат разно –разни високи почесби титули

Овие денови на социјалните мрежи од ФБ „врие„ од коментари и ставови во врска состатус споделен на ФБ од страна на Ибраим Џемаил со титула „Доктор„ (каде според реакциите на ФБ  меѓудругото се вели – „од каде и како се стекнал со таа титула, само тој знае„) се пофали со својата картичка која ми е доделена од страна на Бајрам Халити – познат ромски активист и писател. Инаку како познат ромски синдром со години наназад, ако си познат во круговите на ромскиот активизам, веднаш се преоша на формирање на разно разни Институти, финдации Центри и слично најчесто од домашни адресим, се со цел да се прествата во јавноста дека се некоја „ѕверка„

Во дадениот случај Институтот кој е под „капа„ на Бајрам Халити му доделува на Ибраим Џемаил со титула „Д-р„ ексклузивна картица дека е дел од тој Институт.

Најтрагично до се е тоа дека не се ни самите свесни во дизајнираниот дел на таа картичка користат логоа и грбови на познати меѓународни субјекти поврзани со Обединетите нации како што се UNESCO, UNDP,UN ECOSOC, и слично. Со тоа свесно или не ги кршат меѓународните стандарди и закони на ОН, кој во ниту еден случаи недозволува да се користат нејзините ознаки како придружни организации кон некој „параинституции, фондации и слично„.

На овој начин направен е груб фалсификат, и грубо прекршување на основните начела на ОН и нејзините придруѓни канцеларри со префикс ОН.

А сето тоа е очигледно дека е направено од корист само да се извлечат средства од националните и интернационалните организации за да профитираат и да се прикажат дека се некој „фактор„  се реакција на коментарите на ФБ

Во средата евакуација на нелегален камп западно од Ница

Нелегалното населување од летото 2019 година на Градското земјиште западно од Ница, покрај Булеварот Жан-Лучиано, не се најде брзо решение. Градоначалникот апелираше до префектот. Евакуацијата беше нарачана и спроведена во утринските часови во среда.

Рано утрово во средата, јавните власти евакуираа нелегален камп поставен една година на општинско земјиште во рамнината на Вар, авенија Жан-Лучиано.

Националната полиција, општинската полиција и општинските и префектурните служби пристигнаа во 7 часот наутро на самото место, каде што имаше околу педесет лица. Предупредувани пропратно, повеќето луѓе од овој камп избраа да заминат пред иселување.

Минатата недела, тие беа сè уште повеќе од сто во овој импровизиран објект, кој севкупно изнесуваше околу 200 луѓе (вклучувајќи стотина деца) од неговото населување во почетокот на август 2019 година.

 

Link:  https://www.nicematin.com/faits-de-societe/evacuation-ce-mercrdi-matin-dun-campement-illegal-a-louest-de-nice-545099?fbclid=IwAR1PoFuWbiAb_hE9BC-hGeueDaC-y63ZQ9eSGfOcTq14lLvObUn1VIq8JaQ

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 497 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата