Социјала

Четири милиони Роми од Јужна Америка се борат сеуште за своите права.

Во Јужна Америка има различни ромски заедници кој живеат уште од времето на колонијалната власт до денес. Нивниот придонес во формирање на колоритот од националности на овој континент е огромен. Но нивното вистинско право сеуште не е застапено еднакво во сите држави од континентот.

Инаку таму според ромските организации живеат над четри милиони Роми.. Тие сеуште се жртви на ксенофобија, расизам, расна дискриминација и нетолеранција.

Инаку барањата за нивна еднкавост до сега тој аспект е постигнат само во Колумбија.

Како што е спомнато погоре во Ј.Америка ромската култура е преставена од 4 милиони Роми кој ја задржа затворената и традиционална во својата конфронтација со надворешните лица во сите групи, шпански и португалски Гитанос, Калдераш, Xoraxane Рома, Ловари , Макваја, Башалде, итн., Во многу од ромските заедници се отфрла скоро сè што доаѓа однадвор, вистински страв од губење на ромското културно наследство е присутен кај сите ромски семејства и групи, ова е задача што постојните ромски организации треба да ја развиваат во рамките на заедниците, со зајакнување на ромските предци на вредностите заедно со одредена соработка на локалните самоуправи и институции, но избегнување на силна упади и несакани промени што не сакаме да ги прифатиме, но со засилување на нашата култура, јазик, традиција и почитување на ромските антички правила, многу позитивни достигнувања може да се достигнат во ромската  заедници.

Србија: Кога живееш во субстандардни услови, останувањето дома не те заштитува од заразата

Борбата против ширење на коронавирусот во Србија трае долго време и се стекнува впечаток дека граѓаните полека се навикнуваат на мерките , пред се помалку движење.

По периодот од некотролирано купување на прехрамбени артикли , лекови, и заштитни средства , сега евидентно е дека раздвиженоста на луѓето по местата не е во толкава мерка како што беше порано. Тие што се на работа внимаваат да се држат до препораките, а тие што се во самоизолација исто така вовглавном се држат до тие мерки.

Но колкава е заштитата на луѓето кои живеат во неформални населби и во субстандардни услови? Без финансиска подршка, без можност за купување на хигиенски заштитни средства. Без прехрамбени продукти, Во субстандардни услови. Колкав е ефектот дека се заштитени ако немаат функционална егзистенција.

Дефинитивно ова не е време за сиромашните Роми. Проблемот е уште поголем. А ќе биде уште позиразен доколку оваа криза со коронавирусот потрае уште време. Господ нека е на помош!

 

 

Link: https://www.masina.rs/?p=12826&fbclid=IwAR3wkFGhmCPdUEHDeRAqedm7ugR_lry2DoPbCLSju1g4MmSDoV2GJivWc4E

Полова дискриминација: Новиот пратенички состав со уште помалку жени од претходниот

Државната изборна комисија вчера ги објави официјалните резултати од десеттите по ред парламентарни избори во Македонија. Според нив, коалицијата „Можеме” предводена од СДСМ во новиот собраниски состав ќе има 46 пратеници, коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден.

Останатите девет партии и коалиции учесници на изборите не освоиле пратенички мандат.Од кандидатите за пратеници кои влегоа во новиот собраниски состав, 79 се пратеници мажи, а 41 пратеници жени. Доколку се спореди со претходниот собраниски состав во кој имало 75 пратеници мажи и 45 пратеници жени, ќе се види дека во овој собраниски состав повеќе доминираат мажите.

Семејна борба на починатиот Назиф Мујиќ: Ниту филмот не помогна да ја избегнеме сиромаштијата!

Како што е познато Назиф Мујиќ беше познат по улогата во филмот „Епизода од животот на еден собирач на железо„ во 2013 година како натуршчик и стана познат насекаде  каде за таа улога доби и награда „ Сребрена Мечка„ на Берлинале. Тоа му донесе слава и надеж за подобар живот. Но изненадено почина во 2018 година на своја 48 годишна возраст.

Инаку таа кратка слава не му донесе ништо особено од финансиски аспект, каде беше принуден и да ја продаде статуетката, за да го прехрани семејството.

Позади себе ја остави сопругата Сенада и четри малолетни деца. Живеат во селото Лукавац во еден од најсиромшаниот дел од кантонот Тузла. Без струја, санитарен чвор и без пари.

Сенада Араповиќ вели дека не сака да живее на старата слава на нејзиниот покоен маж туку да ја информира јавноста од силните ветувања од локалната власт и културните работници од ветувањата ништо не е сторено.

Таа вели дека живеат во една соба сите, без купатило , а струја позајмуваат од соседот за кого плаќаат околу 25 евра месечно.

Се хранат од народната кујна . Поради короната тие се ограничени и во работата со собирање на секундарните суровини.

„Разочарана сум од режисерот Денис Тановиќ и екипата. Ниту еднаш ме нема побарано по смртта на сорпугот„ вели Сенада.

Факт е дека можеби филмот ги имаше најдобрите намери, но ништо не е променето. Позади Назиф останаа четри деца- најстарото девојче Шемса од 13 години и најмладата Минела од една година и седум месеци. Сандра има 11 години а Денис 7 кој наскоро ќе посетува у прво одделение, Заедно тие со мајка им Сенада се борат за основна егзистенција

 

Link: http://www.portal-udar.net/borba-porodice-preminulog-nazifa-mujica-se-nastavlja-ni-film-nam-nije-pomogao-da-izbjegnemo-siromastvo/

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 85 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата