Социјала

Ромите во Република Српска за време на пандемијата со Ковид 19: Изгубена работа, тешки услови за живот

Пандемијата од вирусот COVID-19 донесе многу дополнителни проблеми , покрај тешките услови за живот на Ромската заедница во Република Српска и во Босна и Херцеговина . Претседателот на Сојузот на Ропмите од Република Српска , Александар Машиќ вели дека таа состојба сеуште трае.

–На сите им е познато дека Ромите се занимаваат со собирање на секундарни суровини и трговија со текстил.

Но и тоа беше запрено, и Ромите се вбеа во катастрофални услови како и денеска.

Прехрамбени пакети добивме од разни донатори , вели тој и благодарение на добрата соработка со меѓународните организации , пакети со храна поделивме во Приједор, Бања Лука. Модрича, Бјелина, Лопари и Градишка.

–УНИЦЕФ помогна со санитарни пакети, а другото е резултатна добрата соработка со европските организации – кажа Александар Машиќ.

 

Link: https://www.portal-udar.net/romi-u-republici-srpskoj-gubitak-poslova-otezan-zivot-i-teski-uslovi-u-vrijeme-pandemije/

Убава вест: Изреал сподели информација со која го најави крајот на корона вирусот

Израелски институт за биолошки истражувања објави антитело кое го неутрализира коронавирусот, дури и меѓу заразените.

Израелскиот институт за биолошки истражувања (IIBR) и израелското Министерство за одбрана објавија дека е завршена фазата на развој на антитело што би било ефективно во неутрализирање на САРС-Ков-2, познато како коронавирус.

Преку својот профил на Твитер, израелското Министерство за одбрана го потврди развојот на она што може да стане првиот противотров на ковид-19.

Според субјектите, сега противотровот преминува од фазата на развој во фазата на прифаќање на фармацевтските компании, што ќе овозможи масовно да се произведува и комерцијализира.

Научниот развој би бил направен на база на неколку протеини кои се штетни за човечкото тело и веќе е тестирано кај пациенти кои се ризични случаи на коронавирус.

Израел тврди дека IIBR е првата институција што постигнала научен успех што ги исполнува сите три параметри:

Прво, ново и рафинирано моноклонално антитело што содржи дефицит на штетни протеини. Второ, антителото може да го неутрализира коронавирусот и трето, антителото експлицитно било тестирано во агресивни случаи на коронавирус.

Во меѓувреме, Владата на Израел најави целосно отстранување на ограничувањата за мобилност наметнати на граѓаните.

26 отсто од граѓаните не сакаат нивните деца да ја делат училницита со Роми

Повеќе од третина испитаници не би примиле Ром како гостин во нивниот дом. Девет отсто од претпријатијата на Западен Балкан не би вработиле Ром, 33 од 100 лица не би работеле за работодавач Ром.

 

Дури 26 отсто од граѓаните не сакаат нивните деца да ја делат училницата со Роми, велат резултатите од истражување на Балкан барометарот 2020 на Советот за регионална соработка. – Со ова мораме да се бориме и да го запреме со заеднички регионални напори преку остварување на целите од Декларацијата една по една.

 

Сите ние ги заслужуваме истите можности. Сите ние сме различни, но исто така треба да бидеме еднакви, посочува Орхан Усеин, тим лидер на проектот Интеграција на Ромите 2020, кој се спроведува од Советот за регионална соработка (СРС) со финансиска поддршка од Европската унија и Фондациите Отворено општество.

 

Тој истакнува дека корона кризата го погодил Ромите многу повеќе од останатите луѓе,но, како што рече ги разгорил и проширил негативните наративи кон Ромите во јавноста и особено на интернет.

Хелсиншки комитет: Полициска бруталност и самоволие кон бездомните граѓани

Хелсиншкиот комитет заедно со останатите членки од Мрежата за заштита од дискриминација реагираше на полициската бруталност и самоволието кон бездомните граѓани за кои известија повеќе медиуми.

 

МВР испрати иформација до медиумите дека од страна на полициски службеници од Полициската станица Аеродром биле преземени мерки и активности за констатирани прекршувања на полицискиот час од група граѓани кои биле собрани на јавно место и го нарушувале јавниот ред и мир со пуштање гласна музика.

 

Според изјавата на МВР, пет лица прво дрско се однесувале кон полициските службеници, по што физички ги нападнале, а едно од нив фрлило камен кон нивното полициско комбе. Врз основа на овие настани, кон пет лица биле поведени постапки за утврдување на прекршочна, односно на кривична одговорност.

 

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, станува збор за случај од кој може да се утврди лична одговорност на неколку лица кои живеат на наведената локација. Тие се веќе идентификувани, лишени од слобода и кон нив веќе се преземени иницијални акти за утврдување на одговорност.

 

Оттука, силата употребена врз лица (мажи, жени, деца, постари лица) кои на ниту еден начин не се инволвирани во настанот покажува дека полицијата употребила сила за да одбие замислен напад.

 

Неодамна во Штип (на 12 мај, на Радански пат), медиумите објавија сличен инцидент со полицијата, каде имало употреба на сила кон група граѓани поради едно патничко моторно возило натоварено со дрва, управувано од Роми.

 

Заклучок на Хелсиншки комитет е дека ова покажува непрофесионалниот однос, полициската бруталност и самоволието при постапувањето кон Ромите и другите категории сиромашни и маргинализирани граѓани е честа практика на полицијата. Ваквиот третман на полицијата кон ранливите групи граѓани нема да ја врати довербата во полицијата, туку, напротив, ја урива, притоа придонесувајќи граѓаните да се чувствуваат загрозено и уплашено, претрпувајќи психички стрес, наместо да се чувствуваат заштитено од страна на полициските службеници.

 

Препорака: Хелсиншкиот комитет и останатите членки од Мрежата за заштита од дискриминација бараат утврдување на лична одговорност од секој полициски службеник доколку тој ги пречекорил своите службени овластувања, како и од сите лица кои издале таква наредба. Бараме од Секторот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, да поведе постапка за испитување на случајот и доколку се утврди злоупотреба на овластувањата на

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 235 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата