Социјала

Ужице: Србинка изнајми детектив да истражи дали момчето кое се забавува со нејзината ќерка е Ром!

На социјалната мрежа Твитер се појави објава која ги шокираше граѓаните во Србија.

Таа изнајми детектив да истражи дали момчето кое се забавува со нејзината ќерка е Ром!

Ова се случило во Ужице , а жената ангажирала детектив од Краљево да дознае повеќе детаљи за семејството на момчето које се забавувало со нејзината ќерка.

На нејзиниот твит извесна Загорка Дрдинка објави:

„Денес се изненадив. Се шокирав кога другарка ми ми кажа дека во Ужице има стотина  прикриени Роми , за кој не се знае дека се тоа што се. Таа ангажираѓе агенција од Краљево да го разоткрие момчето на нејзината ќерка., т.е. да навлезат подлабоко во во семејството по потекло. Жената се заледи кога открила дека сите о мајчинска страна се Роми. Дали и вие би гледале рамнодушно кога вашата ќерка или син се забавува со Ромка или Ром?„

Овој твот буквално „ги запали социјалните мрежи во поголема мера со коментари дека ова е чист расизам.

 

Link: https://www.espreso.rs/amp/585307/srpkinja-unajmila-detektiva-da-istrazi-da-li-u-porodici-cerkinog-decka-ima-roma-imamo-najskandalozniji-tvit-u-2020?fbclid=IwAR2ka0xHK2EhPACnWps_HDPfnunCLP95Ek3Ju-CPpfA2H_sI-lbrBx8E7Ug

Советот на Европа ги повикува земјите членки подобро да ја учат историјата на Ромите

Советот на Европа, по првпат ги повика своите земји-членки подобро да ја интегрираат историјата на Ромите во наставните програми.

Препораката, усвоена од Комитетот на министри, тело кое ги претставува министрите за надворешни работи на пан-европската организација, „по првпат ги повикува земјите-членки” да ја интегрираат историјата на Ромите во програмите и воспитните материјали”, се вели во соопштението за медиумите на Советот, кој повикува на борба против „постојаниот анти-циганизам”во Европа.

Оваа препорака „има за цел да го зајакне разбирањето на фактот „дека Ромите се составен дел на националното и европското општеството” и ја потенцира „важноста на наставата за холокаустот извршен од Нацистите и нивните сојузници и други акти извршени против нив (ширум Европа) “.

Текстот на резолуцијата ги повикува државите да ги интегрираат „комеморативните активности” поврзани со Европскиот ден на комеморацијата на холокаустот на Ромите, закажан за 2 август, или со избирање „датум што одговара подобро на историскиот контекст на засегнатата земја, на пример за време на локалните комеморации поврзани со затворањето или депортацијата на Ромите во концентрационите логори “.

Комитетот на министри исто така смета дека е важно да се вклучат „позитивни приказни од историјата” на Ромите, како нивниот „придонес во локалното, националното и европското културно наследство” или нивната „активна улога (.. .) во антинацистичките и антифашистичките движења на отпорот “.

Покрај шестте милиони Евреи истребени од нацистите за време на Втората светска војна, Хитлеровиот рајх ја резервираше истата судбина за приближно 500.000 припадници на етничките заедници наречени Роми, Синти или Цигани. Втори август беше прогласен за ден за одбележување на нивниот холокауст. Дваесет и три илјади Роми од цела Европа беа депортирани во Аушвиц-Биркенау помеѓу март 1943 и јули 1944 година. Речиси сите умреа таму.

И пандемијата e пречка за пописот во 2021, а не само законот

Пред одложувањето на пописот за 2021 година, парламентарните партии со месеци не можеа да постигна договор за законот според кој би се извела статистичката операција

Вицепремиерот Бујар Османи денеска најави дека пописот на населението, веројатно, ќе се врати во политичката агенда по изборите.

Работни групи последниот обид за да „го поправаат“ Законот за попис го имаа пред неколку месеци, кога беа усогласени дел од забелешките што ги имаше опозицијата.

Пописот на населението, кој требаше да се одржи во април годинава, беше одложен поради предвремените парламентарни избори. Најавите се дека пописот ќе се реализира во април 2021 година.

Пред одложувањето на пописот, парламентарните партии со месеци не можеа да постигна договор за законот според кој би се извела статистичката операција.

Последниот попис во земјава се реализира во 2002 година, по воениот конфликт. Во 2011 година имаше обид за спроведување попис, ама попишувањето беше прекинато со одлука на тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. За овој случај СЈО отвори и предмет, со кој беа опфатени лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

RomArchive ја освои наградата Grimme Online 2020

RomArchive, дигиталната архива на Синтите и Ромите, ја освои реномираната награда

Grimme Online 2020 на 25 јуни 2020 година, во категоријата „Знаење и образование“. Церемонијата за доделување на наградите се одржа дигитално, поради пандемијата на корона ...

Со онлајн архивата, создаден е сигурен извор на знаење, достапен ширум светот, кој се спротивставува на стереотипите и предрасудите со факти.

Колекцијата на архивата, која постојано расте, отсликува огромен опсег и разновидност на културните идентитети и националните достигнувања.

Богатството на вековната и до денес екстремно жива и разновидна уметничка и културна продукција е тука за прв пат видлива во оваа мерка.

 

Link: https://www.hagalil.com/2020/06/romarchive-gewinnt-grimme-online-award-2020/?fbclid=IwAR3IDbp5jXlsbtt-mu2Ay8_TVgPj_WbeGELuLrTQAWwI339z88dJKOYHq4w

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 233 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата