Социјала

Екслузивно Новогодишно интервју со Зоран Димов

Екслузивно Новогодишно интервју со Зоран Димов, Претседател на ИРУ и  Координатор на Мрежата за системски и трајни решенија на Ромите во РС Македонија

„Време е да престане модерниот геноцид врз Ромите „

 

Во своето резиме за досегашната состојба на Ромите како во Северна Македонија,  така и од Западен Балкан, Европа и светот претседателот на Интернационалната Ромска Унија – ИРУ Зоран Димов и  Координатор на Мрежата за системски и трајни решенија на Ромите во РС Македонија

во своите искажувања за изминатиот период на крајот од оваа 2022 година , ја потенцира потребата од транспарентна отчетност во врска со доделените и употребени средства и посериозен пристап на решавање на проблемите на Синтите и Ромската заедница која е најголема малцинска заедница во Европа и светот.

Суштината на  проблемот исто така ја гледа и во својата заедница,  - но исто така и во надворешните фактори. Политиките кои  се водат кон Ромите според Димов воопшто не гледа некоја оптимистичка иднина за Ромите.

 

Рома Тајмс: „Како ја оценувате оваа 2022 година кога се во прашање Синтите и ромската заедница во рамките на Европа и пошироко?

 

  • „На сите мои состаноци и дискусии со истакнатите европски институцијални фактори,за состојбата со Ромите од Украина и другите кризни региони освен ветувања не добивавме никакви конкретни мерки. И од таму мојот заклучок дека продолжува „модерниот геноцид врз Ромите„

 

Зоран Димов: „Можам да кажам дека и оваа 2022 година е уште една изгубена година кога се во прашање  решавање на ромските проблеми. Поаѓајќи од фактот каков третман имаа Ромите за време на Ковид пандемијата каде на виделина излегоа сите недоследности во спроведување на кризните мерки и протоколи за заштита на населението, како и спроведување на здравствените протоколи, Ромската заедница и ромските населби го немаа истиот третман при спроведување на тие протоколи од сите аспекти. Тие аспекти подразбираат: Здравствени третмани, тестирања, вакцинации, доделување на заштитно хигиенски средства, и др. Тие се спроведуваа до некаде и тоа пред се благодарение на активностите на некои ромски НВО и ромски активисти.

Сега и во оваа 2022 година сведооци сме на уште една тешка година. Пред се се мисли од економски аспект, а плус згора на тоа и конфликтот во Украина кои исто така остави голема трага и кај Ромската заедница. Сведоци бевме во општата криза со бегалци од Украимна, секојдневно бев „бомбардиран„ со информации за нееднаков третман и на Ромите бегалци од Украина, на самите гранични премини, во обид да ја напуштат Украина , и истовремено не еднаквиот третман кон Ромската заедница од Украина, во тие прифатни центри за бегалците од Украина. Во тоа се уверив и лично затоа што како Преседател на една ромска интернационална организација како што е ИРУ имав задача со тие состојби да се уверам и лично. На моите патувања до тие држави кои нудеа сместувачки  центри за бегалците од Украина во Чешка, Полска, Словачка, Унгарија и други држави ја видов исто така таа состојба. Грижата за Ромите како од Украина, така и од тие соседни региони како што се Ромите од Русија, Молдавија, Белорусија и балтичките земји се сооќуваа со хуманитарна катастрофа. Во сите тие мои патувања и посети можам да го поврзам и со учествоо на голем број на состаноци и конференции со истакнати европски лидери, пред се мислам на моите заложби и сугерирања искажани на состаноците во Европскиот Парламент, Европската Комисија, Советот на Европа, на состаноците со ОБСЕ и други  релевантни мешународни институции. Тука ги истакнував моите сознанија за состојбата со Ромите од тие региони, и воедно моите предлози на кој начин потребно е да се помогне на Ромската заедница за да се аморитиѕира оваа економска криза. На сите тие состаноци и дијалози , освен ветувања не добивавме никакви конкретни мерки. И одттаму мојот заклучок дека продолжува „модерниот геноцид врз Ромите„

 

Рома Тајмс: „Според Вашите сознанија каква е состојбата со Ромите од регионот во Западен Балкан?

 

  • „Над Балканот сеуште мириса барутот од конфликтите од 1990 година, а сега со најновите тензии во Косово, тој барут како повторно да се разгорува„

 

Зоран Димов: „Мојот заклучок е дека и состојбата на Ромите од овој регион не е „розова„. Факт е дека и јас припаѓам од овој регион и затоа ја познавам многу добро таа состојба. Економската и енергетската криза е еден од главните чинители исто така на нееднаков третман кој се соочува ромската заедница. Секојдневната инфлација создава уште поголеми економски и социјални бариери кој многу лошо влиаат на животниот стандард како врз сите нации, а особено врз најранливите меѓу кои спаѓаат и Ромите.

Згора на се, над Балканот сеуште мириса барутот од конфликтите од 1990 година, а сега со најновите тензии во Косово, тој барут како повторно да се разгорува. Добро ни е познат епилогот од конфликтот во Косово од 90-тите години кога најголем број на Ромски семејства беа принудине да ги напуштат своите родни огништа и да заминат надвор најмалку по своја вина. Затоа и сум загрижен о најновите случувања на Косово, да не се повторат истите сценарија и повторно Ромите (и тие што останаа малку) да бидат „колатерална штета„ и да се иселат трајно. А познавајќи ги тие состојби не верувам дека во тој „косовски хаос„ некој од европските и странски фактори ќе се сети на Ромите за да ги заштитат.  Стравувам дека повторно ќе бидат оставени сами на себеси.„

 

Рома Тајмс: „Во ИРУ имате и потпреседатели на ИРУ од повеќе региони низ светот. Каква е состојбата на Ромите во тие региони?

 

  • „Во Бразил има забележително „исклучување „ и ограничен пристап на Ромската заедница, нарочито на децата во здравствените протоколи и вакцинација . Исто така има и и забелешки на „посебен третман„ на бразилската полиција кон Ромската заедница, во многу голем број на случаи.„

 

Зоран Димов: „Во самата организациска  поставеност во ИРУ една од клучните улоги ја имаат и Потпреседателите на ИРУ кои се поставени според моделот на регион – континент. Така имаме потпреседатели од делот на Северна и Јужна Америка, Африка, Азија, Индискиот потконтинент, Австралија, како и регионите од европското тло како што се Скандинавиа, Руската федерација и Балтичките земји.

Од нашите координативни активности исто така доаѓаме до заклучок дека и состојбите со Ромите и Синтите од тие различни делови низ светотне е ништо поразлична од добропознатиот однос на тие општества кон Ромската и Синти заедница. Примерот е според извештаите на нашата потпреседателка од Јужна Америка, Елиса Коста, и нејзините забелешки во однос на проблемите со кои се соочува ромската заедница во Бразил. Таму има забележително „исклучување „ и ограничен пристап на Ромската заедница, нарочито децата во здравственитре протоколи и вакцинација . Исто така има и и забелешки на „посебен третман„ на бразилската полиција кон Ромската заедница, во многу голем број на случаи.

Морам да го спомнам и сега последниот инцидент кои се случи месецов кога во Грција од страна на полицијата беше застрелан со смртни последици еден 16 годишен Ром од Солун. Ние како ИРУ реагиравме, и испративме писмо со реакција до Амбасадата на Грција во Скопје, со напомена дека целиот тој судски процес со полицискиот службеник потребно е да биде транспарентнен и правден. Се чека дефинитивната одлука од страна на судот, и доколку не е донесена според тамошните закони, тогаш ИРУ е подготвен да реагира и до Судот за Правда во Стразбур.

 

Рома Тајмс: „Вие како ИРУ на кој план ќе се фокусирате во оваа 2023 година„

 

  • „Во оваа 2023 ИРУ ќе ја престави и ќе ја реализира иницијативата за формирање на Ромски Инвестициски Фонд – Асцелератор. Во таа насока подготовките се веќе при крај и веќе на стартот од 2023 година се очекува на отварање на таа канцеларија на РИФ.„

 

Зоран Димов: „ИРУ како сериозна светска ромска организација води сметка од сите сегменти на општественото живеење на нашата нација. Тоа подразбира и активности од полето на борба против дискриминација, сегрегација анти ромско расположение , почитување на човековите права и еднаквост, а воедно и во областа на еконоијата, социјалата, здравство, образование, култура, млади, здравство..

Во оваа 2023 ИРУ ќе ја престави и ќе ја реализира иницијативата за формирање на Ромски Инвестициски Фонд = Асцелератор, Во таа насока подготовките се веќе при крај и веќе на стартот од 2023 година се очекува на отварање на таа канцеларија на РИФ. Ова ќе придонесе многу во врска со економската моќ на Ромската заедница и активно вклучување во бизнис секторот. Веруваме во една успешна и долгогодишна понатамошна активност и на ова поле. Ги имаме сите предуслови и гаранции воедно и поддршка од повеќе европски и други меѓународни институции за негоова успешна реализација.

 

 

Рома Тајмс: „Да се враиме на овие простори. Вие сте и координатор на Мрежата за системски и трајни решениа на Ромскатазаедница во РСМ. Кои беа вашите активности во изминатиот период, и кои се предизвиците во 2023 година?

  • „Морам да го искажам и моето делимично незадоволство во распределба на дел од средствата наменети за проекти, и од тој аспект морам да констатирам дека во еден дел сеуште го има оној Културен геноцид врз Ромите во нашата држава.„

 

Зоран Димов: „Јас како Координатор на Мрежата за ситемски и трајни решенија, заедно со сите наши останати членови кои се дел од Мрежата а се дел од Ромскиот невладин сектор во државата, во годината која изминува ја гледаме дека во неа можеше Ромската заедница да биде многу повеќе застапена во плановите и акциите кои ги спроведуваше државата . Пред се мислам на поголемо учество на Ромската заедница во повеќе сегменти. Ние во изминатиот период како Мрежа се потрудивме заедно со нашите членови како што се Самет Скендери, Шенај Османов и останатите да направиме напори за поголема видливост на Ромите во државата. Морам да споменам дека како Мрежа преку пратеничката Љатифа Шиковска поднесовме и две декларации. Исто така доставивме и барања за средби и координативни состаноци со повеќето министерства , но од тој аспект можеме да забележиме дека на некои начин бевме некако „заборавени„.

Да истакнам исто така покрај пратеничката Љатифа Шиковска, во дел од нашите активности благодарение на нивните ангажмани ни помагаа и Советникот во кабинетот на претседателот на Владата Елвис Мемети, а воедно и државниот секретар при министерството за правда, Мухамед Точи, кои вложуваа свој несебичен ангажман. Тоа подразбира организирање на настани како што е одбележување на значајни датуми за Ромите како што се 8-ми Април, 2-ри Август, 5-ти Ноември , но и активно учество со давање на предлози и сугестии во донесување и имплементација на разни иницијативи, акциони планови кои се спроведуваат од страна на Владата и министерствата. Морам да го искажам и моето делимично незадоволство во распределба на дел од средствата наменети за проекти, каде многу мал дел беа одвоени и за ромските здруженија и асоцијации на дел од повиците за тие проекти. Од тој аспект морам да констатирам дека во еден дел суште има оној Културен геноцид врз Ромите во нашата држава. Затоа испраќаме и порака воедно да се престане со таа практика и да се тргне кон подоброо. И на крај да им посакам во мое име и во името на Мрежата на сите граѓани без разлика на етничка и религиозна припадност среќни новогодишни и божиќни празници и посакувам една успешна и бериќетна 2023 година на сите.

 

Зоран Димов, Претседател на ИРУ и  Координатор на Мрежата за системски и трајни решенија на Ромите во РС Македонија

Иницијативата на жените Ромки од Шуто Оризари промовираа две публикации за жената Ромка

Иницијативата на жените Ромки од Шуто Оризари и организацијата Хера  промовираа две публикации за ромската заедница  со акцент на жената Ромка и секојдневните проблеми . Една од публикациите е за системските предизвици кај Ромките во остварување на здравствените и социјални права направена како студиа во активностите од сервисот и случаеви за правна помош во општината Ш.Оризари

Во оваа публикација се дадени осум случаеви кои ги преставија овие организации со кои се соочуваа ромските ќени и се забележани од страна на Хера и Иницијативата за Жени од Ш.Оризари.

Во последните десет гоодини Иницијативата за жени од Шуто Оризари заедно со Хера изработуваа секоја година картички за оценка од квалитетот на работата од областа на репродуктивно здравје на жената ромка од оваа општина. Оваа година овие органиѕации промовираа публикации насловена како „10 години компаративно анализа во рамки на двете организации  Хера и Иницијативата на жени финансирана од Отворено општество Македонија .

Анализите можете да ги погледнете на нивните Веб страници или во просториите на канцеларијата на Иницијативата за Жени која се наоѓа во амбулантата во Шуто оризари во Центарот САКАМ ДА ЗНАМ и воедно повеќе сервисни услуги што ги нудат овие две организации за подобрување на ромскит женски стандард  и ромската заедница како во Ш.Оризари така и во Скопје.

 

 

Link: https://24vakti.mk/inicijativa-bashi-nijamija-e-dzuvlengere-shuto-orizari-ikalgje-duj-publikacie-bashi-romani-dzuvli/

 

Youtube:

Екслузивно интервју со Елвис Мемети - Советник за инклузија на Роми на премиерот во Владата на Република Северна Македонија,

Рома Тајмс: Како ја оценувате оваа 2022 во контекст на реализација на дел од Стратегијата на Ромите?

 

Елвис Мемети: Отпочнување на преговорите со Европската Унија и поттикнувањето на регионалната соработка на земјите од Западен Балкан како дел од Берлинскиот процес за поддршка на проширувањето на ЕУ, резултираше со различни инцијативи, меѓу кои и заложбите на земјите од Западен Балкан за забрзана интеграција на Ромите. Во јули 2019 година, ја усвоивме Декларацијата за интеграција на Ромите , каде што се обврзавме да продолжиме да работиме на  подобрување на состојбата на Ромите во регионот и да постигнеме конкретни резултати во областа на образованието, вработувањето, здравството, домувањето, граѓанската документација и борбата против дискриминацијата.

Владата на Република Северна Македонија во февруари 2022 ја усвои 10 годишната Стратегија за инклузија на Ромите во Република Северна Македонија во согласност со Европската стратешка рамка сме пример во регионот на добро изградени, континуирани и таргетираните политики наменети за најранливите категории на граѓани - Ромите. Стратегија за Роми 2022–2030 год е дел од јавните политики за изедначување на степенот на вклученост и интеграција на ромската заедница со сите етнички заедници.

Во таа насока, подобрувањето на квалитетот на животот и стремежот за изградба на еднакво и кохезивно општество кое што се темели на доверба, меѓусебна соработка, каде што граѓаните и заедниците се чувствуваат безбедни и имаат еднакви можности за личен развој е еден од главните столбови.

Ние претходниот период работевме согласно Стратешките планови на ресорните министерства и посебен фокус се поставени на следните цели

 - вработувањето преку активација на пазарот на труд и подршка на претприемништвото и самовработување, и мерки за формализација или унапредување на бизнисите.

- и Домувањето преку социјалното домување и социјалните станови, реновирање на куќи во рамките на актуелните проекти како и времено згрижување на најраливите категории на граѓани вклучително и комунално инфраструктурни проекти во ромските маала во општините.

- и формирање на тимови за имплементација на Стратегијата на Ромите  и нашето настојување за системски пристап во одговор на предизвиците за да можеме да ја унапредиме имплементацијата на проектите и целите поврзани со сите хоризонтални области од Стратегијата за Ромите.

Секако најголеми издадоци се во областа на образованието ( зголемен е бројот на стипендии и бројот на лица ангажирани во областа)

2022 година секако е и предизвик од аспект на тоа што продолжи пандемијата и особено најголемите предивизвици во однос на безбедносната и енергетската криза. Ние и во таков контекст не само што успеавме да не се крати него и да има и одредени зголемувања во некои сфери.

 

Р.Т.: Во која област има најголем напредок, а во која најмал

 

Е М: Како што кажав погоре најголеми издадоци се во областа на образованието а најмали во областа на културата. Јас со посебен фокус ги следам повиците кои што беа актуелни во областа на културата и очекувам дека нашите  организации кои што се професионализирани во оваа област да имаат поголем удел.

 

Р.Т.: Како го оценувате Предлог Буџетот за 2023 за реализација на  Стратегијата на Ромите

 

Е М: Јас би се сконцетрирал на моментот од кога стапив на функција на оваа позиција а тоа е од октомври 2020 година и само за мала споредба :

Во 2015 година за Стратегијата за Ромите беа одвоени 35 милони денари, пред почетокот на Ковид 19 во 2019 година  беа одвоени околу 54 мил денари или зголемување за 65 % во однос на претходните буџети и во 2023 год во време на пандемија, безбедносна и економска криза  буџетот за Стратегијата за Роми не само што не е намален и скратен него е зголем за 10 % во споредба со претходните години.  Тоа е и порака до институциите за целосна имплементација на сите планирани проекти за да ги постигнеме планираните цели во 2023 година согласно Националните Акциски планови и Стратегијата за Ромите.

Ромите во Република Северна Македонија имаат потенцијал да го предводат прашањето на сопствената интеграција и да бидат пример за останатите во регионот.

И затоа зборуваме за суштински политики поврзани за унапредување на Ромската заедница.

За Поддршка на имплементацијата на Стратегијата за Роми за 2023 год во 4 области од Стратегијата за Ромите каде што имаме и таргетирани политики во областа на вработување, образование, домување и здравство и се издвоени се 59 546 000 ден. Дали се тоа доволни за да се постигнат стратешките цели – секако дека не се доволни. И затоа е неопходно системот (системот сме сите ние) во сферата на услуги и сервиси да функционира беспрекорно за да може граѓаните да ја вратат и да ја градат довербата кон институциите.

Само во период од 2020 до 2022 година Владата подржа интервенции во износ од 2.323.643 евра во инфраструктура, образование, социјала, и здравство за општина Шуто Оризари што се досега најголеми инвестиции во однос на сите претходни интервенции во изминатите 10 години.

 

Р.Т.: Како ги оценувате политиките на  ромскиот политички блок во РСМ

 

Е М: Би бил задоволен кога тој политички блок би бил претставен преку два главни табора во кој што едниот се традиционални и конзервативни и популисти а додека пак другите се прогресивци  реформатори и двигатели на вредности, принципи и идеали. Ако зборувате за еден таков политички блок тогаш би можело да видиме и поконкретни резултати . Вака како што е , мислам дека на политичката сцена сеуште во ромските сектор не може да видиме политички партии во вистинска смисла на зборот.

Јас би ги насочил политиките кон неколку клучни пораки

- функционалната држава е од корист на сите граѓани и како индивидуи и како збир од различни колективи. Во еден таков систем може да се живее и да се почуствува задоволство зашто тогаш институциите – сервисот и услугите работат во корист на граѓаните.

- таргетираните политиките како на пример Стратегијата за Роми и одвојување на буџети мора да бидат основа во секоја партиска програма кај ромските политички партии.

- враќање на довербата и просперитетот мора да биде наша реформска политика која би се бавела со проблемите од корен. Имено тука  свој влог имаме сите со својата проактивност и со своите барања зашто на крајот граѓаните се тие кои ја даваат и ја земаат довербата.

- И мислам дека овие кризни времиња треба да не обединат по секоја цена и по сите основи кон сите чинители за да изградиме една потранспаретна, колективна и солидарна политика. Јас длабокот верувам дека не е потребна почит кон само на еден човек или еден лидер, него да разговараме за лидерство каде што сите заедно растеме и се развиваме во овие времиња кои што се. 

 

Р.Т.: На што  треба да се фокусираат активностите (главните предизвици)за подобрување на состојбата со Ромската заедница во РСМ во годината која е пред нас

 

Е М: - енергетската криза – да настојуваме ромските маала да бидат дел од сите најавени инвестиции иако поголемиот дел од нив се соочуваат со прашањето на легализација и легални приклучоци за струја.

- дигитализацијата да ја искористиме за да го потикнеме претприемништвото кај ромската заедница за да може услугите, робата, сервисот да создава задоволни и лојални клиенти.

- зелената Агенда особено нашиот придонес кон здрава животна средина. Пред се мислам на неформалните собирачи кои што треба да бидат дел од еден регулиран систем.

-потенцијалот на демографијата и младата работна сила. Мислам дека пазарот на труд треба да биде опсипан со наши луѓе кои што без бариери влегуваат на работа и чесно си заработуваат и егзистираат за себе и своето семејство

- и секако потенцијалот на гласови или на разликата која што е потребнаа и на запад и на исток од земјата за да надвладее одредена политичка идеологија. Но за тоа ни треба политичка партија која што ја враќа довербата кај народот.

Подобрувањата стануваат неопходност и повик за ургенција на сите НАС.

 

Интервју со Елвис Мемети, советник за инклузија на Роми на премиерот во Владата на Република Северна Македонија

Мрежата за застапување за системски и трајни решенија реагира Каде се ромските политички чинители да реагираат?

Всушност станува збор за повик и подела на средства преку проекти од страна на Владата на РСМ преку Министерството за Политички системи. На неа имаа право да аплицираат граѓански организации,  здруженија и асоцијации во таа распределба на средства. Висината на средствата беше 15 милиони денари.

И после долгоочекуваните резултати пристигнаа информации во кој за ромската заедница од сите испратени апликации доделени се само средства за само една ромска организација во висина од 450.000 денари или за Ромите се одвоени „неверојатни„ 0.3% од тие 15 милиони денари.

Се поставува прашањето дали е ова одговор на „Едно општество за сите„?

Дали тие средства се двојат врз база на аплицирани квалитетни проекти или врз база на „битни чинители „ во оваа држава?

Уште почудно е дека и Ромските преставнци во тие владини институции „мудро си молчат„. На што се должи ова? Или се водат од девизата „Наведната глава , сабја не ја сече„?

Ова е фларгантен пример дека Ромите и ромската заедница буквално е заборавена од оваа држава.

По се изгледа дека Ромите се интересни само за време на изборите, а потоа „Плава трава заборава„

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 451 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот