Социјала

МТСП: Паричен надоместок за прекин на работен однос, согласно работниот стаж , преку Агенцијата за вработување

Министерството за труд и социјална политика информира дека граѓаните со прекин на работен однос, имаат право на паричен надоместок во висина од 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци. Право на паричен надоместок има невработено лице што било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци, пред престанокот на работниот однос.

 

Надоместокот се исплатува согласно годините работен стаж. На пример, паричен надоместок се исплатува 1 месец, ако лицето има стаж на осигурување најмалку 9 месеци во непрекинато траење или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци. Ако лицето има стаж од 10 до 12,5 години, надоместокот се исплатува 6 месеци, а доколку има стаж над 25 години - 12 месеци.   

 

Висината на месечниот паричен надоместок за време на невработеност се утврдува врз основа на пресметаните и исплатени плати кај работодавачот и изнесува 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци за лице кое има право на паричен надоместок до 12 месеци. Паричниот надоместок не може да изнесува повеќе од 80% од просечната месечна нето плата по работник во Републиката објавена за последниот месец.

 

Граѓаните што останале без работа поднесуваат барање во Центарот за вработување во местото на живеење, во рок од 30 дена од денот на престанокот на работниот однос.


Детални информации може да се најдат на страницата на Агенцијата за вработување: https://av.gov.mk/paricen-nadomestok.nspx

И здружението на граѓани „Давет„ од Скопје , активен во делење на хуманитарна помош за најзагрозените Роми

Здружението на граѓани „Давет„ од Скопје, со почеток на состојбата со коронавирусот во државата зема активно учество со делење на хуматитарна помош на најзагозените социјално ранлива категорија на луѓе.

 

Тие самата акција ја организираа на тој начин што на најзагрозените семејства им беа поделени купони каде потоа ги подигаа хуманитарните пакети. Инаку Давет во своите неколкудневни акции додели 200 пакети , низ повече општини и населени места како што се: Шуто Оризари, Топаана, Злокуќани, Ѓорче Петров, Чаир , Бутел, Гази Баба, Топаанско Поле –Џон Кенеди, како и градовите Тетово и Кавадарци.

 

Тука исто така беа поделени и 1.5 тони компири и 3.5 тони брашно. Она што е напоменато од здружението Давет сакаат да ја информираат јавноста дека 90% на доделената помош е меѓу ромската заедница,а донатори се освен една донација во висина од околуи 250 евра од еден Ром, другите донатори се од други националности.

 

Тие велат дека со својата мисија ќе продолжат и понатаму.

Хотелите се наполнија со карантинци, никому не му текна да даде соба за бездомниците

Кан ги отвори вратите, но не за филмската елита, туку за бездомниците, кои немаат каде да се сокријат од коронавирусот. Во Лондон хотелите им нудат место за спиење на бездомниците во обид да се спречи ширењето на коронавирусот. И во Македонија има тренд на отворање на локалите, но не за бездомници.

 

Изминатите зими, во услови на голем студ, неколку локали ги отворија вратите за бездомните животни. Дали заслугата за ваквата великодушност на угостителите треба да се побара во силното лоби на здруженијата за заштита на животни? Којзнае… но, кој да лобира за бездомните луѓе?

И, додека дел од бездомниците во Скопје се сместени во неколку групни домови, има и такви кои не се корисници на услугите на Црвениот крст и по автоматизам се оставени на улица.

 

Тие не сакаат сместување, велат надлежните, во ред, но сигурно нема да одбијат сместување во топла соба, барем во услови на вонредна состојба, секако…ако им биде понудена.

 

Инспирирана од идејата на англиските хотели, текстот ќе го поврзам со идејата на македонските хотели, кои вратите ги отворија, но не за бездомните лица, туку за повратниците од странство, кои можеби се заразиле со коронавирус, и сега сеат страв низ Скопје. На бездомниците повторно не се сетија.

 

Ниту еден хотел, ниту хостел, досега не покажал емпатија за луѓето кои мораат ноќите во време на епидемија и полициски час да ги поминат на улица.

 

Хотелите на МВР и АРМ низ државава се празни, а периодов празни се и студентските домови, кои би можеле да бидат времено решение за сместување на бездомните лице во време на вонредна состојба и полициски час.

 

Важно е да се спомене и дека во услови на вонредна состојба Владата има можност да донесе уредба за згрижување на секоја категорија граѓани на државава.

ФООМ донира 100.000 долари за најзагрозените ромски семејства

Фондацијата Отворено општество-Македонија (ФООМ) обезбеди донација од 100 илјади долари за итна хуманитарна интервенција за загрозените ромски семејства кои се социјално и економски најдиректно засегнати од здравствената криза.

 

– Од исклучителна важност во овие моменти е да се обезбеди соодветната поддршка за најранливите групи граѓани и тоа преку зголемување на можноста за одржување на редовна хигиена и дезинфекција, но и преку поддршка во храна во периодот на изолација.

 

За таа цел, Фондацијата, во соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија обезбеди хуманитарни пакети со храна и средства за хигиена кои се доволни во период од еден месец да служат за потребите на едно семејство со четири до шест членови, соопштија од Фондацијата.

 

Со активноста ќе се опфатат околу 10 илјади граѓани од ромската заедница, односно околу две илјади семејства кои живеат во скопско Шуто Оризари, Тетово, Гостивар, Битола, Прилеп, Куманово, Делчево, Виница, Пехчево и село Црник.

Дистрибуцијата на хуманитарните пакети ќе започне утре и ќе заврши најдоцна на 10 април годинава.

 

– За непречено одвивање на активноста, Црвениот крст на терен ќе соработува со шест граѓански организации кои се активни и препознаени во ромските заедници – Романо Чачипе, ИРИЗ – Скопје, Сонце – Тетово, Станица П.Е.Т. – Прилеп, НРЦ – Куманово, НВО КХАМ – Делчево, ХОПС -Скопје и Центарот за деца на улица – Шуто Оризари и кои помогнаа да се идентификуваат потребите на најпогодените ромски семејства и ќе ја помогнат дистрибуцијата на хуманитарните пакети, наведуваат во соопштението.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 207 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата