Социјала

Откритија од Хонгконг: На оваа температура коронавирусот исчезнува за 5 минути: Новите истражувања докажале!

Новиот коронавирус е најактивен на температура од околу 4°Ц, додека, на температура од 70°Ц умира за околу пет минути, покажало истражувањето на научниците од универзитетот во Хонгконг.

 

На 4 степени вирусот може да живее речиси две недели, додека на температура од 70, умира за пет минути, се наведува во медицинското истражување објавено на веб-сајтот medrxiv.org.

 

На температура од 22 степени коронавирусот е активен седум дена, на 37 степени не повеќе од два дена, додека на температура од 56 степени, може да живее до 30 минути.

 

Научниците ја испитувале и одржливоста на вирусот на различни површини, па откриено е дека тој останува на површината на медицинските маски една недела, при собна температура и влажност на воздухот од 65%.

 

На хартија, вирусот опстанува помалку од три часа, на дрво и ткаенина не повеќе од два дена, на стакло помалку од четири дена, додека на челик и пластика останува една недела.

Српскиот доктор открива што е најопсно во пандемијата со кроронавирусот: Ако го видите ова, веднаш свртете се и бегајте!

Доктор Горан Белојевиќ  од Србија вели дека во овие времиња треба да заборавиме на гушкање, да се бакнуваме, да се ракувам

 

Говорејќи за ширењето на вирусот, тој изјави дека кога некој кива, треба веднаш да се свртиме.

 

Тој наведе дека носот и устата се најкритични места низ кои влегува вирусот.

„Не треба да се ставаат прсти во устата, гризењето на ноктите и чачкање на носот е многу опасно во овие ситуации“, рече тој, додавајќи дека мажите со брада не треба да го рибаат лицето, туку да одржуваат нормална хигиена.

 

– Овој вирус е многу заразен, од 100, дури 90 заболуваат. Затоа секогаш треба да носите маска, да бидете на растојание и, се разбира, да ги миете рацете. На пример, кога земате пари, што е многу контаминирано, не треба да ги дезинфицирате, туку веднаш потоа да ги измиете рацете – заклучи тој.

 

You tube:

Кој од познатите спортисти,сè се зарази од коронавирус ?

И спортистите се меѓу стотиците илјади кои биле тестирани позитивно на коронавирусот. Тие преку социјалните медиуми и интервјуа за медиумите ги опишаа нивните симптоми и состојби.

 

Еве преглед на познати спортисти кои јавно споделија дека го имаат коронавирус.

НБА ѕвездата Кевин Дурант беше заболен од коронавирус. Калум Хадсон-Одои, фудбалерот на Челзи . Руди Гоберт и Донован Мичел, ѕвездите на „Јута“ станаа првите играчи од НБА лигата кои беа тестирани позитивно на вирусот. Шон Пејтон, тренерот на „Њу Орлеанс“,.

 

Од познатите спортисти во Европа голем број од фудбалерите во Италија беа позитивни на коронавирус. Прв кој беше заболен од опасниот коронавирус беше играчот на Јувентус Ругани,

 

Меѓу заразените се најдоа и соиграчите на Ругани, Дибала и Матуиди

Повеќекратниот шампион во Формула 1, британецот Луис Хамилтон е во самоизолација.

Аларм во Ромскиот камп во Рим: 33 годишниот Ром Станија почина од коронавирусот

Обдукцијата на телото на Станије Јовановиќ, (33)  што починал од коронавирус во болницата Спаланзани, ќе послужи за потврда дека човекот не страдал од претходни патологии. Тоа е најмладата жртва на КОВИД-19 во Лацио. АСЛ спроведува истраги во кампот на Ромите преку Салвати.

 

33-годишниот Ром по потекло од Црна Гора кој починал од коронавирус во болницата Лазаро Спаланзани во Рим се викал Станије Јовановиќ. Смртта датира од 25 март, неколку дена по смртта на Емануеле Ренци, 34-годишниот од Пештерата, кој почина откако се зарази со вирусот.

 

Како и него, Станија, исто така, се чини дека немаше претходни патологии, за да се утврди ова, ќе треба да се чекаат за резултатите од извршената обдукција врз телото. Триесет и три годишниот сега е најмладата жртва на коронавирус во Лацио. Како што објаснува Ил Месаггеро,

 

Станије пристигна во центарот за инфективни болести минатиот петок. Хоспитализиран на интензивна нега, неговите здравствени состојби за жал се влошила и немаше што да се стори за да се спаси неговиот живот.

 

Link:  https://roma.fanpage.it/stanije-morto-a-33-anni-di-coronavirus-accertamenti-nel-campo-rom-di-via-salviati/

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 493 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата