Социјала

Во Германија за еден ден околу 6.000 новозаразени со коронавирус

Бројот на заразени со новиот коронавирусот во Германија изнесува 42.228 лица, што е за 5.780 повеќе од вчера. Од Вирусот досега починаа 253 лица, соопшти Институтот „Роберт Кох“.

 

Горниот дом на германскиот Парламент, Бундестагот го одобри владиниот пакет мерки за ублажување на економските последици од пандемијата на коронавирусот, во вкупен износ од 750 милијарди евра. Со тоа е завршена забрзаната собраниска процедура за усвојување пакетот мерки. Бундестагот го одобри пакетот од германската Влада во средата.

 

Сеопфатните мерки вклучуваат кредитни гаранции за помош на економијата, директна финансиска помош за малите и средните претпријатија и помош за здравствениот систем. 

Генералниот секретар на ОН: Пандемијата му се заканува на целото човештво

Пандемијата на коронавирусот му се заканува на целото човештво, предупреди генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, јавува Франс прес со податок дека во светот има повеќе од 450.000 заразени.

 

Целото човештво мора да одговори. Акцијата и солидарноста на глобално ниво се клучни“, истакна Гутереш.

 

Тој претстави „светски хуманитарен план“ за поддршка на најсиромашните земји.

„Целта на тој план е да се бориме против вирусот во најсиромашните земји во светот и да одговориме на потребите на најранливите, пред сѐ жените и децата, постарите лица, лицата со инвалидитет и хроничните болни“, порача генералниот секретар на ОН во видео порака.

 

Бројот на дијагностицираните случаи е само дел од реалниот број на заразените бидејќи најголемиот број земји ги тестираат само тешките случаи.

 

Претходно вчера Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со заедничко соопштение ги повикаа земјите кредитори веднаш да го олеснат исплаќањето на долговите за најсиромашните земји кои се борат со тешките последици на пандемијата на коронавирусот.

 

Станува збор за членките на Меѓународната развојна асоцијација (ИДА), во кои живее четвртина од светското население и две ретини од најсиромашните луѓе во светот, а нив епидемијата најмногу ќе ги погоди.

 

Видео порака:

Франција: Во градот Перпињан од коронавирусот починале 4 Роми, останатите се во критична сосотојбаФранцуските медиуми објавија дека коронавирусот се шири во ромската заедница во Перпињан, град на југот на земјата во Франција. Минатата недела четворица Роми починаа од вирусот,уште 10 се на интензивна нега, од кои некои се во индуцирана кома. „Ова е страшно. Се плашиме “, рече Ник Гименез, претставник на ромската заедница во Перпињан за француските медиуми. Еден од починатите е 24-годишна жена која страдала од астма и дебелина, додека другата личност е 45-годишен маж, исто така астматичен. Третиот беше стар над 75 години. Вкупно шест лица веќе починале од КОВИД-19 во Перпињан, четворица од оваа заедница. Ситуацијата во овој град е комплицирана и бројот на заразени лица рапидно расте. Ромската заедница во Перпињан е една од најголемите ромски заедници во Франција и нејзините членови припаѓаат на групи со поголем ризик од вирусот, бидејќи многу страдаат од дијабетес. Властите ги повикаа жителите да не ги напуштаат своите домови. Сепак, за Ромите е многу тешко да останат во затворено, бидејќи многумина живеат во домови од 15 метри квадратни, во групи од четири до шест. Link: http://www.portal-udar.net/francuska-cetiri-roma-umrla-od-koronavirusa-ostali-su-u-kriticnom-stanju/

Француските медиуми објавија дека коронавирусот се шири во ромската заедница во Перпињан, град на југот на земјата во Франција.

 

Минатата недела четворица Роми починаа од вирусот,уште 10 се на интензивна нега, од кои некои се во индуцирана кома.
„Ова е страшно. Се плашиме “, рече Ник Гименез, претставник на ромската заедница во Перпињан за француските медиуми.

 

Еден од починатите е 24-годишна жена која страдала од астма и дебелина, додека другата личност е 45-годишен маж, исто така астматичен. Третиот беше стар над 75 години.


Вкупно шест лица веќе починале од КОВИД-19 во Перпињан, четворица од оваа заедница. Ситуацијата во овој град е комплицирана и бројот на заразени лица рапидно расте.

 

Ромската заедница во Перпињан е една од најголемите ромски заедници во Франција и нејзините членови припаѓаат на групи со поголем ризик од вирусот, бидејќи многу страдаат од дијабетес. Властите ги повикаа жителите да не ги напуштаат своите домови.

Сепак, за Ромите е многу тешко да останат во затворено, бидејќи многумина живеат во домови од 15 метри квадратни, во групи од четири до шест.

 

Link: http://www.portal-udar.net/francuska-cetiri-roma-umrla-od-koronavirusa-ostali-su-u-kriticnom-stanju/

Преставинкот на ИРУ од САД, Шон Д. Вискарсон испрати Резoлуција -Барање до Сенатот на САД за признавање на Потеклото на Американските Роми

Членот на ИРУ, воедно и преставник на ИРУ во САД,  Шон Д. Вискарсон , не информираше во врска со испратеното барање уште во Април 2019 година до Сенатот на САД за барање Признавање и одбележување на значајни настани за Ромите на територија на САД.

 

На тоа барање пристигна информација дека ова признавање ќе се случи за време на одржување на  116-от Конгрес на САД (Претставничкиот дом и Сенатот) каде ќе биде преставен и донесен  предлог-закон со значителна двопартиска поддршка; Резолуција 292: како и Одбележување на наследството на Американските Роми и резолуцијата од Сенатот 141. С.Рес 141 кој ќе ја побара оваа подршка.

 

Поради состојбата со КОВИД – 19 , овој состанок за сега е одложен, но веднаш ќе се стапи во реализацјата на барањата за оваа 2020 година.

 

Резелуцијата кој ќе ги донесе Сенатот на САД се следните:

 

  • Сеќавање на геноцидот на Ромите од страна на нацистичка Германија и нејзините партнери во „Оската “ и ја одбележува 75-годишнината од уништувањето на „Кампот за семејство на цигани“ каде што Ромите беа интервенирани во Аушвиц;
  • Отварање на Меморијалниот музеј на холокаустот во САД за улогата во промовирањето на Сечавањето на холокаустот и едукацијата за геноцидот на Ромите;
  • Признавање и поддршка на Интернационалниот ден на Ромите како можност да се испочитува културата, историјата и наследството на Ромите во САД како дел од поголемата Ромска глобална дијаспора; и
  • Земање на учество на Стејт департментот во церемонии и настани што го слават Меѓународниот ден на Ромите и сличен ангажман од Владата на САД

 

Информациите може да ги погледнете на следниот линк: Link: https://www.congress.gov/bill/116th-congress/senate-resolution/141/related-bills

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 273 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата