Социјала

Истражување: Ковид-19 повеќе се гледа како економска закана, отколку како здравствен ризик

Јавноста го гледа корона вирусот како поголема закана за економијата отколку за нивното здравје, покажуваат новите истражувања. Економските мерки за спас на компаниите и работните места што ги преземаат владите не ја намалува ваквата загриженост.

 

Анкетата на Ипсос во која беа опфатени 10.000 возрасни испитаници во 12 земји и која беше спроведена од 12-14 март, покажува зголемена вознемиреност за личната финансиска изложеност, вклучувајќи го и вработувањето. 

 

За резултатите на истражувањето пишува и Светскиот економски форум на интернет страницата, при што се вели дека перцепцијата за закана за здравјето се зголемува во близина на жариштата и покрај преземените мерки за социјално оддалечување и забраните за патувања ширум светот.

 

Поголемиот дел од анкетираните во опфатените земји очекуваат последици за нивните лични финансии поради пандемијата на корона вирус, покажуваат резултатите на истражувањето. Најмногу се загрижени во Виетнам, Кина, Индија и во Италија.

 

Загриженоста за работните места и за деловните активности брзо се зголеми од февруари, особено во Италија, Франција, Велика Британија и во САД. Во овие земји, економските грижи се чини дека пораснале повеќе од загриженоста во врска со нивото на закана од вирусот.

 

Повеќето земји, вклучително и анкетираните во жариштата, очекуваат работите да се вратат во нормала до јуни. Сепак, траекторија за болеста и потврдените случаи сугерираат дека тоа нема да се случи, заклучува Ипсос.

Ромските населби во Словачка се многу загрозени од пандемијата COVID-19, некои немаат пристап до вода за пиење

Ромските населби во Словачка се многу загрозени од сегашната пандемија COVID-19, според преставникот на словачката влада за ромската заедница, Абел Раваш. Тој го гледа главниот проблем во недостаток на пристап до чиста, топла вода за лична хигиена.

 

Жителите на населбите честопати немаат при рака основни средства за лична хигиена и од таа причина Раваш преговара за да го олесни пристапот до вакви средства. Некои населени места со поголема концентрации на сиромашни Роми имаат ограничен пристап до питка вода и можат да добијат пристап до проточна вода во нивните живеалишта за живеење со приплата на паметни картички што им овозможуваат пристап до тие комунални услуги.

 

Компликациите на исплата на придобивките од социјална помош за жителите од населбата во овој момент, исто така, се разгледуваат од страна на Владата. Предмет за тоа како треба да се користи поштата за вакви исплати за време на оваа криза беше дел од неодамнешната сесија на Централниот кризен тим во Словачка.

 

Link: http://www.romea.cz/en/news/world/slovakia-apos-s-romani-settlements-are-very-endangered-by-the-covid-19-pandemic-some-have-no-access-to-potable-water

Конзуларното одделение, вклучително и Визното во Германската амбасада во Скопје, затворено на неопределено

Во соопштението од Германската амбасада во Скопје испратено на 16 март 2020 година се вели:

 

„Како последица на прогресивното ширење на корона-вирусот (ковид-19), Конзуларното одделение, вклучително и Визното во Германската амбасада, се затвора веднаш на неопределено време за нормален проток на посетители. Сите веќе закажани термини ќе бидат автоматски пререгистрирани од страна на Амбасадата за некој подоцнежен термин.

 

Ако имате исклучиво германско државјанство и Вашиот германски пасош и/или лична карта ќе стане невалиден во следните два месеца или веќе е неважечки, Ве молиме да нѐ контактирате по мејл на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..  Ве молиме со мејлот да приложите копија од Вашиот пасош и/или лична карта.

 

Амбасадата ќе информира на нејзината веб-страна www.skopje.diplo.de, штом ќе се нормализира протокот на посетители и повторно ќе може да има термини.

Жалиме за ограничувањата и Ве молиме за разбирање за овие неопходни мерки!„

На Фјури му се заканува суспензија од осум години?!

Британците отворија истрага против Тајсон Фјури кој е обвинет дека во 2015 година бил допингуван.

 

Антидопинг агенцијата на Велика Британија отвори псотапка откако Мартин Карефут откри дека му било понудено 25.000 да сведочи во корист на Фјури.

 

Фјури зборуваше дека јадел контамирано месо од дива свиња и донесе сведоци да го потврдат тоа, а на крајот двегодишната суспензија му беше поништена.

Мартин Карефут после неколку години откри дека лажно сведочел па Британците повторн ого повикаа Фјури на суд.

 

Ако се докаже дека Фјури е виновен според правилата може да добие суспензија од осум години, а тоа воедно би било крај на неговата кариера.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 163 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата