Социјала

Балканците најмалку се плашат од Коронавирусот

Истражување на „Галуп“ покажува дека над 70 отсто од луѓето на Балканот веруваат дека коронавирусот не претставува толкава закана како што се претставува. Истражувачите велат дека ова и можеше да се очекува во регион кој е навикнат на кризи, објави „Дојче веле“.

 

Според истражувањето, 62 отсто од луѓето во светот се плашат да бидат заразени, но во исто време дури 56 отсто мислат дека заканата не е толку опасна како што се тврди. Овие резултати ги доби Агенцијата „Галуп“ врз основа на анкетирање на 20.000 лица во 26 земји.

 

Претседателот на „Галуп“, Канчо Стојчев, смета дека резултатите не се контрадикторни, како што делува на прв поглед.

 

На Балканот сè уште нема многу страв, барем во испитаните три држави. Според анкетата, во С. Македонија и БиХ дури 73 отсто од луѓето сметаат дека вирусот е претставен поопасен отколку што е, во Бугарија 72 отсто и го мислат тоа.

 

„Балканот со векови е важен центар. На вакви места, интензитетот на историјата е значително повисок, што значи дека тука имало повеќе кризи што требало да се надминат“, истакна Стојчев.

 

Спротивно на тоа, во Западна Европа дури 70 отсто од луѓето сметаат дека вирусот претставува голема закана.

СЗО предупредува – Младите не се имуни на новиот коронавирус

Младите луѓе не се имуни на коронавируст и се изложени на ризик од сериозни заболувања, дури и смрт, но и ги ставаат во опасност своите најблиски кои се повозрасни со тоа што не избегнуваат дружење, предупреди Светската здравствена организација.

 

„Значителен дел“ од пациентите третирани во болница за новиот коронавирус Ковид-19 ширум светот биле на возраст под 50 години, соопшти СЗО, во услови на загриженост дека многумина не ја сфатиле тежината на пандемијата.

 

„Денес, имам порака за младите: Вие не сте непобедливи“, рече генералниот директор на организацијата, Тедрос Аданом Гебрејсус.

 

Говорејќи на брифингот за медиуми во петокот, тој истакна: „Овој вирус може да ве стави во болница со недели, па дури и да ве убие. Дури и ако не се разболите, изборот што ќе го направите за тоа каде одите може да биде разлика помеѓу животот и смртта за некој друг“.

 

Повеќе од 10 000 луѓе ширум светот починале од коронавирусот откако епидемијата избувнувна во Кина кон крајот на минатата година. Бројот на случаи на глобално ниво сега достигна 210 000, потврди СЗО.

 

Постарите и лицата со други здравствени проблеми се со најголем ризик од сериозно заболување од коронавирус.

 

Но, шефовите за здравство во Италија, најтешко погодената земја, објавија поголем број на помлади пациенти кои бараат болничко лекување.

 

Околу 12 проценти од оние кои биле лекувани на интензивна нега во Италија се на возраст меѓу 19 и 50 години, според официјалните бројки објавени минатата недела.

Калкулатор: Еве колку ќе ви трае тоалетната хартија што ја изнакупивте од продавниците

Еден досетлив програмер направил пилот-проект „Калкулатор за тоалетна хартија“ и сега можете точно да пресметате колку време ќе ви трае тоалетната хартија што ја донесовте од продавница во вашиот дом.

 

Општа тепачка за купување тоалетна хартија се случи откако коронавирусот нагло почна да се шири во земјава и во земјите од регионот. Па така, еден досетлив програмер направил пилот-проект „Калкулатор за тоалетна хартија“ и сега можете точно да пресметате колку време ќе ви трае тоалетната хартија што ја донесовте од продавница во вашиот дом.

 

Да речеме дека сте четиричлено семејство, па доколку одите во тоалет 20 пати дневно (а сигурно не одите толку често), и доколку сте купиле само два пакета тоалетна хартија со по 20 ролни (а веројатно сте купиле повеќе), таа залиха ќе ви трае 10 дена. Ако пак, речеме дека во тоалет одите 10 пати во текот на денот, тогаш хартијата ќе ви трае 20 дена.

Истражувачка репортерска лабораторија Македонија –ИРЛ: Од 300 луѓе кои минале на Деве Баир, само 9 Роми се однесени во групен карантин

Како се завршува во групен карантин, а како во домашна изолација, како изгледа процедурата во која се утврдува кој ќе оди во касарна, а кој дома. Ова се дел од прашањата кои ИРЛ ги упати до институциите,  а за кои веќе три дена чека одговор откако на 17 март од најавените 200 граѓани кои се враќаат од странство, од граничниот премин Деве Баир само 9 музичари – Роми  беа однесени во групен карантин.

 

На 17 и 18 март преку овој граничен премин влегле повеќе од 300 државјани. Македонската информативна агенција (МИА), повикувајќи се на официјални информации од Полициска станица за гранична проверка и граничен надзор Регионален центар Исток, вчера објави дека на 17 и 18 март вкупно 300 државјани влегле во државата на граничниот премин Деве Баир.

 

Сите тие потпишале изјави за самоизолација и биле пуштени дома, ниту едно друго лице не било сместено во групниот карантин.

 

По јавните поплаки на социјалните мрежи за условите во касарната Пепелиште каде што првично беа сместени единствените десет државјани во групен карантин, тие сега се во Демир Капија во групен карантин. Нивното прашање е едно: Зошто само ние?

 

Во Министерството за здравство прашавме кој одлучува кој граѓанин ќе биде во самоизолација дома, а кој во групен карантин.

 

Од министерството за здравство во нивниот кус одговор, пак, рекоа дека тоа се одлучувало според здравствената состојба, но одбија да одговорат каква треба да е здравствената состојба за некој да оди во групен карантин.

 

Новинари во разговор за ИРЛ рекоа дека ноќта кога пристигнале музичарите, додека го чекал конвојот, видел дека многу луѓе преминувале граница пеш, а се симнувале од комбиња. Други минувале граница со автомобил или комбе, но со писмени изјави биле пуштани дома. Единствените кои конвојот ги однесе во касарната во Пепелиште се деветте Роми музичари. Откако се пожалија на лошите хигиенски услови, беа преместени во Заводот за рехабилитација во Демир Капија.

 

Link: https://irl.mk/od-300-lue-koi-minale-na-deve-bair-samo-9-romi-se-odneseni-vo-grupen-karantin/

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 162 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата