Социјала

Не фрлајте пари: Ова се подароци кој никој не ги сака

Пред нас се празниците во кои обожаваме да купуваме и подаруваме, но одредени подароци поголемиот број од луѓето не сакаат да ги добијат за Нова година.

 

Убедливо најлош подарок, генерално земено, се сувенири и симболи, порцелански фигури и украси. Потоа, кујнски прибор и апарати, сапун и козметички производи, со исклучок на добри парфеми, депилатори и машинки за бричење, бањарки, крпи за туширање…

 

Секако, подарокот го избирате според личноста на која ѝ подарувате, а ако сте блиски, секогаш можете да се консултирате за да не направите катастрофа со изборот.

На повеќе од половина од луѓето кои добиле новогодишен подарок, тој воопшто не им бил корисен.

 

Сосема е мал процентот на оние кои сметаат дека вниманието е важно. Повеќето претпочитаат да добијат подарок кој знаат дека е внимателно избран и соодветен на она што го сакаат.

 

Интересно, но ретко кој сака да биде неверојатно изненаден од подарокот. Постојат и оние кои истиот подарок го проследуваат на некој друг, бидејќи по ниту еден критериум не е избиран за нив и тоа е повеќе од очигледно.

Што најмногу купуваат Македонците преку интернет?

Расте интересот кај македонските граѓани за пазарување преку интернет. Последните анализи направени од Асоцијацијата за е-трговија, посочуваат дека има зголемување кај онлајн-нарачките.

 

Во последните 12 месеци преку Интернет пазарувале 35,9 проценти од интернет-корисниците, наспроти 31,6 процент во истиот период минатата година, информира Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ).

Притоа, облеката и спортската опрема се меѓу најкупуваните продукти од македонските граѓани кога пазаруваат преку интернет..

 

Повеќето од Македонците купуваат производи преку интернет во вредност до 50 евра, во согласност со царинските прописи за увоз.

Поединци што нарачале/купиле производи или услуги преку интернет за приватна намена

во последните 3 месеци 27,4 %

пред 3 месеци до 1 година 8,6%

пред повеќе од 1 година 4,8%

никогаш 59,3%

нарачале/купиле производи/услуги преку интернет (кога било) 40,7%

нарачале/купиле преку интернет во последните 12 месеци 35,9%

Извор: Државен завод за статистика.

Случајот со малата Моника Каримановиќ: Дали државата Србија, реагираше навреме?

Србија и регионот сеуште е во неизвесност во случајот со грабнувањето на малата 12 годишна Моника Каримановиќ од околината на Ниш. Главниот осомничен е Нинослав Јовановиќ од Малча, попознат како „Малчански бербер“, кој излегол од затвор во март годинава.

 

Веќе осум дена како ја нема Моника, родителите, и блиските пријатели сеуште не ја губат надежта дека таа може да биде вратена здрава и жива, но сепакевидентно е дека во оваа потрага има многу недоследности.

 

Целиот случај беше алармиран веднаш преку социјалните мрежи од страна на засегнатите родители и пријатели. Веднаш и самите граѓани ја споделуваа оваа информација. Во цел тој хаос „најмирни„ беа државните институции и полицијата на Србија како о надлежните институции. Дури после четри – пет дена од исчезнувањето започнаа поконкретна потрага вклучувајќи и 200 полицајци и жандармерија. Деновиве тој број изнесува и 500 вклучени лица, но дали требаше толку да се чека?

 

Истото прашање треба да се постави и кон големиот број на Ромски организации кои мудро „ќутеа„ се до моментот додека не беше тој „аларм„ даден и од официјалните медиуми во Србија и регионот.

Буквално родителите и индивидуални ромски активисти беа оставени сами на себе во оваа потрага цели четри –пет дена!

Имаше и такви кои во целиот овој случај го таргетираа како случај дека малата Моника можеби и „побегнала и се омажила„ следбено дека таа е Ромка и дека таа варијанта е најлесна.

 

Со ова се докажа дека кога станува збор за Ромите државата Србија секогаш имаат некои поважни приоритети од Ромите.

Во целата оваа ситуација дури и претседателот на државата Александар Вучиќ се вклопи во сивилото напоменувајќе дека добро е запознат со деталите но не би сакал да изнесува информации.

 

Дали тие родители на Моника не заслужуваат поголема утеха од страна на државата и институциите, и да ги држат во неизвесност.

Дури медиумите направија реконструкција на целиот случај и укажано е дека ова се случило за само 4 минути и 43 секунди.

 

Тие фатални минути беа доволни еден обичен педофил цели осум дена да се крие и цела полиција да не биде способна да го лоцира и открие, како да се работи за најпрофесионален воен ветеран и знае како да се крие. Факт е дека има мал милион пропусти и недоследности. Факт е дека државата Србија Ромите не им се некој врвен приоритет.

Дај боже да се заврши се најдобро и Моника здрава и жива да се врати на најблиските. Е потоа ќе се отвори Пандорината кутија кој и каде направил пропуст. А нарочио судските институции кој монстумот Нинослав го пуштиле во март од затвор и знаејќи го за кого станува збор го пуштиле без никаква контрола, следење и надзор со шанса која повторно ја сторил, силување и напаѓање на малолетни деца.

 

Кој ќе ја поднесе таа одговорност? Во други држави паѓаат оставки на претседатели, министери, но брате ова е Србија ова е Балкан! Тоа на овие простори е невозможна мисија!

Ромски филмски фестивал Конкурс за Филмскиот Фестивал Златно Тркало 2020Осумнаесетиот Ромски филмски Фестивал “Златно Тркало“ ќе биде одржан во Скопје, Македонија во Март 2020. Фестивалот е посветен на продукцијата околу Ромското население низ целиот свет. Сите видео продукции (документарци и ТВ филмови) продуцирани од Ромски или од не Ромски продуценти имаат право на учество. Крајниот рок за поднесување на филмови е 31.01.2020 година. A. Главни Информцииn Осумнаесетиот Ромски филмски Фестивал “Златно Тркало“ ќе биде одржан во Скопје, Македонија во Март 2020. Фестивалот е посветен на продукцијата околу Ромското население низ целиот свет. Сите видео продукции (документарци и ТВ филмови) продуцирани од Ромски или од не Ромски продуценти имаат право на учество. Крајниот рок за поднесување на филмови е 31.01.2020 година Б. Регулации за 18-от Ромски Филмски Фестивал “Златно Тркало“ - 2020 1. Општи барања на Фестивалот за Скрининг и играње Ø Документарци и ТВ филмови кои се занимаваат со Ромите кои биле или не биле прикажани на други фестивали Ø Силно се препорачува програмите да не бидат по долги од 30 минути Ø Видеата можат да бидат покажани ако имаат Англиски коментар или Англиски диалози или ако оригиналната верзија има Англиски превод Ø Фестивалот "Златно Тркало" ги прифаќа следните видео формати: ДВД ЦД, УСБ мп4 формат, УСБ-ДВД формат. Ø Нема граница за бројот на поднесени програми-секој продуцент,продукциска куќа или ТВ Станица можат да поднесат филмови колку што мислат дека е соодветно Ø Кога еднаш ќе се поднесе филм, тој неможе да се повлече. 2. Како да се ја внесете вашата програма Ø Фестивалот "Златно Тркало" мора да прими ЦД/УСБ за скрининг на филмовите и комплетен и потпишан формулар најбрзо што може. Ние би сакале да ги пријавите вашите програми најбрзо што можете Ø Прегледот на ЦД-то исто така и ЦД-УСБ форматите мора да имаат Англиска синхронизација и диалог или преводи Ø Следниве информации мора да бидат предвидени за време на предавањето на филмовите: Англиска скрипта на програмата English script of the program Листа на титловите на јазиците (Ромски, Македонски и Англиски) Биографија на режисер(ите) Филмографија на режисерот Кратка историја на продукциската куќа Промотивни материјали (Фотографии, постери итн) Листа на диалози на Англиски Ако сакате да внесете две или повеќе програми во фестивалот, направете копија од формуларот за секој филм 3. Селекција на програмите Менаџментот на фестивалот "Златното Тркало" ги одбира програмите кои ќе бидат внесени во програмската секција. Приоритет може да добијат тие кои ги сретнуваат критериумите кои се сугерирани од предметот за Генерална Информација. Во случај да се одбере програмата, фестивалот ке го извести апликантот, режисерот, продуцентот и дистрибуторот на филмот. Во случај ако програма не се одбере официјално и апликантот, режисерот, продуцерот, дистрибуторот на филмот се заинтересирани да го прикажат на ТВ, може да се аранжира со организаторот. 4. Авторизација По официјалната селекција на програмите фестивалот “Златно Тркало“ има право да: Ø Да користат три минути од програмата која за прикажувачки цели на локални, национални или интернационални телеивзии на сајтот на Златното Тркало или во кино Откако ќе заврши фестивалот, организаторот исто така ќе ги има правата за еден скрининг и плус еден репризен скриниг на пристигнатите и селектираните програми во програмната шема на ТВ. Со ова се подразбира дека организаторот и учесникот се задолжени да потпишат заеднички договор. Во еден збор, ние ве информираме дека вашите програми ќе бидат прикажани на нашиот ТВ канал. Ø Користење на рекламен материјал од секаков вид за да се промовира фестивалот Ø Чувајте ги испратените ЦД/УСБ за не циркулирани референци и едукативни цели во нивната архива и подготовка на каталог за сите програми испратени до фестивалот 5. Транспорт на фестивални програми На крајот од месец Февруар 2020 фестивалот мора да добије скрининг копија на програмата во случат ако фестивалот “Златно Тркало“ сака да ја искористи програмата за прес скрининг, испраќачот ке биде контактиран пред време за оваа дата. Ø Транспортот на ЦД/УСБ мора да биде преку ДХЛ, Федекс или било која друга брза пошта, поради безбедносни причини Ø Повик за плаќање мора да ги придружи ЦД-ата/УСБ-ата, нагласувајќи го името на праќачот, насловот на програмата, големината, должината и дали е во боја или црно бела слика Ø Изјава која го потврдува не комерцијалниот материјал и вповратната адреса мора да ги придружи ЦД-ата/УСБ-ата. Ø Трошоците на транспортот до Македонија се одговорноста на апликантот Ø Фестивалот нема да ги врати добиените ЦД-а/УСБ-а 6. Покани Ø Сите покани ќе бидат пратени преку е-маил Ø Секој кој што сака да го посети фестивалот е должен да потполни акредитација по пристигнувањето. Акредатиционите формулари може да се подигнат во фестивалската канцеларија. 7. Жири Ø Интернационално жири сочинет од експерти во ТВ и филмскиот бизнис, исто така и истакнати преставници од целата културна сфера на Ромската и не Ромската националност, ќе ги издвојат најдобрите од номинираните програми Ø Бројот на членови на жирито и членовите сами се номинирани од Фестивалскиот меаџмент Ø Официјалното фестивалско жири е целосно независно и со слобода да ја избере победничката програма Ø Одлуката на жирито е конечна 8. Награди - Златно Тркало Главна Награда - Гранд При - Златно Тркало за најдобар документарец - Златно Тркало за најдобар режија - Златно Тркало за најдобро сценарио - Златно Тркало за најдобра музика - Златно Тркало за придонес во Ромската Стратегија - Награда за едноминутно видео Контакт информации Записи, прегледи ЦД-а/УСБ-а и документациски материјали, исто така и кореспонденцијата треба да биде адресирана кај: СП БТР Продукција Ул 376, бр 108 1000 Скопје, Македонија (За филмскиот фестивал “Златно Тркало - 2020“) Тел./факс: + 389 2 3216 000; + 389 2 2656 901 e-маил:[email protected]

Осумнаесетиот Ромски филмски Фестивал “Златно Тркало“ ќе биде одржан во Скопје, Македонија во Март 2020.

Фестивалот е посветен на продукцијата околу Ромското население низ целиот свет. Сите видео продукции (документарци и ТВ филмови) продуцирани од Ромски или од не Ромски продуценти имаат право на учество.

Крајниот рок за поднесување на филмови е 31.01.2020 година.

  1. Главни Информцииn

 

Осумнаесетиот Ромски филмски Фестивал “Златно Тркало“ ќе биде одржан во Скопје, Македонија во Март 2020.

 

Фестивалот е посветен на продукцијата околу Ромското население низ целиот свет. Сите видео продукции (документарци и ТВ филмови) продуцирани од Ромски или од не Ромски продуценти имаат право на учество.

 

Крајниот рок за поднесување на филмови е 31.01.2020 година

 

 

Б. Регулации за 18-от Ромски Филмски Фестивал “Златно Тркало“ - 2020

 

  1.   Општи барања на Фестивалот за Скрининг и играње 

 

Ø     Документарци и ТВ филмови кои се занимаваат со Ромите кои биле или не биле прикажани на други фестивали

Ø    Силно се препорачува програмите да не бидат по долги од 30 минути 

Ø     Видеата можат да бидат покажани ако имаат Англиски коментар или Англиски диалози или ако оригиналната верзија има Англиски превод 

Ø    Фестивалот "Златно Тркало" ги прифаќа следните видео формати: ДВД ЦД, УСБ мп4 формат, УСБ-ДВД формат.

Ø     Нема граница за бројот на поднесени програми-секој продуцент,продукциска куќа или ТВ Станица можат да поднесат филмови колку што мислат дека е соодветно

Ø     Кога еднаш ќе се поднесе филм, тој неможе да се повлече.

 

 

  1.     Како да се ја внесете вашата програма

 

Ø    Фестивалот "Златно Тркало" мора да прими ЦД/УСБ за скрининг на филмовите и комплетен и потпишан формулар најбрзо што може. Ние би сакале да ги пријавите вашите програми најбрзо што можете

Ø     Прегледот на ЦД-то исто така и ЦД-УСБ форматите мора да имаат Англиска синхронизација и диалог или преводи 

Ø     Следниве информации мора да бидат предвидени за време на предавањето на филмовите:

Англиска скрипта на програмата English script of the program

Листа на титловите на јазиците (Ромски, Македонски и Англиски)

Биографија на режисер(ите)

Филмографија на режисерот 

Кратка историја на продукциската куќа

Промотивни материјали (Фотографии, постери итн)

Листа на диалози на Англиски 

Ако сакате да внесете две или повеќе програми во фестивалот, направете копија од формуларот за секој филм

 

  1.     Селекција на програмите

 

Менаџментот на фестивалот  "Златното Тркало"  ги одбира програмите кои ќе бидат внесени во програмската секција. Приоритет може да добијат тие кои ги сретнуваат критериумите кои се сугерирани од предметот за Генерална Информација. Во случај да се одбере програмата, фестивалот ке го извести апликантот, режисерот, продуцентот и дистрибуторот на филмот.

Во случај ако програма не се одбере официјално и апликантот, режисерот, продуцерот, дистрибуторот на филмот се заинтересирани да го прикажат на ТВ, може да се аранжира со организаторот.

 

  1.     Авторизација 

 

По официјалната селекција на програмите фестивалот “Златно Тркало“ има право да:

Ø     Да користат три минути од програмата која за прикажувачки цели на локални, национални или интернационални телеивзии на сајтот на Златното Тркало или во кино

  Откако ќе заврши фестивалот, организаторот исто така ќе ги има правата за еден скрининг и плус еден репризен скриниг на пристигнатите и селектираните програми во програмната шема на ТВ. Со ова се подразбира дека организаторот и учесникот се задолжени да потпишат заеднички договор. Во еден збор, ние ве информираме дека вашите програми ќе бидат прикажани на нашиот ТВ канал. 

Ø    Користење на рекламен материјал од секаков вид за да се промовира фестивалот 

Ø    Чувајте ги испратените ЦД/УСБ за не циркулирани референци и едукативни цели во нивната архива и подготовка на каталог за сите програми испратени до фестивалот 

 

  1.     Транспорт на фестивални програми 

 

На крајот од месец Февруар 2020 фестивалот мора да добије скрининг копија на програмата во случат ако фестивалот “Златно Тркало“ сака да ја искористи програмата за прес скрининг, испраќачот ке биде контактиран пред време за оваа дата. 

Ø   Транспортот на ЦД/УСБ мора да биде преку ДХЛ, Федекс или било која друга брза пошта, поради безбедносни причини  

Ø     Повик за плаќање мора да ги придружи ЦД-ата/УСБ-ата, нагласувајќи го името на праќачот, насловот на програмата, големината, должината и дали е во боја или црно бела слика 

Ø   Изјава која го потврдува не комерцијалниот материјал и вповратната адреса мора да ги придружи ЦД-ата/УСБ-ата. 

Ø     Трошоците на транспортот до Македонија се одговорноста на апликантот 

Ø     Фестивалот нема да ги врати добиените ЦД-а/УСБ-а

 

  1.     Покани 

Ø     Сите покани ќе бидат пратени преку е-маил 

Ø     Секој кој што сака да го посети фестивалот е должен да потполни акредитација по пристигнувањето. Акредатиционите формулари може да се подигнат во фестивалската канцеларија. 

 

  1.     Жири

Ø     Интернационално жири сочинет од експерти во ТВ и филмскиот бизнис, исто така и истакнати преставници од целата културна сфера на Ромската и не Ромската националност, ќе ги издвојат најдобрите од номинираните програми 

Ø    Бројот на членови на жирито и членовите сами се номинирани од Фестивалскиот меаџмент 

Ø    Официјалното фестивалско жири е целосно независно и со слобода да ја избере победничката програма  

Ø    Одлуката на жирито е конечна 

 

  1.      Награди

 

- Златно Тркало Главна Награда - Гранд При

- Златно Тркало за најдобар документарец 

- Златно Тркало за најдобар режија 

- Златно Тркало за најдобро сценарио  

- Златно Тркало за најдобра музика 

- Златно Тркало за придонес во Ромската Стратегија

- Награда за едноминутно видео

 

Контакт информации 

 

Записи, прегледи ЦД-а/УСБ-а и документациски материјали, исто така и кореспонденцијата треба да биде адресирана кај: 

 

СП БТР Продукција

Ул 376, бр 108 

1000 Скопје, Македонија

(За филмскиот фестивал “Златно Тркало - 2020“)

 

Тел./факс: + 389 2 3216 000; + 389 2 2656 901

e-маил:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 253 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата