Социјала

Жителите на Визбегово протестираат, Хелсиншки и МТПС обвинуваат за дискриминација

Визбеговци не ги сакаат децата од поранешен „Ранка Милановиќ“ во своја близина
Оваа куќа во моментов е дом на три деца доскорешни штитеници на домот Ранка Милановиќ, сега на мал групен дом. Од неодамна се префрлени тука оти социјала одлучи дека ваквиот начин на згрижување ќе биде поефикасен во нивното воспитување.

Трите деца од поранешна „Ранка Миловановиќ“ сместени во малиот групен дом во Визбегово имаат 24 часовен надзор од стручни лица. Тука за првпат добиваат топол дом и грижа кои досега има недостасувале во животот. Неколку недели пред да се преселат децата во куќата во Визбегово се известени сите блиски соседи коишто се најдени во своите домови.

Но од друга страна жителите обвинија дека и вработени во центарот преку социјлани мрежи ги навредувале за тоа што не се согласуваат децата со проблематично воспитување да им се во близина.

Хелсиншки комитет реагира и апелира до жителите на Визбегово да покажат емпатија, разбирање и прифаќање за децата кои се селат во нивната околина, во дом кој не е институција и кој наликува на семејна средина, а што е суштински предуслов за нивна социјализација и напредок.

Ромите во Република Македонија: Предизвици и нееднаквости во домувањето, образованието и здравствената заштита

Студија за реалностите со кои се соочуваат Ромите во Македонија издадена од Меѓународната Група за Малцински Права (МРГ) и Асоцијацијата за демократски развој на Ромите СОНЦЕ.
12 ромски медијатори лоцирани во 6 општини интервјуираа стотици Роми со цел да соберат нови информации и да добијат целосна слика за нееднаквостите, инситуционалната дискриминација и социјалните предрасуди со кои се соочува ромската популација во Македонија. Резултатите на ова истражување се собрани и прикажани во брифигот: “Ромите во Република Македонија: предизвици и нееднаквости во домувањето, образованието и здравствената заштита”.
Брифингот, објавен на англиски, македонски, албански и ромски јазик, е издадед преку соработката на МРГ и СОНЦЕ. Истиот дава бројни препораки до македонската влада и локалните самоуправи. Брифингот се фокусира на три клучни области во кои Ромите и понатаму се соочуваат со дискриминација: образование, домување и здравство.
Извештајот вклучува голем број препораки. Подолу се дадени неколку примери од текстот:
*Да се процени бројот на ромските деца во околината на секое училиште и да се обезбеди нивна еднаква распределба со не-ромските деца;
*Преглед на наставните материјали и наставните програми за да се осигура дека негативните стереотипи не се вклучени. Доколку е потребно, да се произведат нови материјали кои промовираат еднаков третман;
* Да се забрзаат процедурите за легализација на дивоградбите што ги заземаат Ромите; и
*Зголемување на бројот на здравствени медијатори во општините каде што има висока густина на Ромите, со повеќе ресурси за поддршка на нивната работа.

Link: https://sonce.org.mk/%D0%A0%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B2%D0%BE-%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0-%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B8/

Шпанија, Турција и Герција се следна дестинација на „Небо, Точак Земја„

СП БТР Продукција интензивно работи на својот документарен филм „Небо, Точак, Земја„,. По пропатувањата и реализација, во Русија, Романија, Бугарија, Франција, Србија , сега на ред е Шпанија, Турција и Грција.
Екипата на СП БТР продукција деновиве се наоѓа на Пиринејскиот полуостров , поточно во Барселона каде снимаат интервјуа со познати и признати експерти по ромската историја, традиција, култура , а еден од нив е и познатиот Ромски историчар Хуан де Диос Рамирез Хередија (Juan-de Dios Ramires Heredia), како и останати познати ромски познавачи на историјата. Покрај него разговори ќе има и со ромските историчари од Турција и Грција.
Од тука ќе се дознае и повеќе за првите Роми кои биле дел од екипажот на познатиот морепловец Кристифор Колумбо при откривање на американскиот континет, за време на третото пативање на Коломбо во периодоѕ 1498 -1500 година.

Во Германија се бараат носачи на ковчези

Недостигот од носачи на кофчези се закнува да доведе до одложување на погреби во Германија, предупредуваат погребниците. Тие наведуваат дека празнините ги пополнуваат пензионери и ученици, но дека тоа не е трајно решение.

Порано беше вообичаено пријатели или роднини да ја преземаат оваа задача, вели Кристијан Јагер, директор на Здружението на погребници во Северна Рајна-Вестфалија.

Постарите носачи, сепак, имаат свои проблеми, вели Мајкл Ваш од погребалното претпријатие „Вебер“ во Дортмунд. Луѓето денес се многу потешки и, заедно со цвеќињата и ковчегот, шест носачи честопати треба да подигнат 200 килограми.

Во Германија погребалните претпријатија не ангажираат носачи затоа што тоа не им се исплати финансиски, но и поради порастот на бројот на кремирања. По кремирањето урната до гробот најчесто ја носи свештеник или член на семејството.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 354 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата