Социјала

Алина Србин: Справување со анти-ромскиот расизам преку театарот

Ромската активистка, актерка и режисер Алина Србин презентираше делови од една нејзина престава во Париз.

Сега планира да ја прилагоди претставата што првпат беше изведена во Њујорк пред една деценија, за да ги оспори расистичките ставови кон Ромите во Франција.

Носејќи маица со натпис "Јас сум Ром - но нема да ги украдам твоите деца", Алина Србин ќе „распука„ на сцената за време на нејзината прва претстава на француски јазик.

Србин ја напишал претставата "Се изјаснувам на сопствен ризик" додека студирал театарска игра за еден семестар во Њујорк пред една деценија. Текстот се занимава со нејзиното турбулентно детство во Букурешт.

"За жал, по завршувањето на комунизмот ја изгубивме куќата кога имав осум години и тогаш мојот живот навистина се промени кога отидовме да живееме со мојот вујко во традиционална ромска куќа", објаснува Србин.

Link: http://en.rfi.fr/europe/20190421-roma-actress-one-woman-play-tackles-racism?fbclid=IwAR0EewtkDaR3sFkX0_PirHph-Qw8gpA4JNvgSPdXQHDQWyNUultzsdSqWa0

 

Форум „Предизвици и можности за деца и млади Роми„ - Децата Роми ќе бидат вклучени во градинките на државен трошок

Вклучувањето на Ромите во квалитетно предучилишно образование и во образовниот процес и создавање услови за вработување беше тема на неодамнешниот одржан форум „Предизвици и можности за деца и млади Роми", како дел од регионалениот проект „Зголемени образовни можности за учениците и млади Роми во Западен Балкан и Турција"

Само 30 отсто од децата во Република Северна Македонија се опфатени во предучилишното образование, односно тоа значи и помал број вклучени деца Роми од 2,1 отсто.

Затоа, е одлучено да се зголемат капацитетите на прием на деца Роми во градинките, доколку се почитува човечкиот капитал како држава. Сите деца Роми, системски, ќе се вклучат во градинките и тоа ќе биде финансирано од државата.

Ова е одличен старт за системско образование, за што се има целосна поддршка од сите клучни чинители во државата и сме следени од меѓународната заедница

Уапсена криминална група од Бугарија: Присилуваа Роми да питачат во Шведска

Девет лица се уапсени во селото Дреновец северозападна Бугарија, во акција на полицијата која беше насочена за спречување на организиран криминал и ја лиши од слобода оваа криминална група која се занимава со трговија со луѓе , перење пари и питачење, изјави заменик на главниот бугарски обвинител Иван Гашев.

Како што напомена според доказите , криминалната група се занимавала со принуда на просење и вовглавном ординирале во Шведска каде испраќаа луѓе на питачење, а уапсените лица се поврзани со овие случувања, пренесува бугарската новицнка агенција БТА.

За апсењата, истрагата и наредните чекори информирани се и властите во Шведска, напомена Гешев.

Link: https://www.blic.rs/vesti/svet/slali-rome-da-prose-po-svedskoj-uhapsena-kriminalna-grupa-iz-bugarske/8jyb3n7

До кој степен одат матурантите и родителите: Колку се троши за една свечена вечер – матура

Матурите само што не започнале, а подготовките се во тек. Колку пари се потребни за една вечер?

Триста евра – за некои во просек доволно пари за одбележување на матурската вечер, а за други минимален буџет само за шминка и фустан.

Судејќи по размените на интернет форумите, просечната цена по човек за славење матура е 1.200 денари за хотелот и уште 1.000 денари за дискотеката по свеченоста.
Најважниот дел се чини е гардеробата. За матурант најевтиното одело е 3.000 денари во продавница на центарот на Скопје.

Кошула и кравата се купува за од 1.500 до 3.000 денари а во просек толку чинат и чевлите. Сè на сè за облека хотел и дискотека се двојат околу 9.000 денари за да се помине евтино. Од друга страна, толку чини едно „брендирано“ сако.

Со 4.000 денари за фустан, 2.000 за свечени обувки и 1.500 денари за фризура најевтино може да поминат матурантките. Се на сè за ученичка која завршува средно се потребни околу 10.000 денари. Толку пари се потребни за „посвечено“ шминка, фризура врз основа на козметички третман не земајќи ја предвид облеката и трошоците за хотел и дискотека.

Да не заборавиме на роднините – за најблиските да прослават во кафеана, просечниот трошок е од 6.000 до 20.000 денари за една вечер.

Но, што ги мотивира гордите родители да потрошат од една до две просечни месечни плати за една вечер, со цел да го одбележат успехот на дете кое завршило не вишо, не високо туку средно образование?

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 143 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот