Социјала

ЕЦПР: Ширум Европа има пораст на колективно казнување на Ромите поради индивидуални престапи

Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР) објави листа на факти каде се осудуваат делата од колективно казнување на ромската заедница во 10 европски држави.

Публикацијата објавена за време на настанот “EU Roma Week”, одржан во Европскиот Параламент од 18 до 21 март и ги посочија примерите за направени престапи над Ромите кои се од страна на државните органи и крајно десничарските групи.

Во табелата на факти се истакнува колективната казна против Ромите во Европа, ја оспорува колективната перцепција кон Ромите каде расистите со функции ги користат како оправдано но незаконско казнување на целата заедница , за наводни злосторства на некои ромски индивидуи.

ЕЦПР го осудува кршењето на индивидуалните права, и сметаат дека колективното казнување е еден од најекстремните манифестација на анти ромско расположение во Европа , пишува во European Interest.

“Без разлика на општеството каде јавните институции овозможуваат колективното казнување на етничка група, каде неколку луѓе се осомнечени за некое дело, или само затоа што се сиромашни, кршењето на темелните начела на било која држава каде владеат законите на правна држава„ истакна директорот на ЕЦПР, Адам Вајс.

Унгарскиот бискуп се жали на ситуацијата на Ромите во земјата

Унгарскиот бискуп Јанош Секели предупредува за последиците од социјалната исклученост на Ромите во неговата татковина. „Во североисточниот и јужен дел на Унгарија, каде има претежно голем број на Ромската заедница, живеат во огромна беда„ рече епархискиот владика од Сомбатели во интервјуто за најновиот број на Католичкиот неделник "Új Ember".

Невработеноста е висока, училишното образование е со најнизок квалитет и луѓето имаат чувство на безнадежност. "Колку подолго социјален напредок на Ромите е одложен, толку е се поблизок периодот на поделба на земјата", рече Секели, инаку ромски апостол како и организатор на Конференцијата на унгарскиот бискупи.

Политиката и унгарското општество ги напуштија луѓето наместо да користат ресурси за нивната еднаквост. Поради таквата состојба во некои ромски региони има мотиви за напуштање на родната грутка.. "Се почесто може тоа да се слушне и од ромската популација: Кога една земја прави толку малку за нас, тогаш тоа е подобро да се најдат начини за напуштање на тоа место", рече владиката.

Link: https://www.kathpress.at/goto/meldung/1750929/ungarischer-bischof-beklagt-lage-der-roma-im-land

Највисоките европски плати се навор од ЕУ, балканските земји на дното

На Стариот континент највисоки плати имаат жителите на земји што не се членки на ЕУ, а речиси на самото европско дно се баланските земји, според последните податоци објавени од истражување Еуростат, кои ги објавуваат повеќе балкански медиуми.

На самиот врв се Швајцарија со просечна месечна плата од 4.370 евра, втор е Исланд со 3.568, а трета Норвешка со 3.310 евра. Од земјите членки на ЕУ, просечната плата е највисока во Данска – 3.309 евра, следува Луксембург со 3.159, па Шведска со со 2.570… Германците, пак, имаат просечна плата од 2.270 евра.

Најниски плати во Европа имаат Молдавците – 212 евра, а малку пред нив се Украинците со 240 и Белорусите со 337.

Според тие податоци, на Балканот убедлив лидер е Словенија со просечна плата од 1.077 евра, следува Грција со 917, Хрватска со 827, Романија со 535, Црна Гора со 512, Србија со 460, Бугарија со 457, БиХ со 445, Албанија со 378, Македонија со 376 евра.

До кога правото на здравје за Ромките ќе постои само на хартија?

И овој 8 април, ние, жените од Иницијативата на жени од Шуто Оризари, го одбележаа Меѓународниот ден на Ромите алармирајќи за пречките со кои и ден-денес се соочуваат Ромките во нашата држава. Пречките не можеме да ги доброиме, но низ годините јасно станува дека најголеми меѓу нив се невработеноста и немањето пристап до услуги за репродуктивно здравје.

Незаконската наплата и неефикасните мерки од Програмата за активна заштита на мајки и деца значително им го обременуваат секојдневниот живот особено на Ромките и потврдуваат дека во Македонија и натаму не им се гарантира правото на здравје на жените во репродуктивен период.

Последната Карта со оцена од заедницата, истражување што Иницијативата на жени од Шуто Оризари го спроведе по седми пат на територијата на Шуто Оризари, укажа дека сите 100 опфатени испитанички се невработени и дека дури 82% од оние во репродуктивен период платиле за ЕХО-преглед кај својот матичен гинеколог иако оваа услуга им следува бесплатно.

И покрај низата мерки предвидени со Програмата за активна заштита на мајки и деца за 2018 година, кои требаше да им го олеснат пристапот до здравствени услуги на маргинализираните и ранливите, истражувањето покажува дека:

40% од жените без здравствено осигурување платиле за лабораториски анализи во текот на бременоста и за породувањето иако овие услуги им следуваат бесплатно,
само 16% го искористиле правото на бесплатна фолна киселина,
само 11% од бремените жени биле посетени од патронажни сестри во текот на бременоста,
дури 12% од бремените жени се малолетни.

Токму затоа, се бара од Министерството за здравство и од Фондот за здравствено осигурување конечно да го решат долгогодишниот проблем со незаконската наплата на бесплатни здравствени услуги кај матичните гинеколози и да го подобрат спроведувањето на мерките од превентивните програми наменети за жените во репродуктивен период.

Се апелира до државата и до Министерството за труд и социјална политика да им дадат приоритет на сите социјално ранливи категории на граѓани при „кроењето“ на мерките за вработување, а особено на Ромите кои ѝ припаѓаат на најмаргинализираната група на граѓани во државава.

Инаку, зошто би им го честитале Меѓународниот ден на Ромите?

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 73 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот