Социјала

Аргентина: Во својот прилог аргентински новинар Ромите ги нарече „Цигани„

На 29 март во арегнтискиот медиум „Cronica” во еден прилог кои беше објавен под наслов „ Уапсен маж за нелегално поседување оружје во расправија со еден Циган„ очигледна беше намерата на аргентинскиот новинар и тендециозно потенцираше дека се работи за „Цигани„.

Во самиот опис на прилогот го опиша настанот дека  еден маж бил пријавен поради закана кон двајца Роми  во врска со продаќба на автомобил.

Полицијата пристигнала  во пријавениот кварт во градот Трелев во населбата Сармиенто.

Полицијата во таа акција заплениле наполнето огнено оружје и 15 куршуми од ист калибар.

Самиот новинар во описот акцентира дека бил уапсен „маж„ каде не е наведена неговата националност , додека од друга страна опишува дека ималрасправија со „Циган„. На овој натпис започнаа реакции од различни асоцијации и здруженија од ромскиот активизам во оваа земја. Каков епилог следува, сеуште не е познато.

 

Link: https://www.diariocronica.com.ar/noticias/2022/03/29/63521-detienen-a-un-hombre-con-revolver-ilegal-tras-discusion-con-un-gitano-por-la-venta-de-un-vehiculo

РДС: Мрежата за системски и трајни решенија за интеграција на ромите во општеството остро реагира на демогравскиот инжињеринг кои се прави со ПОПИСОТ 2021 година.

По објавените резултати од Пописот во Р.С.Македонија која резултиираше со бројки и показатели дека во државата покрај другите, Ромската заедница не е повеќе од 2,53% сеуште не стивнуваат.

Ромскиот Демократски Сојуз – РДС исто така реагира и воедно  се согласува со изнесените факти од страна на Мрежата за системски и трајни решенија во која членуваат 15 ромски НВО организации . Во реакцијата од страна на Мрежата се вели:

„Фактите говороат некои други бројки. Дека ние не сме 46.468 и дека не може да сме 10.000 лица помалку од 2002 година е апсурд невиден.

Друга лага со кои што сака Заводот за статистика да се амнестира е бројот на попишани лица со административна помош  132.260 или лица кои Заводот на статистика не ги попишал на лице место туку користел бази на државни институции.

Во оваа бројка ние тврдиме дека повеќе од 70000 се роми а тврдењата се засниваат на следните аргументи:

За време на пописот имаше најмал број попишувачи Роми;

За време на пописот ромските домаќинства некогаш и не се посетуваа;

За време на пописот дома се пополнуваа прашалници;

За време на пописот делот на етничка припадност беше пополнувана со турска, македонска и албнска;

За време на пописот намерно се оставени 132.260 лица за да се шпекулира која националност се истите.

И на карајот сомневања за горе наведеното ни буди изјавата на Директорот на заводот за статистика г-дин Апостол Симоски кој кажа дека етничката припадност е чувство што според нас подразбира можност за промена или можност за амнестирање за ваквите бројки кои излегле на ПОПИСОТ 2021.

Токму затоа ние ве уверуваме дека сме  повеќе од 100.000 жители или повеќе од 4.76% во Република Северна Македонија.„ Се вели во реакцијата од страна на Мрежата со која потполно се согласува и РДС.

 

Едно е сигурно. Од прикажаните бројки за бројноста на Ромската заедница во државата, Ромите се „ПОПАРЕНИ„. Ама што е најтрагично од тие „изгореници„ и „опекотини„ сега не не лечат ниту 1000 пластични хирурзи, а „лузните„ и „раните„ од ова попарување тек ќе бидат видливи и исто така „болни„.

Наздравје мои Роми со новите лузни!

Екслузивно: Интервју со ромски војници кои служат во Армијата на Украина на фронтот

Група ромски војници веќе две недели служат на првата линија на руско-украинската војна. Сите тие потекнуваат од ист град и сега, како и другите Роми во Украина, доброволно се пријавија да ја бранат својата земја.

„Стануваме во 4 или 5 часот наутро, секогаш кога е потребно. Има денови кога не спиеме“, вели еден ромски војник од Армијата на Украина во ова ексклузивно интервју за ТВ РОМЕА.

Според него, Ромите не се плашат на првата линија. „Што да се плашиме сега? Знаевме каде одиме. Главната работа е нашите семејства да бидат во ред“, изјави тој за ТВ ROMEA.

Овие војници не се единствените Роми кои ја бранат Украина. „Младите Роми отидоа да се борат во Донбас, Харков, Мариупол, Одеса или Керсон. Тие исто така го бранат Киев“, рече Мирослав Хорват, ромски активист од Ужхород, Украина, во претходно интервју за ТВ РОМЕА.

 

Link: http://www.romea.cz/en/news/world/exclusive-to-romea-tv-interview-with-romani-soldiers-serving-in-the-army-of-ukraine-at-the-front

 

Youtube:

 

Дури 60 проценти од битолските Роми немаат завршено основно образованиеРомската популација повеќе сака да користи социјална помош, отколку да се образова и да најде редовна работа. 60 проценти од Ромите немаат завршено основно училиште, а неоформеното образование е главната причина за невработеноста на оваа популација, која најчесто работи на црно, покажа истражувањето на невладината Пред плус, направено во ромската населба Баир во Битола. Голем дел го прифатиле тоа како нормална работа, затоа што сметаат дека ако користат социјална помош ќе можат да работата на црно и да обезбедат дополнителна егзистенција, вели Ремзи Медик, член на тимот во фондација „Преда плус“

Ромската популација  повеќе сака да користи социјална помош, отколку да се образова и да најде редовна работа. 60 проценти од Ромите немаат   завршено  основно училиште, а неоформеното образование е главната причина за невработеноста на оваа популација, која најчесто  работи на црно,  покажа истражувањето на невладината Пред плус,  направено  во ромската населба Баир во Битола.

Голем дел го прифатиле  тоа како нормална работа, затоа што сметаат дека ако користат социјална помош ќе можат да работата на црно и да обезбедат дополнителна егзистенција, вели Ремзи Медик,  член на тимот во фондација „Преда плус“

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 520 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот