Социјала

Дехран Муратов: Ако целиме кон еднакво и праведно општество, јас нема да сум бројка и процент

Ромите не се само Роми за 8-ми април, тие се Роми и утредента. Видовме изјави дека се ќе биде супер, но еве денеска, после четири дена Ромите веќе никој не ги спомнува. Дури нема ниту говор на омраза овие четири дена по меѓународниот ден на Ромите. Тоа е она што се вика бавен процес – изјави дека ќе има некаква стратегија, имплементација, вработување, изјави денеска во Утрински брифинг  Дехран Муратов од ЦИВИЛ.

Кај нас се постои на хартија. Ние така функционираме. Сите Закони постојат на хартија. Имаме убави Закони, но кога ќе дојдат за имплементација тие како да се заташкуваат, не се имплементираат толку бргу.

Зошто е тоа така… Имавме стратегија за Ромите до 2021. Сега имаме нова стратегија, која што ќе трае неколку години. Она што е интересно е што ние правиме стратегии и тие кога ќе заврши таа стратегија тука се завршува. Не е потребна нова стратегија, тука истата треба да продолжи. Ако имаме стратегија за вдомување, за вработување, и ако тој проблем се заврши, ние веќе треба да бараме нивно внесување во системот, а не да ги оставиме на улица и да се снаоѓаат како знаат и умеат, бидејќи тие повторно ќе станат терет на државата, додава Муратов.

 

Link: https://civilmedia.mk/muratov-ako-tselime-kon-ednakvo-i-pravedno-opshtestvo-jas-nema-da-sum-brojka-i-protsent/

 

Youtube:

Беким Мурати директор на Агенцијата за вработување АВРСМ: Во Оперативниот план првпат годинава се воведува квота за опфатеност на Роми

Со цел зголемување на можноста на Ромите за интеграција на пазарот на трудот во Оперативниот план првпат оваа година ќе се настојува да се постигне зголемување на опфатот на Роми во активните мерки за вработување и услуги со воведување на квота од 5 отсто за опфатеност на Роми, порача директорот на Агенцијата за вработување  Беким Мурати на неодамнешната тематска дискусија во Владата организирана од страна на Мрежата за системски и трајни решенија по повод 8 Април, Светскиот ден на Ромите.

Тој како позитивен пример го посочи учеството на Ромите во минатогодишниот Оперативен план. -Ромите покажаа интерес за учество во Оперативниот план за минатата година, па така 37 граѓани од ромска националност преку програмата Самовработување – Претриемништво добија финансиска поддршка од 5.000 евра и основаа сопствен бизнис. Ромите исто така беа застапени во мерките каде тие се целна категорија и кои водат до директно вработување како Субвенционирање на плати и Вработување и раст на правни субјекти преку кои се вработија 123 припадници на оваа заедница, нагласи Мурати. Во 2021 година, додаде, 9 706 Роми беа вклучени во услугите за Помош при барање на работа, Мотивациски обуки, Подготовка за вработување и работа, Професионална ориентација и кареиерно советување, Посредување при вработување,
Агенцијата за вработување е активно вклучена во многубројни активности кои целат кон поголема интеграција на Ромите на пазарот на трудот. АВРСМ соработува со граѓански организации кои работат во сферата на вработување на Ромите, со нив разменува податоци и реализира проекти и настани. Претставници на АВРСМ активно учествуваа и во проектот „Интеграција на Роми 2020“ и подготовка на „Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030“

Централен настан во Владата на РС Македонија поповод 8 Април во организација на Мрежата за системски и трајни решенија и Владата.

Со поставување на знамето на Ромите на јарбол пред зградата на Владата на Република Северна Македонија, интонирање на химната на ромскиот народ и свечен прием, денеска беше одбележан Меѓународниот ден на Ромите, 8-ми Април.

Во свечената сала на Владата, истакнати претставници на ромската заедница, меѓу кои координаторт на Мрежата за системиски и трајни решенија Зоран Димов кој  беше и модератор на настанот, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и Агим Нухиу, заменик-министерот за правда пратеничката Љатифе Шиковска, директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати. Во своите обраќања ги истакнаа заложбите за продолжување на стремежите за еднаквост и правичност на ромската заедница почитувајќи го веќе изградениот концепт „Едно општество за сите“.

Учесниците на денешниот настан ја потенцираа важноста на суштинските политики за унапредување на ромската заедница втемелени во усвоената Стратегија за инклузија на Ромите 2022-2030 година, како дел од јавните политики за изедначување на степенот на вклученост и интеграција на таа заедница во општеството.

На настанот, Мрежата за застапување за системски и трајни решенија за интеграција на Ромите, во која членуваат 15 ромски НВО организации, додели плакети на Роми од различни сфери на општествениот живот за исклучителен придонес во развојот на ромската заедница.

Воедно беше прочитана и Декларацијата од страна на смата Мрежа.

Во Куманово и Делчево свечени церемонии поповод 8-ми Април Меѓународниот ден на Ромите организирани од страна на Мрежата за системиски и трајни решенија

Во Домот на занаетчии во Куманово продолжи караванот кои го организира Мрежата за застапување за системски и трајни решенија за интеграција на Ромите во Република Северна Македонија под покровителство на Владата На Република Северна Македонија, поповод одбележување на Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април. На свечениот чин беа присутни Претседателот на Советот на општина Куманово Ивана Георгиевска, Државниот секретар во министерството за Правда Мухамед Точи. Ахмет Јашаровски од ДРОМ, Зоран Димов Координатор на Мрежата,, советници на градот Куманово  и граѓани од градот Куманово.

Беше интонирана македонската и ромската химна, беа одржани поздравни говори како и во продолжение беше емитуван документарниот филм за историјата на Ромите „Небо, Точак, Земја„ во продукција на СП БТР. Самиот филм остави длабок впечаток кај присутните. Истовремено и најмладите деца од кумановските основни училипта имаа своја мала приредба за значејнето на 8 Арил.

Караванот на Мрежата продолжи со своите активности и тоа во Делчево каде свои говори имаа градоначалникот на општината Горан Трајковски, Државниот секретар во министерството за Правда Мухамед Точи, Зекир Абдулов советник во општина Делчево, Аксел Аххмедовски Советник во Владата на РС Македонија,  Зоран Димов Координатор на Мрежата,и граѓани од градот Делчево.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 148 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата