Социјала

Во Куманово свечена церемонија поповод 8-ми Април Меѓународниот ден на Ромите

Во Домот на занаетчии во Куманово продолжи караванот кои го организира Мрежата за застапување за системски и трајни решенија за интеграција на Ромите во Република Северна Македонија под покровителство на Владата На Република Северна Македонија, поповод одбележување на Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април. На свечениот чин беа присутни Претседателот на Советот на општина Куманово Ивана Георгиевска, Државниот секретар во министерството за Правда Мухамед Точи. Ахмет Јашаровски од ДРОМ, Зоран Димов Координатор на Мрежата,, советници на градот Куманово  и граѓани од градот Куманово.

Беше интонирана македонската и ромската химна, беа одржани поздравни говори како и во продолжение беше емитуван документарниот филм за историјата на Ромите „Небо, Точак, Земја„ во продукција на СП БТР. Самиот филм остави далбок впеќаток кај присутните. Истовремено и најмладите деца од кумановските основни училипта имаа своја мала приредба за значејнето на 8 Арил.

Караванот на Мрежата продолжува со своите активности и тоа во Делчево и главниот настан на 8 Април во Скопје во Владата на РС Македонија.

Што значи Рамазанскиот пост?

Рамазан е месец на пост во целиот муслимански свет. Тој е еден душевен ибадет којшто на верникот му го зголемува трпението и му го зајакнува телото. Пропишан е втора година по хиџра. Во месецот Рамазан почнала објавата на Куранот, како патоказ и јасен доказ за човештвото.

Постот како институција бил пропишан и на поранешните народи пред Мухамеда а.с.. Познато е дека и Муса а.с. постел четириесет дена. Постот е воспитно исламско средство кое нè учи да се совладаме себеси и нашите зли наклоности, кај нас развива сомилост и дарежливост, нè учи да бидеме храбри и издржливи.

Дефиниција на постот гласи: Воздржување од јадење, пиење, пушење, интимен однос од пред зора па сè до заоѓање на сонцето, со цел постигнување на Аллахово задоволство и награда.

Должен е да пости секој возрасен, паметен, присутен муслиман, и муслиманка која е надвор од месечен циклус или крвавење после породување.

Во Штип свечена церемонија од страна на Мрежата за системски и трајни решенија поповод 8-ми Април Меѓународниот ден на Ромите

Во општинската сала во Штип на свечен начин започна караванот кои го организира Мрежата за застапување за системски и трајни решенија за интеграција на Ромите во Република Северна Македонија под покровителство на Владата На Република Северна Македонија, поповод одбележување на Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април. На свечениот чин беа присутни градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов, Зоран Димов Координатор на Мрежата, Ерол Адемов од здружение на мултиетничко општество за човекови права Штип, Шенај Османов член на Мрежата и други истакнати гости и граѓани од Штип.

На самиот вовед градоначалникот на Штип Јорданов се обрати пред присутните со напомена дека како локална самоуправа прават напори за издигање на повисоко ниво на прашањата со кои се засегнати Ромската заедница од овој град. Во продолжение беше емитуван документарниот филм за историјата на Ромите „Небо, Точак, Земја„ во продукција на СП БТР. Самиот филм остави далбок впеќаток кај присутните. За филмот говореше координаторот на Мрежата и воедно и сценарист на филмот Зоран Димов.

Исто така Шенај Османов ја прочита и декларацијата од страна на Мрежата .

Потоа се разви дискусија межу присутните во врска со трибината која беше насловена како „Ромите, вчера, денес и утре„. На крај од настанот беше организиран мал освежувачки коктел.

Караванот на Мрежата продолжува со своите активности и во следните три дена а тоа во Куманово, Делчево и главниот настан на 8 Април во Скопје во Владата на РС Македонија.

По повод 8-ми Април Меѓународниот ден на Ромите Мрежата за системски и трајни решенија во координација со Владата на Република Севрна Македонијаза организира серија настани низ 4 града во државата

Во пресрет на одбележување на Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април, Мрежата за застапување за системски и трајни решенија за интеграција на Ромите во Република Северна Македонија под покровителство на Владата На Република Северна Македонија од 5 до 8 Април 2022 година организира настани во четири града низ државата и тоа во Штип на 5 Април, Куманово 6 Април, на 7 Април во Делчево и на 8 Април во Скопје во Владата на Република Северна Македонија.

На сите настани свое присуство најавија и градоначалниците и други преставници на локалната самоуправа , како и преставници од Невладиниот сектор како и граѓани.

Покрај презентацијата за значењето на 8 Април во сите тие општини ќе има и дискусија на организираните трибини на тема „Ромите, вчера, денес и утре„ како и презентирање на документарниот филм за историјата на Ромите „Небо, Точак, Земја„ во продукција на СП БТР.

На главниот настан  во Скопје во Владата на Р.С.Македонија освен тематска дискусија со повеќе министери од владата на крајот ќе има и свечен чин, во доделување на плакети за особен придонес во Ромската заедница за неколку истакнати Роми, а плакетите ќе бидат доделени по иницијатива на Мрежата за застапување за системски и трајни решенија за интеграција на Ромите во Република Северна Македонија. Исто така ќе биде и прочитана и сипратена до јавноста и Декларацијата изготвена од страна на Мрежата.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 183 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата