Социјала

Некој од Ромите сеуште ја слават Василица, како дел од традиционални ромски празници

Во некои ромските семејства, Василица се слави со многу стари обичаи кои се вообичаени за Ромите, но и со многу локални обичаи кои се специфични за одредена област каде што живеат Роми.

Василица е еден од ромски традиционални празници, кој се слави на 14 јануари. Празникот е тесно поврзан со ромската Нова година, која се слави на 13 јануари и трае во наредните четири дена. На Василица се празнуваат народни обичаи според кои се внимава на гуската која се коли да биде свртена кон исток. Според легендата, на Ромите кои побегнале преку водата од нападот на напаѓачите, Бог им помогнал испраќајќи им гуски да ги спасат од давење. Затоа е вообичаено на овој ден да се колат живина, а не исклучиво гуски.

Македонија има нова Влада, ромските политички партии останаа пред излогот од слаткарницата само со прст в уста!

„Чичко ај една топка сладолед„ рече едно Ромче.

„Нема сладолед, заврши!„ рече слаткарот.

„Епа дај еден еклер, или тулумба„ побара Ромчето.

„Нема ни тоа, заврши се, не остана ништо, не гледаш дека ја чистам витрината од трошките со бурек„ рече чичко слаткар.

„Епа ај тогаш ако може тоа трошките од бурек те молам„ молежливо рече Ромчето

„ Ејјј што си досаден бе! Еве ај земи ги овие трошки и сиктер да те нема„ рече луто слаткарот

„Фалааааа многу„- рече Ромчето ги зема трошките и го снема надвор трчајќи низ улица и стигна до своето маало и на другарчињата им се пофали: „Брат лом го направив слаткарот, партали! Му ги земав за џабе трошките од бурек!„

Е токму таква е состојбата со Ромите и ромскиот политички блок по најновата распределба на министерски, заменик министерски места, директорски  функции и други повисоки позиции по најновиот состав на Владата.

Се и сешто има само Роми во првиот, и вториот ешалон – нигде!

Ете толку вреди ромскиот политички рејтинг како во оваа Влада предводена од СДСМ , а по се изгледа така ќе биде и во некоја друга предводена од ВМРО ДПМНЕ и другите.

Е затоа драги ромски политичари и лидери, фатете се во сериозни промени и прегрупирања во Вашите политички агенди ако сакате да бидете сериозен партнер на поголемите македонски и албански партии , затоа што со сегашната позиција СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, ДУИ или другите партии веднаш ве скенираат и ги препознаваат вашите вистински капацитети и вашата сила.

Да имавте вистинска стратегија па и доблест до сега ќе требаше да ги казните илјада пати вашите поголеми коалициони партнери, но сепак вие тоа не го сторивте и останавте доследни на тоа „трошките од бурек„. И продолжете со тоа Вашата активна ФБ политика. „Кучињата лаат, караванот врви„

 

.....продолжува

Демант за објавената лажна вест на на некои медиуми и портали во врска со натписот “Вахабистичка џамија се гради во Злокуќани без никаква дозвола”

Горенаведениот портал има објавено дека “се гради вахабистичка џамија, без благослов од Исламската верска заедница”, и дека “се работи за вахабистичка џамија која со верниците практикува радикален ислам кој не е одобрен од ИВЗ”, НИЕ КАТЕГОРИЧНО ГО НЕГИРАМЕ ОВОЈ ЕПИТЕТ, генерално е познато дека припаѓаме под “Ханефиски Месхеп”, за кој имаме официјална дозвола и одобрение од страна на муфтиството на ИВЗ-Скопје издадена на 06.06.2016 врз основа на член 32 од уставот на Муфтиството на ИВЗ-Скопје.

За истото во прилог ви доставуваме неколку официјални докази и документи кои го потврдуваат нашиот демант:

Официјален документ издаден од стран на Исламска Верска Заедница врз основа на член 32 од уставот на ИВЗ во СРМ, Муфтиство на ИВЗ-Скопје, со кој што се одобрува и согласува дека џематот од н. Злокуќани во општина Карпош, можат да ги извршуваат верските обреди т.е. клањање на намази (извршување на верски молитви) и други верски дејствија пропишани со изламските прописи.

Дополнително, порталот има објавено дека истата џамија е “дивоградба”, изјавуваме дека поседуваме имотен лист кој може да се провери во Агенција за катастар на недвижности на Република Северна Македонија.

Доколку демантот не се објави, согласно националните и меѓународните регулативи ќе поднесеме правни иницијативи за кривични дела против честа и угледот согласно Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, и ќе побараме одговорност за нанесена штета за честа и угледот на физичко и правно лице, согласно Законот за Граѓанска одговорност за навреда и клевета на Република Северна Македонија„ се вели во демантот од Џамијата Ихлас и одговорните лица

Успешно спроведена обука и доделени се седум нови сертификати за Педагошки помошници

Како заложба за поквалитетно образование на децата во основното образование  и успешно спроведени активности и потреба од педагошки асистенти во претходниот период, АВРСМ во претходно отворин повик за „Педагошки помошници„ спроведе обука во траење од 3 месеци (октомври, ноември и декември). Обуката беше финансиски подржана од АВРСМ. Таа се спроведуваше под здравствени протоколи и затоа од 30-тина пријавени кандидати обуката ја следеа осум кандидати. Провајдер и спроведувач на обуката беше ЗРДИЦМ од Скопје.

На 5 Јануари во ОУ Климент Охридски се спроведе и полагањето како и доделувањето на сетификати со звање „Педагошки помошници„ кој обуката и успешно положен испит се стекнаа седум кандидати.

Сега во периодот кој следува потребно е локалната самоуправа, поточно општините да покажат интерес за работно ангажирање на овие Педагошки асистенти во основните училишта кои гравитираат на нивна територија се со цел за поквалитетно образование на децата во основното образование.

Задачата на Педагошките помошници за ученици ќе обезбедат помош  при совладување на дел од наставниот план. Истовремено ќе имаат и задача за останување во училиштата на учениците кои се во ризик и ќе го поддржат поцесот на едукација на учениците од основните училишта во спроведувањето на наставните програми.  Воедно ќе работат и со родителите за подигнување на свеста за образование на нивните деца и овозможување услови за истото.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 174 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата