Социјала

Кога си во брак со некој што не е наш

Љубовта не познава граници, нација, боја на кожа - во идеален свет. Во реалноста љубовта може да надмине многу работи, но кога е бракот во прашање работите се многу покомплицирани. Самиот израз на мешан брак сугерира дека се случило нешто што, според традицијата или предрасудите, не одат заедно.

Гавро Никоиќ (55) потекнува од ромско семејство кое со генерации живее од музика. „Ми доаѓаа школски другари и другарки, бидејќи мајка ми им беше драга и со неа можеа да ја запалат првата цигара и да се напијат кафе без никој да ги брани. Така беше и тогаш“, рече Гавро.

„Но, некои од другарките доаѓаа и поради мене, бидејќи имаше меѓусебни симпатии и се  обидуваа да стапат во контакт со мене.

„Во еден момент ја сретнав мојата идна сопруга на Јадранот, на море. Таа дојде во ресторанот каде што свирев. Нашата врска започна и набргу потоа решивме да се венчаме. Наидовме на многу незадоволство од нашите семејства. Јас затоа што не е Ромка, а таа затоа што јас сум Ром. За мене, нејзините велеа дека нема да издржиме долго, дека сум со неа само формално, а моите се жалеа дека не е Ромка туку гаџованка, како што веќе велат моите за жените кои не се Ромки“.

Гавро Николиќ вели дека тој и неговата сопруга се развеле по 17 години брак. Ни ја кажа причината, но почитувајќи ја приватноста не сакаме да ја објавуваме. Само толку - не се работи за никакви предрасуди.

 

Link: https://www.dw.com/sr/kad-si-u-braku-s-nekim-ko-nije-na%C5%A1/a-60332594

 

Младиот уметник Ќазим Дурмиш ја подготвува својата прва самостојна изложба за 2022 во Migratie Museum Migration во Брисел

Младиот и истакнат уметник Ќазим Дурмиш кој живее и работи во Белгија преку социјалните мрежи ја најави својата прва самостојна изложба за 2022 година.

Тој ја најави својата прва самостојна изложба за 2022 година, која ке биде претставена во Migratie Museum Migration во Брисел оваа година од 7 Април до 27 Април 2022 година . На таа изложба ке има дела од последниве неколку години, а исто така ке има и дела од 2022 година кои се во фаза на создавање . Исто така тој најави дека ке биде претставена една слика по повод 8 Април Интернационалниот ден на Ромите .

Штип: Рустем од штипско со сопругата немаат каде да се капат, ниту пари да се прехранат и живеат во напуштена барака

Рустем и Шехерезад од штипска Лакавица до пред неколку години биле среќни и здрави, но денес се им е променето од корен. Живеат во напуштена баракa, гладуваат и здравјето не им е најдобро, тие се заедно 25 години, но животот им задал многу удари.

Ова семејство не било од секогаш во ваква систуација, тие работеле во странство. Но имале и своја фирма за водоводни елементи. Бизнис кој не му одел а сега нема ниту 1800 денари да ја затвори фирмата со која би се пријавил за примања. Немат ниту бања. – Јас ќе се искапам во бањата на неколку пати во годината, но сопругата само се брише со влажна марамица, повеќе од тоа неможеме.

– Бевме во Црна Гора како сезонски работници но ги намалија платите ситауцијата стана лоша и дојдовме овде, но од тогаш ништо не ни оди во животот, вели Рустем

– Се задолжувам во локалната продавница, земаме некој минимални примања кој едвај стигаат за памперси и лекови.

– Покрај ситуацијата во која сме уште поголема болка ми е синот, кој направи голема грешка во животот и сега е во дом за малолетници.

– Лошото друштво си го направи своето тој подлегна на некој игри, но се надевам за скоро дека ќе излезе и ќе биде покрај мене.

 

Линк: https://klaster.mk/%d1%80%d1%83%d1%81%d1%82%d0%b5%d0%bc-%d0%be%d0%b4-%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bf%d1%81%d0%ba%d0%be-%d1%81%d0%be-%d1%81%d0%be%d0%bf%d1%80%d1%83%d0%b3%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b5%d0%bc%d0%b0%d0%b0%d1%82/?fbclid=IwAR2TP5jOtH2t1t0m20Y0qMcmtdGWjkFfBCJY-S-AkBu5K1YqmQ6WzdR4Yvw

Отворен повик за пристигање на филмски остварувања и учество на овогодишниот јубилеен 20-ти по ред Златно Тркало 2022,

Како и секоја година така и оваа организаторт СП БТР Продукција во рамките на организирање и одржување на овој пат 20-от по ред Филмски Фестивал „Златно Тркало„ го најави конкурсот за учество на филмскиот фестивал. Филмовите може да бидат од различен карактер, долгометражни, краткометражни, документарни и др  кои се тесно поврзани со ромска тематика.

Конкурсот е отворен до крајот на февруари 2022.

За пристап и пополнување на апликацијата притиснете ОВДЕ

Аплликацијата може да ја испратите на е маил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 28.02.2022 година

 

Со почит

СП БТР

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 187 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата