Социјала

Грција: Две ромски деца загинаа во пожар во куќа во Каматер, Атика

Две деца загинаа во пожар во куќа во Каматер, Атика. Според „Катимерини“, две момчиња Роми, на возраст од 12 и 13 години, биле извлечени од запалената куќа од пожарникарите.

Нивниот двегодишен брат се здобил со тешки изгореници. И пренесен е во Детската болница и се бори за живот.

Трагедијата се случи вчера наутро, кога пожарникарите во двоспратната куќа ги пронајдоа двете безживотни тела на улицата Итакис. Во гаснење на пожарот учествуваа четири возила и 15  пожарникари.

 

Link: https://www.ysterografonews.gr/ellada/duo-paidia-ehasan-ti-zoi-tous-apo-fotia-sto-kamatero

29 години БТР Национал

На 13 Декември 1992 година за прв пат во медиумскиот етер во Р.Македонија беше емитуван сигналот на БТР –Национал. Најпрво како радио, за потоа да биде и телевизиски со своја 24 часовна програма.

Всушност тоа беше и прв ромски медиум во светот со своја целодневна програма. Години потоа овој медиум прерасна во препознатлива ТВ кукќа со своја сопствена програма од секој калибар – информативен културен, забавен, музички и образовен.

Во тој период ТВ БТР- Национал се ештаблираше меѓу водечките медиуми во државата, и по својата гледаност, која и покрај тоа дека беше ромска, беше со гледаност од сите националности.

Една деценија подоцна ТВ БТР –Национал отиде едно ниво погоре и беше првиот Ромски медиум на сателит со своја сопствена програма

За сите овие години ТВ БТР-Национал беше автор на многу програмски пакети и илјадници часови на ТВ, документарни и филмски програми од сите профили.

И ден денес ТВ БТР остави неизбришливи траги кај публиката кој и ден денешен со носталгија се сеќаваат на тој период. Најзаслужен за тој постигнат успех покрај 100 – те вработени кој продефилираа низ таа телевизија е нејзиниот основател и сопственик Зоран Димов, кој по чиста коинциденција исто така и 13 декември е негов роденден.
Среќен роденден Зоран Димов и ТВ БТР- Национал!

По прикажување на „Злосториникот„ во Домот на АРМ режисерот Даниел Петровски вели: „ Од една страна горд на вчерашното достигнување од друга страна малку и разочаран„

По преставата „Злосторникот„  во режија на Даниел Петровски, тој даде и свое видување на самата престава. Меѓудругото тој напомена:

-Деновиве, за прв пат и за жал можеби и последен пат за 2021 година, се прикажа ромска театарска претстава во Скопје. Од една страна горд на вчерашното достигнување од друга страна малку и разочаран. Горд поради тоа што успеавме да ја поставиме претставата „Злосторникот“ на театарска сцена, за разлика од лани, кога претставата беше поставена во надворешни услови користејќи реален екстериер. Горд сум на моите актери кои успеаа за многу кратко време да создадат претстава за која самите себеси се направија горди. Аплауз за нив. Горд сум на нашата публика која ни даде подршка и ја изгледа претставата до крај и со голема сериозност чекаше реплика плус затоа што секој се најде како лик во претставата. Во ниту еден случај нема да кажам дека направивме одлична претстава, но ќе кажам дека направивме добра и квалитетна претстава. Но....

Разочаран сум од некои други работи за кои се прашувам сеуште зошто?? До кога нашите актери ќе вежбаат во неадекватни услуви (кафетерии, кафани, флиперници, училници па би рекол и на улица). Тие што го познаваат театарот, знаат дека претстава се работи во театар во адекватен и реален простор за движење за да можат актерите на примиерата да блескаат а режисерот да ги нацрта нивните движења. Ние во салата влеговме еден ден пред премиерата!!! Па на ова, постарата генерација ќе каже: “И ние вежбавме во исти услови“. Да, вежбавте во исти услови и не направивте ништо сега да е подобро, да ние вежбаме во подобри услови!!! Разочаран сум, што оваа година, имавме само една претстава која е поставена на сцена. Луѓе, Роми, државо, САМО ЕДНА ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА РОМСКА ВО 2021 ГОДИНА!!! Не е за срамота, туку е за плачење!!! Разочан сум и од самите наши професионални и аматерски актери кои не можат да се договорат меѓу себе, дека театарот е прво бит, љубов и уметност а после комерција!!

Разочаран сум што само ни давате аплауз без да ни помогнете да го решиме проблемот со немањето на ромски национален театар!!! Разочаран сум што ја гледате културата како неважен приоритет во Вашите агенди и на крај разочаран сум сум што сепак не читате и гледате и слушате за нашите маки, а сепак ни се смеете и ни викате дека сме неважни.

 

Реакција на Иницијатива на жени од Шуто Оризари: „Дали породувањето во нашата Држава - Ромките го плаќаат со живот?!?“

Здружението Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари ја истакнува својата загриженост во врска со последниот случај за кој беше запознаена јавноста, каде почина 26 годишна родилка. Во период од пет месеци во ова родилиште може да се забележи веќе втор случај на почината родилка за време на породување.

Министерство за здравство во самото соопштение наведува дека констатирале со увид во извештаите во електронската база Мој термин дека станува збор за недоволно контролирана бременост, со само една претходно контрола во 30-та недела од бременоста, кога првпат е утврдено присуство на висок притисок.

Ваквите наводи во соопштението од Министерството за здравство се целосно спротивни на нашите информации. Имено, според нашите информации таа редовно ја контролирала бременоста кај матичен гинеколог и тоа не само со еден преглед, туку со седум прегледи од 30-тата гестациска недела до моментот на породувањето..

Ваквите случаеви и контрадикторните информации оставаат простор за сомнежи за третманот, приемот и породувањето во СБГА Чаир.

Ги повикуваме Министерството за здравство, Државниот здравствен и санитарен инспекторат и надлежните институции да спроведат детална истрага за случајот со починатата родилка во СБГА Чаир.

Исто така, го повикуваме Министерството за здравство да спроведе едукации заедно со патронажните служби за важноста на антенаталните прегледи во репродуктивен период.

Воедно ги повикуваме и жените Ромки редовно да ја контролираат својата бременост, односно редовно да посетуваат матичен гинеколог и редовно да ги извршуваат гинеколошките прегледи.

Здружението Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари изразува длабоко сочуство до семејството и најблиските на починатата родилка.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 187 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата