Социјала

Започува пописот во Хрватска: Важно е Ромите да го зборуваат својот јазик и националност

Во Хрватска од 13 септември до 17 октомври ќе се одржи попис на населението и домаќинствата. Исто така, ќе биде можност да се погледне вистинската состојба и да се добијат статистички податоци кога станува збор за ромската популација во таа земја.

Ромските активисти во Хрватска ги повикуваат Ромите да ја наведат нивната националност, како и нивниот мајчин јазик на листата.

Тие ја истакнаат важноста од пописот и прогласувањето на националноста на која тие навистина припаѓаат, со цел да се добијат најточни статистички податоци.

На овој начин, ќе има појасен и подобар увид во моменталната ситуација кога станува збор за Ромите во Хрватска.

Инаку, за разлика од Хрватска, годинава нема да има попис во Босна и Херцеговина, а под знак прашалник е дали ќе има во 2023 година, кога истекува десетгодишниот период од претходниот попис.

Затоа, ќе чекаме свежи податоци за ромската популација во БиХ.Во тек е и посиот во Република Северна Маедонија како и во Бугарија.

 

 

Link: https://www.portal-udar.net/u-hrvatskoj-krece-popis-stanovnistva-vazno-je-da-romi-kazu-svoj-jezik-i-nacionalnost/

„Каша попара„ и „Луд, збуњен, нормалан„ од коалицирање за идниот градоначалник на Шуто Оризари

На овие локални избори изгледа во Шуто Оризари че биде како онаа серија „Луд, Збуњен, Нормалан„. Кој е лудиот, а кој збунетиот и на крај кој ќе биде нормалниот  изгледа никој не е сигурен и незнае.

Кандидатите за градоначалниката функција иако неофицијално веќе се надѕираат. Асан Ферат е дефинтивно предложен од СДСМ. Логично е дека сите коалициони партнери на СДСМ треба да застанат позади тој кандидат. Но не баш така! Довчерашниот „пулен„ на СДСМ и актуелен градоначалник на Шуто Оризари Курто Дудуш - Куцо, затоа што не е „по мерак„ на СДСМ си побара поинаква алтернатива. Да се кандидира од ромскиот политички блок. Изборот падна на ПЦЕР на Самка Ибраимовски. Лобито на Куцо помеѓу Ромите од Шутка е доволно така да неофицијално Куцо е кандидат за градоначалник на Ш.Оризари од ПЦЕР! А ПЦЕР е коалиционен партнер на СДСМ? Ама затоа внатрепартискиот врв во ПЦЕР донел одлука да застанат позади Куцо, а не позади Асан Ферат. . Ова е очигледно вртење на „грб„ на СДСМ, но само за во Шутка. А надвор од Шутка дали ќе му помага на СДСМ сеуште не е јасно.

Втора „каша попара„испаѓа со кандидатот од партијата РОМ - Тефик Махмут, РОМ е коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ  и логично е да му дадат подршка на Тефик. Но од ВМРО тоа го демантираа!

Третата „каша попара„ е кандидатот Геге Демировски. Е него ќе го подржел Шабан Салију - ДСР. А ДСР е исто во коалиција со ВМРО -ДПМНЕ. Тука ВМРО сеуште не се изјаснил дали ќе го подржат Геге.

Значи дека во Шутка доколку остане оваа листа ќе има парадокси. СДСМ и неговите коалициони партнери ќе се судрат меѓу себе во кандидатурите.

Исто „масло го прават и ромските партнери што коалицираат со ВМРО - ДПМНЕ.

А исто се поставува прашање кој кандидат ќе поддржат и дел од ромскиот политички блок како што се партиите на Габриел Бајрам, Неждет Мустафа, Аксел Ахмедовски, Миљазим Сакипов ... Дел од нив се со власта а дел со опозицијата.

Едно е сигурно,, дека после локалните избори ќе има и „бракоразводни парници„ помеѓу големите македонски партии СДСМ и ВМРО -ДПМНЕ со голем дел од ромскиот политички блок..

Во оваа „политичка оргија„ не се знае ни кој кого, ни со кого...Баш типично за „„Луд, Збуњен, Нормалан„.

И да не забравам...а тек што ќе биде со советниките листи..можете само да си претпоставите.. Во Шутка претпоставувам дека на тие советнички листи „кајмакот„ ќе го собере албанскиот политички блок.

Потврдени 14 жртви во пожарот во модуларната болница во Тетово

Форензичарите цела ноќ вршеа увид во целосно уништената болница трагајќи по тела и одговори на прашањето како избувна пожарот. Земени се изјави од медицинскиот персонал, ќе се прегледуваат снимките од безбедносните камери

Четиринаесет лица го загубија животот во катастрофалниот пожар кој вчеравечер ја зафати модуларната болница во Тетово во која беа хоспитализирани 24 пациенти заболени од коронавирус. Сите настрадани се пациенти а меѓу повредените има и медцински персонал.

Обвинителството потврди дека тие се извлечени од уништената болница и предадени на Институтот за судска медицина заради идентификација.

"Ромската тага е преголема„: Семејството Фамилиќ од Шид со песна замина за Јасеновац во смрт и историја

Околу 97 членови на ромското семејство Фамилиќ беа однесени во озогласениот логор Јасеновац. Гаврило Винчиќ (95) едиствен жив сведок од ова воено злосторство кј се одигра на 17 јуни 1942  година кога усташите дојдоа во Моловин и земаа 97 членови од ромско семејството Дамилиќ.

Семејството за сето време ја пееше „Ромската тага е преголема„ додека ги водеа кон железничката станица во Шид, за потоа да бидат транспортирани во конц логорот Јасеновац.

- Ниту еден не се врати - со тажен глас напомена Гаврило. Во селото Моловин ниту еден веќе не живее од ова семејство затоа што Гаврило уште во 1962 година се одсели.

Link: https://www.telegraf.rs/zanimljivosti/zabavnik/3384215-ciganska-je-tuga-pregolema-porodica-familic-s-pesmom-otisla-u-jasenovac-smrt-i-istoriju

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 131 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата