Социјала

За посветена координацијa и добар почеток на пописот, дел од невладниот сектор на средба со Министерот за Правда Бојан Маричиќ, зам. министерот Агим Нухиу и државниот секретар Мухамед Точи

Пред почетокот на најважната статистичка операција за државата- пописот, од големо значење е граѓаните да бидат непристрасно, квалитетно и веродостојно информирани за целиот процес на спроведување, но уште повеќе да бидат едуцирани за тоа зошто пописот е важен.

По тој повод на во Петок на 3 септември Кабинетот на Министерот за Правда Бојан Маричиќ придружен од зам.министерот Агим Нухиу како и државниот секретар Мухамед Точи имаа средба со дел од ромскиот НВО сектор. Во име на НВО секторит од Мрежата  за системски и трајни решенија беа Самет Скендери од ИнСоК и Зоран Димов од РДИЦМ и Иса Емини од ХДЗР Месечина - Гостивар. Во име на Ромалитико присутен беше Елвис Шакири. Истовремено на средбата беа и актуелната пратенчка во Собранието на РСМ Љатифа Шиковска и Елвис Мемети советник за инклузија на Ромите при Владата на РСМ.

Од учесниците на оваа средба се очекува да дадат свој придонес кон подигнување на свеста на граѓаните за значењето на пописот и за негово успешно спроведување.

Закучокот од оваа средба е сите страни да бидат посветени за координација на секоја активност за добар почеток на пописот.

Почина Др Бајрам Берат првиот воен доктор Ром и еден од основоположниците на ромската политика во Македонија

На своја 64 годишна возраст почина еден од основоположниците на Ромската политика и ромското движење во Македонија, Др Бајрам Берат.
Др Бајрам Берат беше првиот доктор Ром и првиот воен Доктор Ром,
Од 1997 до 1999 година е претседател на првата ромска политичка партија во Македонија – ПЦЕР.
Од 2006 година е претседател на политичката партија за интеграција на Ромите-ПИР. Бил член на Советот за меѓунационални односи во Собранието на Република Македонија. Од 2001 до 2002 година е советник на министерот за внатрешни работи на Република Македонија. Од 2007 до 2010 година е виш полициски советник во Биро за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Во 2010 година е именуван за Заменик национален координатор за гранично управување при Владата на Република Македонија. Беше еден од најмоќните оратори и интелектуалец.

Дали за Ромите од Старото нервно одделение во Штип ќе се најде некое решение?

Во старото нервно одделение и околината во Штип сместени се 35 ромски семејства кој живеат во крајни мизрени услови. Во периодот кога времето е добро како што велат Ромите од тоа место некако се снаоѓаат, но проблемите се кога веќе настапува зимскиот период.

Соговорниците велат дека многу тешко се живее во такви услови. Пробелм се и децата. Една самохрана мајка на 3 малолетни деца чија просториа пред извесно време беше опожарена од засега непознати лица вели дека се бри самата за преживување на секој ден

„Сопругот  е на издржување на затворска казна. Јас самата се снаоѓам како знам и умеам со три мали деца. Единствен приход ми е помошта за трето дете. Но тоа воопшто не е доволно. Слични изјави имаат и останатите Роми. Од општината велат дека прават напори и изнаоѓање на решенија за нивно сместување и згрижување, Но сето тоа може да се случи после локалните избори. Дотогаш овие Роми ќе бидат на маргините од општеството.

Сараево: Десетгодишната Мерима и по 10 дена сеуште не е пронајдена

Десетгодишното девојче Мерима Мучишта од Сараево која исчезна пред десетина дена, сеуште не е пронајдена.

Тоа го потврдуваат и од полицијата и од нејзиното семејство кои исчезнувањето го пријавиле на 22 август околи 18 часот.

Како што рекоа таа тој ден заминала до продавница во населбата Враца и потоа и се губи секоја трага.

„Никогаш претхпдно не се одалечила од домот и не беше пробелматично дете. Само училиште и дома. Забележавме дека ја нема извесно време и трганвме да ја барамо по нашите познаници и блиски семејства, но неа ја немаше. „ напомена нејзиниот татко Хајрула. Инаку се работи за семејство чиј дом изгорел неодамна лоциран на улицата Новопазарска.Потрагата продолжува.

 

Link: https://www.portal-udar.net/potvrdjeno-za-udar-desetogodisnja-merima-jos-uvijek-nije-pronadjena/

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 427 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата