Социјала

Македонија ќе биде ставена на листата на безбедни земји чии граѓани можат да патуваат во ЕУ

Европската Унија се согласи да ја додаде Македонија на својата листа на безбедни земји, со што на македонските државјани ќе им биде дозволено да патуваат во 27-те членки на блокот и од несуштински причини, изјавија дипломатски извори од Брисел.

Освен Македонија, на проширената листа ќе се најдат и САД, Србија, Албанија, Либан и Тајван. Одлуката ќе стапи на сила во наредните денови.

Досега оваа листа ја сочинуваа само Австралија, Израел, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Сингапур, Јужна Кореја и Тајланд.

Секоја членка на Унијата има право да побара негативен ПЦР тест или карантин за патниците од безбедните земји, односно земји во кои што има мал ризик од зараза со коронавирус.

Потпишано: На здравје ковид пасош! Од 1-ви јули ќе (ви) треба за влегување во ЕУ!?

Шефовите на трите водечки институции на Европската Унија, деновиве со конечното потпишување на финалната регулатива, го официјализираа користењето на ковид пасошот, што овозможува слободно движење во рамките на унијата за време на пандемијата.

На церемонијата на потпишување присуствуваа претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, Советот на Европската унија Антонио Коста и Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Целта на дигиталниот документ е да го олесни безбедното и слободното движење во рамките на ЕУ за време на пандемијата со ковид-19. Сите Европејани имаат право на слободно движење, но сертификатот ќе го олесни движењето со ослободување на имателите на овој документ од ограничувањата како што е карантин. Сертификатот ( потврдата ) ќе биде достапен во дигитална и хартиена форма и ќе се издава на сите официјални јазици на ЕУ. Тоа ќе обезбеди информациите за корисникот како што се прележан ковид, вакцинација или тестирање на коронавирус. Сертификатот нема да се наплаќа. Регулативата стапува на сила на 1 јули 2021 година и останува на сила 12 месеци.

Здравствените власти во С. Македонија добија наредба да обезбедат третман за деца корисници на дроги

Основниот граѓански суд 2 Скопје пресудил дека Министерството за здравство извршило дискриминација врз малолетни Роми кои имаат проблеми со зависност од дроги, со тоа што не им обезбедило третман или рехабилитација, информираат од Европскиот центар за правата на ромите (ЕЦПР). Истовремено, министерството, како што додаваат, добило наредба да усвои конкретна програма за третман на деца корисници на дроги во рок од три месеци по донесувањето на пресудата во судската постапка покрената од ЕЦПР во име на ромски деца на кои им било негирано правото на еднаков пристап до здравствена заштита. Инаку, тужбата беше поднесена од страна на ЕЦПР во април минатата година, по собирањето докази од локалниот сервисен центар на организацијата ХОПС, како и од Народниот правобранител на РСМ, кој подоцна се појави како сведок во постапката, објаснуваат од ЕЦПР.

БиХ: Приказната за Индира Бајрамовиќ, Ромката која е глас и спас за својот народ

Да бидеш жена во држава каде рамноправноста е само мртва буква на хартија е навистина тешко, Ова го каѓа Индира Бајрамовиќ, жена, Ромка и борец за човекови права. Инаку Индира беше и прва Ромка што се кандидраше на локалните избори . Сакаше да покаже дека и нејзиниот народ има преставник кои се способни да дадат свој придонес за развој на заедницата  каде што живее. Огорчена е дека на државно ниво националните малцинства немаат можност да се кандидираат. Добитник е на безборј награди и признанија каде посебно ја издвојува Наградата од ЕУ за интеграција на Ромите и Ромките за Западен Балкан  и Турција. Поради потенцијалот што го гледа кај ромската жена Индира се залага посебно во полето на образованието кај Ромката. „ Кога таа е образована , кога ќе има свое работно место, кога економски ќе биде независна тѕогаш можеме да речеме дека го живее својот живот„ напомена Индира Бајрамовиќ

 

Link: https://www.federalna.ba/prica-o-indiri-bajramovic-romkinji-koja-je-glas-i-spas-svog-naroda-x3dr6

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 100 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата