Социјала

Фудбалските хулигани и неонацистите ги обвинуваат сите Роми за насилно злосторство и маршираа низ чешкиот град, беше присутна и полицијата

Околу 150 фудбалски хулигани и неонацисти маршираа во саботата на 5 јуни низ чешкиот град Храдец Кралове во анти-ромски протести свикана поради неколку конфликти што се појавија таму во кои наводно биле вклучени жители Роми. Полицијата веќе привела тројца осомничени напаѓачи во врска со тие настани, од кои двајца им е одреден притвор.

И покрај тоа, неонацистите се закануваат дека ќе ги продолжат своите протести доколку полицијата не стане поактивна. Фудбалските хулигани и неонацисти се собраа во саботата попладне на железничката станица во Храдец Кралове, од каде тргнаа на својот марш низ градот околу 16:30 часот.

Демонстрантите пешачеа од главната железничка станица низ пешачката зона до културниот центар Адалбертинум, каде што се случија спорните судири. Екстремистите беа надгледувани цело време од десетици полицајци за немири.

За време на нивниот марш на омраза, екстремистите извикуваа пароли како „Стоп за црниот расизам“, „Чесите доаѓаат со нас“ и „Ние сме тие овде дома“. Покрај другите расистички пароли, тие ги скандираа и имињата на жртвите од спорниот напад.

 

Link: http://www.romea.cz/en/news/czech/football-hooligans-and-neo-nazis-blame-all-roma-for-violent-crime-and-march-through-czech-town-riot-police-deployed

Берлински Ѕид во Ге Ге!

Во македонската географија на Македонија (Северна), но и пошироките меридијани, Ромите вербално се обврзани да бидат заедно, но во пракса тие постојано работат, свесно или без неа, за поделба и раскол.

Нашиот балкански менталитет, се рефлектираат во нашето општество, но и во политиката. Овој одраз не прави непријатели, не отуѓува , не скарува.

Што се случува сега веќе некое време во нашиот простор? Тие што се занимаваат со политика, се со „калкулатори“ во џебовите, пред изборите, било кои да се тие.

Но дали се свесни дека со такво однесување си препишуваат и - пропаст! Да ставиш во „сенка„ луѓе и да ги одвоиш е јасен сигнал дека неќеш ни да ги гледаш! А утре кога ќе дојдат изборите, и од тие луѓе кој не сакаш ниту да ги гледаш ќе го бараш нивниот глас!

Со кое лице ќе дојде повторно во тоа место и ќе ги убедува дека ако гласаат за него ќе им го направи местото за живеење уште подобро! Како? Со подигање уште „берлински ѕидови„?

Лицемерије до даска!  Наместо да им понуди инфраструктурни решенија од типот, асфалтирање на патиштата, безбедност во сообраќајот, лежечки полицајци, обележување на пешачка зона, премин и слично тој се решил на Ѕид од 3 метри!

А капак на се тука се и коментарите на нивните први соседи - неРоми! Човек да се згрози од злобата која вирее и испливува од нив. Тоа не се соседи и луѓе! Тоа се простаци и ѕверови! Се декларираат како луѓем живеат во згради и стамбени објекти, ама со коментарите, како да живеат во дивина - пустелија!

И власта и опозицијата добро знае дека во мултикултурно општество како нашето, проблемите не се решаваат со кревање на ѕидови. Поделбите, омразата, сегрегацијата, дискриминацијата… не се дел од Стратегијата за едно/еднакво општество за сите, напротив. Нашето општество треба да ги руши меѓуетничките ѕидови, наместо да гради нови! Макар од првичниот три метра сега да стане 1.75. Ѕид си е ѕид!

Во ромскот дел на населбата Даме Груев се подигаат ѕидови високи три метри

Пратеничката  во собранието на РС Македонија Љатифа Шиковска оствари средба со граѓаните Роми кои живеат во населба Геге во општина Ѓорче Петров. Се разговараше за моменталниот проблем со кои се соочуваат во однос на подигање на sидови пред нивните живеалишта во висина од околу 3 м.. Потоа се разговараше и со  Градоначалникот на општината Александар Наумовски, кој кажа дека sидовите ќе се подигнат поради безбедност. Но за одредена безбедност постојат и други решенија а не подигање на sидови. За вторник предвидена е средба со Градоначалникот и преставници од жителите на Геге, се со цел да се најде соодветно решение.

Хрватска - Ријека: Проектот „Ринклузија„ со музика ги разбиваат предрасудите кон Ромите

Во Ријека се одржа концерт поповод успешната реализациј од првата фаза на проектот „Ринлузија„ кој започна во јули минатата година, а ги собра децата и младите заинтересирани за да научат да свират разни инструменти.

Вој проект ги вклучи Ромите кому и беше дадена бесплатна неформална музичка едукација се со цел да се мотивира креативноста на психофизичкиот развој за активно вклучување во општествениот и културен живот на заедницата во која што живеат.

Целата на проектот е музичко творештво кое се темели на ромска фузија од ромска тардиционална музика со одредни  музички правци како што се Хип Хоп. Рок и други стилови.

Посетителите учеа да свират на тапани, бас гитара, тарабуки и други ударни инструменти.

 

 

Link: https://www.portal-udar.net/projekat-rinkluzija-u-rijeci-muzikom-razbija-predrasude-prema-romima/

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 91 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата