Социјала

М-р. Мухамед Точи назначен за државен секретар во Министерството за Правда

Долгогодишниот ромски активист и почитуван интелектуалец кој прозилегува од Ромската заедница, започна да работи како државен секретар во Министерството за правда. Инаку  м-р. Мухамед Точи магистрираше  уште во 2014 година на тема „Правата на малцинствата во рамките на Европа со посебен аспект кон Ромската етничка заедница“.

Тој е и долгогодишен активист на граѓанското општество, лидер на ХДЗР „Месечина“ Оваа информација исто така и на својот ФБ профил ја објави и самиот Точи каде меѓудругото е напоменато: „Ја изразувам мојата благодарност, до сите вас, надевајќи се дека нашата соработка, поддршка и пријателство ќе продолжи во иднина, заради постигнувањето на заедничката цел ЕДНАКВО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ!„

Ситуацијата во Храдец Кралове е напната. Младите Роми по нападот завршиле со скршена вилица, според полицијата, нападот бил само прекршок

Во Храдец Кралове, ситуацијата меѓу Ромите и мнозинството останува напната. Како што откри ромската интернет телевизија РОМЕА ТВ, по два насилни инциденти, кои според полицијата стојат тројца млади Роми, имало повеќе вербални и физички напади против локални Роми. Една од жртвите има сериозни повреди на лицето и сепак со неговиот случај се постапува само како прекршок, покрај тоа, му беше одбиено правото да поднесе кривична пријава. Ромите од Храдец Кралове го осудува секое насилство, ги опишува околностите на инцидентот зад кој стојат тројца млади Роми и исто така фактот дека повеќе од порано, тие сега се соочуваат со вербални навреди и напади. Според нив, полицијата ги минимизира овие случаи. Тие исто така истакнуваат дека видеото објавено од полицијата во кое трага по напаѓачите е изобличено и стои и зад влошената состојба во Храдец Кралове. На 5 јуни се одржа анти-ромска демонстрација на фудбалски хулигани и неонацисти во Храдец Кралове. Во исто време, според наодите и благодарение на Ромите, полицијата фатила млади момчиња Роми кои физички ги нападнале мажите на клупата. Нападот беше прикажан во медиумите како неразумен и неиспровоциран. Сепак, според очевидците, човекот расистички ги навредувал  Ромите.

 

Link: http://www.romea.cz/cz/zpravodajstvi/exkluzivni-reportaz-situace-v-hradci-kralove-je-napjata.mlady-rom-skoncil-po-napadeni-s-prerazenou-celisti-podle-policie

Сојузот на Ромите и по 6-от Конгрес го потврди својот рејтинг дека ќе биде еден од главните политички фактори во државата

Во саботата на 12 јуни се оддржа 6-от Конгрес на партијата Сојуз на Ромите од Македонија во Хотел Александар Палас. Како што бeше најавено Конгресот беше под мотото,,Визионерство за Ромите” План и платформа за унапредување на Ромите во Северна Македонија. На Конгресот присуствуваа членови и симпатизери на партијата Сојуз на Ромите од Македонија  високи гости членови од Владата на РС Македонија, Вицепремиерот Љупчо Николовски, министерот за здравство Венко Филипче,соработници и претставници од политичката фела. На конгресот беше промовиран видео запис за животот и делото долгогдишниот лидер на РСМ и пратеник Амди Бајрам на  изминатите години како активен политички субјект. Пред присутните се обрати покрај другите и Претседателот на партијата Сојуз на Ромите Габриел Бајрам ги престави дел од заложбите на партијата на која ќе се фокусира во иднина. Впечаток е дека СРМ ќе биде и понатаму еден од водечките ромски политички субјекти кои достојно ќе ја преставува Ромската заедница во нашата држава.

Каракачанов осуден за навреди кон бугарските Роми

Врховниот Управен суд за дискриминација во Бугарија го осуди Красимир Каракачанов за изјавата против Ромите на 8 јануари 2019 година во селото Војводиново - Пловдив објави бугарскиот Хелсиншки комитет, објавуваат бугарските медиуми.

„Циганите во Бугарија станаа крајно безобразни. Пред неколку години тие претепаа полицаец, пред два дена ја тепаа војската. Толеранцијата на бугарското општество истекнува„ Тоа е поврзано со случајот во Војводиново, кога двајца Роми нападнале Бугарин од истото село. Напаѓачите беа идентификувани и подоцна осудени.

Говорт на Каракачанов имаше непосредна реакција во голем дел од ромската заедница. Според судот од особено значење е фактот дека изјавите на Каракачанов беа широко распостранети во медиумите , како и фактот дека тој не ги критикувал конкретните извршители на злосторството , туку зборувал за целата етничка група.

 

https://www.expres.mk/krakachanov-osuden-navreda-na-ciganite-vo-bugarija/

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 100 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата